22.05.2017 (Форум)
8. САРАЕВО БИЗНИС ФОРУМ- 22-23.05.2017 САРАЕВО, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

23.05.2017 (Семинар)
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ НАСПРОТИ ДЕТЕКТИРАНИТЕ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР

25.05.2017 (Тренинг обука)
Советување на тема: Антистрес тренинг за ефикасно управување со стрес на работното место (стрес менаџмент стратегии и техники)

29.05.2017 (Семинар)
ВИДОВИ ДОКАЗИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА

30.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОДУКТИВНОСТА НА ВРАБОТЕНИТЕ

30.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

31.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: RBT-RISK BASED THINKING - УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ

31.05.2017 (Семинар)
MUSIC & MANAGEMENT - Live Piano performance -

01.06.2017 (Семинар)
АНАЛИЗА НА СТРЕСОГЕНИТЕ ФАКТОРИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА И СИНДРОМОТ НА СОГОРУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

06.06.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА СО ПРИМЕНА НА EXCEL

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

07.06.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

19.09.2017 (Конгрес)
10. Светски Коморски Конгрес - 19-21.09.2017 Сиднеј, Австралија

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Република Македонија и ЕУ

Република Македонија и ЕУ

НАДВОРЕШНО-ТРГОВСКА РАЗМЕНА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Европската Унија е најголем трговски партнер на Република Македонија.
Вкупната трговска размена во 2015 година за сите земји членки на ЕУ изнесува 10,9 милијарди САД $, што претставува раст од од 29,7% споредено со 2014 година. Извозот изнесува 4,5 милијарди САД $, што претставува зголемување од 8,9%, додека увозното салдо изнесува 6,4 милијарди САД $, или намалување од 12% во споредба со 2014 година.
Трговскиот дефицит изнесува 1,9 милијарди САД $ за 2015 година.

ЕУ ПРОГРАМИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИСОТ

Предизвиците со кои денес се среќаваат бизнисите, за да бидат конкурентни и да оостанат конкурентни, се многубројни. Започнувањето и управувањето со бизнис може да биде незгодно. Затоа ЕУ ја дооформи политиката за претпријатија и индустрија за да им помогне на новите претприемачи со цел да се зголеми нивната конкурентност.
Тоа ја зајакнува и подобрува средината за водење бизнис и индустриската средина преку стимулирање иновации, развивање на истражувањето и на технологијата и поедноставување на регулативата
Република Македонија до сега ги има потпишано Договорите за Пристапување за следните програми: Еразмус + (мај 2014), Хоризонт 2020 (јули 2014), Креативна Европа-Култура (јули 2014), КОСМЕ (септември 2014), Фискалис (октомври 2014), Царина (октомври 2014), Европа за граѓаните (декември 2014), Механизам за цивилна заштита, Вработување и социјални иновации и отворена е можноста за учество во Живот +, со што им овозможува на граѓаните нивно користење.

- „Хоризонт 2020“ – Рамковна програма за истражување и иновации (2014-2020) - Хоризонт 2020 е отворена за учество на широк спектар на организации и индивидуални истражувачи: универзитети, истражувачки центри, лаборатории, мултинационални компании, мали и средни претпријатија, невладини организации, здруженија на граѓани, јавена администрација, фондови, локална самоуправа,  и други.


ГРАНТОВИ - Како да се аплицира за грант?

Грантовите може да се доделуваат како донации на трети страни кои се вклучени во активности за надворешна помош.
Можете да ги најдете сите информации за грантови и договори на веб страната на EuropeAid. Тоа е оддел во ЕУ кој работи на развој. Таму се раководи со надворешната помош на ЕУ и се дава гаранција дека помошта е испорачана.
Практичниот водич претставува работна алатка во која се објаснети процедурите за аплицирање за надворешна помош финансирана од Европската комисија. Таму се содржани посебни делови кои се однесуваат на грантови.
Оние кои имаат намера да аплицираат за грант треба да се регистрираат на PADOR (Онлајн регистрација на податоци на потенцијални апликанти) и да се упатат на повиците за предлози на веб страната Horizont2020.


РЕГИСТАР НА ПРОИЗВОДИ СО ГЕОГРАФСКО ПОТЕКЛО ВО ЕУ

Повик до македонските компании да аплицираат за заштита на земјоделските и прехрамбените производи како оригинални традиционални специјалитети и производи со заштитено географско потекло во Регистарот на Европската Унија
Согласно Регулативата на Евопската Комисија- (ЕЦ) Бр. 509/2006 од 20 март 2006 година и политиката на Европската Унија за квалитет на земјоделските производи, се води Регистар на сертифицирани земјоделски и прехрамбени производи како оригинални традиционални специјалитети и производи со заштитено географско потекло.
Регистарот содржи три ЕУ компоненти познати како:
• PDO (заштитен назив на производот - опфаќа земјоделски и прехранбени производи кои се произведени, преработени и подготвени во дадена географска област користејќи признати know-how технологии)
• PGI (заштитено географско потекло - опфаќа земјоделски и прехранбени производи тесно поврзани со географската област. Најмалку една од фазите на производство, преработка или подготовка мора да се одвива во областа)
• TSG (оригинален традиционален специјалитет- го нагласува традиционалниот карактер, било во составот или во начинот на производство )


ВОДИЧ ЗА ИЗВОЗ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

( www.exporthelp.europa.eu  )
Европската унија како вод  ечки бизнис партнер на македонските компании е значаен пазар за македонските производи. И покрај потпишаните договори за преференцијална трговија и отсуството на квоти и царини за во меѓусебната трговија, останатата техничка и друга специфична документација неопходна при извозот во земјите на ЕУ, понекогаш делува комплицирана за многу извозници>>>



Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Јадранка Аризанковска
Тел: ++ 389 2 3244038 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: jadranka@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права