24.10.2017 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ЈАВНИОТ ВО ДРЖАВНИОТ СЕКТОР СОГЛАСНО СИСТЕМИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ

26.10.2017 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

27.10.2017 (Семинар)
СУДСКИ ПОСТАПКИ, ИСКУСТВА И СУДСКА ПРАКСА ВО ОБЛАСТА НА ДАНОЧНИТЕ ПРЕКРШОЦИ

30.10.2017 (Бизнис средби)
„Саем за директни бизнис средби Кошице 2017“-Словачка, 30.10.2017

31.10.2017 (Семинар)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „EXPORT WEEK 2017“ - 31.10-2.11.2017

01.11.2017 (Тренинг обука)
СО НАПРЕДНИ КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ДО ПОДОБРУВАЊЕ НА ОДНОСОТ СО КЛИЕНТИТЕ, СОРАБОТНИЦИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ, Прага, Р.Чешка

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

02.11.2017 (Тренинг обука)
„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“

02.11.2017 (Семинар)
НАПРЕДЕН EXCEL – КРЕИРАЊЕ EXCEL DASHBOARD

02.11.2017 (Семинар)
Тренинг-обука: ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПРОДАЖБА

02.11.2017 (Саем)
„Match4Industry Business Matching Event“ - 2-3.11.2017, Коџаели, Република Турција

02.11.2017 (Конференција)
Конференција на тема: „Предизвиците на патот кон Европската Унија“-2-3.11.2017 Будва, Црна Гора

06.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА:ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

09.11.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ „RENEXPO®BIH 2017“ - 9.11.2017 Сараево, БиХ

09.11.2017 (Конференција)
Меѓународна дводневна конференција за финансирање на европски програми - Скопски Саем

09.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

09.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

Бизнис-настани

17.07.2017 - 19.07.2017


Форум ПРАГА,  Чешка

КИНЕСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ 2017 - 17-19.07.2017 ПРАГА, Р.ЧЕШКА


КИНЕСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ  ФОРУМ  2017 
(CHINA INVESTMENT FORUM 2017)

17– 19 јули 2017 година
Прага, Р. Чешка


     Стопанската комoра на Македонија во соработка со Чешкo- кинеската комора за соработка и Кинескиот центар за економска соработка, ве покануваат да бидете дел од овогодишниот Кинески инвестициски  форум 2017, што ќе се одржува во периодот од 17-19 јули 2017 година во Прага, Република Чешка.


     Кинескиот инвестициски форум веќе пет години по ред  претставува официјална платформа за економска соработка, политички, дипломатски и деловнии состаноци на ниво на високи државни претставници на 16-те земји од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина.


     И оваа година Кинескиот инвестициски форум  има за цел на едно место да се сретнат сите политички претставници, бизнисмени и инвеститори од Република Чешка, Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа и да дискутираат за тековните политички и економски рамки во однос на соработката меѓу Народна Република Кина и 16-те земји од Централна и Источна Европа. Форумот се одржува во согласност со „Насоките од Рига за соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа“, усвоени од страна на премиерите на овие земји во ноември 2016 година во Рига, Латвија.

     Овогодишниот Форум ќе се одржи под покровителство и присуство на Н.Е. Милош Земан, претседател на Република Чешка и Н.Е. Бохуслав Соботка, премиер на Република Чешка. Официјалната делегација од Народна Република Кина ќе биде предводена од господин Лиу Јуншан, член на Постојаниот комитет на Политбирото на Народна Република Кина, придружуван од високи претставници на министерско ниво. На настанот покрај претседателот и премиерот на Република Чешка, говорници ќе бидат и функционери од чешката Влада и политичката сцена, како и од останатите земји од Централна и Источна Европа.
 
     Во 2013 година, претседателот на Народна Република Кина покрена нова иницијатива за меѓународна соработка: „Економски појас на Патот на свилата“ и „Поморски пат на свилата на 21-от век“. Оваа иницијатива оттогаш постигна важни резултати и доби поддршка од повеќе од 100 земји и меѓународни организации. На 14 и 15 мај 2017 година, Пекинг беше домаќин на Форумот „Еден појас, еден пат“, за меѓународна соработка под покровителство и надзор на претседателот на Народна Република Кина, Н.Е Кси Џинпинг. На настанот учествуваа делегации на високо ниво од повеќе од 30 земји.
 
     Кинескиот инвестициски форум 2017 има за цел да ги елаборира резултатите од Форумот во Пекинг, воведувајќи конкретни проекти како примери и можности за другите земји и да најде синергии во соработката меѓу земјите од Иницијативата „Еден појас, Еден пат“.

 
Настанот ќе се одржи од 17-19 јули 2017 година, во Замокот во Прага.

     За времетраење на настанот, доколку бројот на членови на делегацијата не го надмине одобрениот лимит, организаторите ќе обезбедат бесплатно сместување во официјалните хотели на Кинескиот инвестициски форум 2017. Кетеринг услугите и транспортот од  - до хотелите каде што ќе бидат сместени делегациите и каде што ќе се одржуваат настаните е бесплатно за сите учесници на настанот. Патните трошоци се на товар на учесниците.

     Регистрацијата за Кинескиот инвестициски форум 2017 се врши по електронски пат на следниот линк: account.czechchina.com/registration најдоцна до 30 јуни 2017 година.

     Организацискиот комитет на Кинескиот инвестициски форум 2017, по извршената регистрација, ќе ги оцени пријавите и ќе ги информира апликантите дали нивната апликација е одобрена или не. Апликантите потоа ќе имаат можност преку оваа платформа да ги изберат и партнерите за деловните средби, коишто оваа година ќе се одржат меѓу претставници од Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа. За повеќе информации, посетете ја и официјалната страна на настанот: www.czechchina.com/cif

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со:
- Сања Николова
телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk  


Во прилог:
- Нацрт агенда;
- инструкции за вршење on-line регистрација (на англиски јазик). 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Сања Николова
Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: sanja@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права