23.06.2017 (Семинар)
ГОДИШЕН ОДМОР, ТРАЕЊЕ, СТЕКНУВАЊЕ СО ПРАВО, ПРАВО НА ПРОПОРЦИОНАЛЕН ДЕЛ, КОРИСТЕЊЕ И ПЛАЌАЊЕ НА НЕИСКОРИСТЕНИОТ ДЕЛ ОД ГОДИШНИОТ ОДМОР

27.06.2017 (Настан)
ИНФОРМИРАЊЕ НА КОМПАНИИТЕ ЗА ПРИДОБИВКИТЕ И ОБВРСКИТЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

28.06.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА СО ПРИМЕНА НА EXCEL

28.06.2017 (Семинар)
АНАЛИЗА НА СТРЕСОГЕНИТЕ ФАКТОРИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА И СИНДРОМОТ НА СОГОРУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

29.06.2017 (Семинар)
МЕНИЦА И МЕНИЧНИ ДЕЈСТВИЈА

29.06.2017 (Семинар)
БЕЗБЕДНО ДЕЛОВНО ОПКРУЖУВАЊЕ

29.06.2017 (Тренинг обука)
Тренинг обука на тема:КРЕИРАЊЕ НА ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ И МОТИВИРАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ КАКО ВАЖЕН МЕХАНИЗАМ ЗА РАЗВОЈ

05.07.2017 (Семинар)
НАПЛАТА НА СПОРНИ ПОБАРУВАЊА ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

14.07.2017 (Семинар)
АНТИСТРЕС ТРЕНИНГ ЗА ЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕС НА РАБОТНОТО МЕСТО (СТРЕС МЕНАЏМЕНТ СТРАТЕГИИ И ТЕХНИКИ)

17.07.2017 (Форум)
КИНЕСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ 2017 - 17-19.07.2017 ПРАГА, Р.ЧЕШКА

19.09.2017 (Саем)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „FOOD ISTANBUL 2017“

19.09.2017 (Конгрес)
10. Светски Коморски Конгрес - 19-21.09.2017 Сиднеј, Австралија

20.09.2017 (Саем)
САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ- 20-24.09 БУДВА, ЦРНА ГОРА

22.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ-EEН „ ARCH 2017“ (ГРАДЕЖEН СЕКТОР) на 22 септември 2017 година, во Прага, Република Чешка

27.09.2017 (Бизнис средби)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „ INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “

28.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ – 28-29 септември 2017 Тирана, Албанија

02.10.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Податоци за регионот

Регионална комора со седиште во Битола



ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Регионот на Битола опфаќа 5(пет) општини со вкупно население од околу 140.000 жители. Се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија и се граничи со градовите Прилеп, Охрид и Кичево, на југ со Република Грција а на југозапад со Република Албанија.
 
Површина:   2829 km?
Население: 141 232, Компании: околу 5 000 

Битола е втор по големина град во Република Македонија со околу 86.000 жители. Распространет  на површина од 1716 км2, се наога на надморска височина од 630 м воподнижјето на Баба планина ,со врвот Пелистер .

ИСТОРИЈА

Географската положба на Балканскиот Полуостров секогаш на Битола и овозможуваше да биде значајна економска,културна и образовна крстосница низ сите периоди од нејзината богата историја,почнувајќи од Хералеа Линкестис(антички град кој се наоѓал на патот Виа Игнација а кој потекнува од 4 век п.н.е) средновековниот период на цркви и манастири, па се до конзулскиот период кон крајот на 19 век и првата половина на 20 век,кога се отворени конзулати на 9 европски земји.Во тој период Битола бележи голем културен и економски развој,но за жал поставувањето на државната граница по балканските војни ,го запира растот на градот на сите полиња.

ОБРАЗОВАНИЕ И КУЛТУРА

Денес Битола е Универзитетски град со со повеќе од 10 факултети, 3 научно истражувачки институции и 2 институти -членки на Универзитетот. Во градот постои реномиран театар. Секоја година се одржуваат по неколку културни манифестации од меѓународен карактер, како што се фолклорниот фестивал Илинденски денови, фестивалот на филмската камера-Браќа Манаки, фестивалот на аматерски документарен филм Камера 300, Хераклејски вечери, како и светски познатата ликовна колонија Мал Битолски Монмартр и културното лето БитФест.

КОМУНИКАЦИИ

Патна мрежа:  регионот на Битола се наоѓа на меѓународниот пат К-10 со кракот М-5 (од Градско до границата со Р.Грција) споен на запад со К-8 преку Е-65 до Охрид.
 
Железнички сообраќај: Битола преку железничката линија е повзана со Скопје на север и Солун, Р. Грција на југ.

Аеродроми: најблискиот аеродром во регионот е аеродромот во Охрид на 70км, аеродромот во Скопје на 160 км и Солун, Р. Грција 190 км.
Пристаништа: од регионот на Битола , најблиското пристаниште е пристаништето во Солун на оддалеченост од 180 км ,а до кое се стигнува по железнички и патен сообраќај, потоа пристаништето во Игуменица, Р. Грција преку автопатот Виа Игнација , и пристаништето во Драч, Р. Албанија.

КЛИМА

Во регионот на Битола преовладува континентална клима ,со прилично долги зими и топли лета.

ЛОКАЛНА ЕКОНОМИЈА


ПРИРОДНИ РЕСУРСИ :Од природните ресурси во туризмот најзначајни се Преспанското езеро,националните паркови Пелистер и Галичица,кои се погодни за зимски и летен туризам.

Од рудните богатстава во регионот се застапени јаглен и нематали и железна руда.

Од земјоделието и овоштарството застапени се производството на житни култури,шеќерна репа,тутун,јаболка,грозје,домати,пиперки.Понатаму приозводство на месо, млеко,вино,минерална вода газирана и негазирана и др.Во земјоделието 20.000 ха се под системот за наводнување Стрежево,што обезбедува високи приноси.

Регионот на Битола, претставува втор по големина стопански центар во Р.Македонија. Се наоѓа во област на интензивно развиено земјоделство,сточарство,овоштарство и претставува значаен земјоделско -индустриски центар од регионот на Битола учествува со 11% во вкупната економија на Република Македонија.

Вкупно учество во БДП на Република Македонија

Во битолскиот регион во етаблирани се околу 5000 деловни субјекти од коишто најголем број од нив се микро, мали и средни, мерено според бројот на вработени. Бројот на активни претпријатија по градови е следен: Битола – 3.957 (6,45% од вкупниот број во Македонија), Ресен – 485 (0,8%), Демир Хисар – 254 (0,5%).

ЛОКАЛНА ЕКОНОМИЈА: Активни деловни субјекти (2013)

ЛОКАЛНА ЕКОНОМИЈА: Активни деловни субјекти (2013)

Вкупно

микро

мали

средни

големи

Битола

3 957

2 837

1 070

31

19

Демир Хисар

254

181

70

3

-

Могила

159

141

18

-

-

Новаци

82

69

13

-

-

Ресен

485

335

147

3

-

Поделбата по сектори е следната:

Примарен сектор:
• Производство на Ел. Енергија (80% од вкупното производство во РМ), (ЕЛЕМ РЕК Битола)
• Рударство – Јаглен (Lignite) (ЕЛЕМ РЕК Битола)
• Земјоделие: пченица - во Битола и Новаци (ЗК Пелагонија)
 јаболка - во Преспа и Ресен (Свислион Аграр)
 тутун - во Могила (Сокотаб)
• Одгледување на добиток и производство и преработка на млеко (ЗК Пелагонија, ИМБ Млекара Битола - БиМилк, Идеал Шипка, Компани Ж. Радевски и други.)

Секундарен сектор:
• Текстил (Родон, Саитис, Трикотажа Пелистер, Фалко),
• Градежништво (ГП Пелистер, Мак Строј, Стентон Градба) ,
• Металопреработувачка (ФОД Новаци, Монтинг Инженеринг, МЗТ Инженеринг, Кобил)
• Графичка индустрија и печатење (Киро Дандаро, Фустеларко Борец, АНС Печатница, БизАрт и други.),
• Прехрамбена индустрија (Квасара, Свислион Агроплод, Еврокекс, Мигрос, Цермат, Пивара АД Битола, Жито Битола, Апостолада)
• Минерална вода (Пелистерка АД, Суна, Макминерал)
• Трговија (голем број на МСП)

Терцијален сектор:
• Угостителство и туризам (АДУТТ Македонија, Хотел Капри, Хотел Милениум, голем број на туристички агенции)
• Банкарство (Стопанска Банка АД Битола, експозитури на сите банки во републиката)
• Транспорт и шпедиција (Фершпед, Макошпед, Игоимпекс, Генекс, Милениум Селтик, ГТ Шпед и други.),
• IT сектор (Интерворкс, Вебион, Нова Солутионс и многу други.)

ЛОКАЛНА ЕКОНОМИЈА: околу 5000 компании

 

СОСТОЈБИ И ПЕРСПЕКТИВИ


Пелагонискиот плански регион во кој и припаѓа битолскиот регион има значаен удел во создавањето поволна деловна клима прдонесувајќи за зголемување на домашните и странските инвестиции и зголемувањето на конкурентноста на целокупната економија преку поттикнување на претприемништвото и иновативноста, како и унапредување на туризмот и промоција на природните и културните вредности.

Најповолни услови за развој на регионалната економија нуди секторот земјоделство, којшто се карактеризира со силна специјализација на производството во три главни групи на култури: житарици (пченица, јачмен, пченка, шеќерна репа, сончоглед) за кои идеално одговара Битолскиот дел од Пелагонија, потоа, тутунот застапен во Прилепскиот дел од Пелагонија, а оној од типот Вирџинија – доминантен на подрачјето на општина Могила, како и овоштарството (јаболка) најмногу присутни во Ресенскиот дел. Секоја година овоштарството во Пелагонискиот регион бележи значителен пораст, посебно во делот на вишните, кајсиите, сливите, праските, оревите и најмногу, јаболката. Мошне голема поволност за овој регион е ниската фрагментираност на земјоделските површини (најмала на ниво на плански региони). 1/5 од површината обработуваат земјоделските претпријатија. Тоа овозможува повисока интензивност на производството.

Носители на економскиот развој во регионот се микро и малите претпријатија (93% од вкупниот број деловни субјекти), чие учество во вкупното производство е 55%, а креираат 60% од вкупниот број работни места. Сконцентрирани најмногу во услужниот сектор (80%), се карактеризираат со исклучително динамичен раст на производството од 48% во периодот 2003-2006 година, кога нивниот број пораснал за 24%, а нивната продуктивност за 8%. Трговијата е секторот кој се одликува со највисока концентреација на мали и средни претпријатија, и којшто забележува стандарден тренд на зголемување на нејзиниот обем, посебно трговијата на мало, мерен преку остварениот промет.
Инвестициските можности во Пелагонискиот регион се мошне поволни, како и на целата територија на Македонија, а посебно во секторите агробизнис и преработка на храна, информатичка технологија, градежништво, облека и текстил, тутун и цигари, туризам, недвижности.

Индустриската зона „Жабени“ е долгорочна инвестиција што се гради по фази со тоа што продажбата на завршените локации ќе генерира средства за продолжување на работите и целосно имплементирање на проектот. Предвидено е во првите 10 години да се реализираат 60% од зоната, а целосно да се заврши за 20 години. Ќе бидат понудени попусти на комуналните давачки на сите инвеститори кои ќе вработат поголем број луѓе. Предност за локацијата на оваа зона е железничката линија кон Лерин, која поминува по границата и може да се трансформира во истоварен колосек. Веќе е остварена првата инвестиција а тоа е германската компанија од автомобилската индустрија за делови Кромберг и Шуберт која има вработено околу 2000 лица.

РЕГИОНАЛНА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Во контекст на унапредувањето на соработката меѓу бизнис-заедницата и локалната самоуправа, Регионалната комора со седиште во Битола превзела низа актиности за соработка преку директно вклучување на своите членки во Локалниот економски совет на Општина Битола.

Исто така треба да се истакне и директната соработка со Центарот за развој на пелагонискиот плански регион како организација која е задолжена од општините во планскиот регион за реализација на развојните цели со кого е потпишан меморандум за соработка.

Во склоп на активностите за локално организирање и соработка е и новиот проект на ЦРППР, Интегрирана мрежа за регионален развој во пелагонискиот регион (ИМРР) која претставува платформа што ќе ги вклучи јавниот, приватниот и невладиниот сектор во формално тело воспоставено согласно Законот за меѓу-општинска соработка. Во оваа иницјатива која дефакто ќе претставува регионален економски совет се вклучени сите општини од пелагонискиот регион, т.е. ЛЕР секторите на истите, трговските друштва/економски оператори, регионалните комори од Битола и Прилеп, занаетчиските комори, НВО секторот како и универзитетот Св. Климент Охридски од Битола.

Развивањето на прекуграничната соработка претставува една од целите на политиката за регионален развој и стратегиска определба на Регионалната комора со седиште во Битола. Во таа насока остварена е соработка со повеќе комори од соседните држави и пошироко и тоа: соработката со коморите Пожаревац Србија,  и Корча и Драч Р.Албанија , Епинал Р.Франција ,Чернигов Украина и Бања Лука БиХ, Кожани, Пела и Лерин, Р. Грција со кои се потпишани спогодби за соработка.

Контакт адреса : 
Регионална канцеларија во Битола
ул. 1-ви Мај бб, 7000 
Битола 

Контакт лице : Никола Димковски
Тел: (047) 225-088 Факс:(047) 202-614
E-адреса: regiobt@mchamber.mk

 


 










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права