19.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар:Суспензија на вработениот до конечна одлука на работодавачот, прекувремена работа, право на дополнителна работа

20.02.2018 (Тренинг обука)
Еднодневна обука на тема:УСОГЛАСУВАЊЕ СО НОВАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (GDPR)

22.02.2018 (Работилница)
Работилница за олеснување на трговијата - 22.02.2018 Скопје

23.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар:Одговорност за надомест на штета од професионална дејност и осигурување од професионална одговорност

26.02.2018 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА И ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ ВО ВРСКА СО ПРОДАЖБАТА

27.02.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ВНАТРЕШНИ КОНФЛИКТИ ВО КОМПАНИЈАТА (ВЕРТИКАЛНО И ХОРИЗОНТАЛНО) И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ

27.02.2018 (Бизнис средби)
Меѓународните деловни средби за градежништво и градежни материјали „R + T 2018“

28.02.2018 (Семинар)
КЛУЧНИ МЕНАЏМЕНТ ВЕШТИНИ И АЛАТКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

28.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: КОНТРОЛИНГ ВО НАБАВКИТЕ

06.03.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

12.03.2018 (Семинар)
ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА

13.03.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА НА ИНФОРМАЦИИ И ПОДАТОЦИ ВО CLOUD ОПКРУЖУВАЊЕ

27.03.2018 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

Бизнис-настани

22.09.2017 - 22.09.2017


Конференција Хотел „Палисад****“ – Златибор,  Србија

МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ


МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ
22-24  октомври 2017 година (недела-вторник)
Хотел „Палисад****“ – Златибор, Р.Србија www.palisad.rs

 

          Позицијата деловен асистент во компанија претставува еден од првите контакти на клиентите и партнерите со компанијата. Покрај комуникациски и организациски вештини, се` посложеното деловно опкружување и новите технологии бараат континуирано учење и подобрување на знаењата и вештините на деловните асистенти.
          За таа цел, Стопанската комора на Македонија, во соработка со Српската асоцијација на менаџери, во периодот од 22 до 24 октомври 2017 година организираат Меѓународна конференција за деловни асистенти.


ЦЕЛ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА:

– Завршете повеќе активности за пократко време;
– Контролирајте ја Вашата работа и не дозволувајте таа Вас да Ве контролира;
– Разбирање на важноста на деловниот асистент и неговото место во компанијата;
– Станете незаменлив деловен асистент;
– Унапредете ги Вашите деловни вештини кои се неопходни за успех и напредок во кариерата;
– Стекнете се со практични решенија за ефикасно управување со времето и приоритетите;
– Разменете искуства со други деловни административни професионалци од регионот;
– Ефективна деловна комуникација која е 100% употреблива во пракса.


ПРОГРАМА:

Тема

Опис

 Предавач

Т1: Ефикасна комуникацијаЕфикасна комуникација во функција на стратешко партнерство со шефот. Запознавање со профили на лични преференции, препознавање на себе и другите во градењето ефикасен стил на комуникација преку приспособување на профилот на соговорникот. Креирање сет-алати за водење разговори кои се фокусирани на цели и кои носат најдобри резултати за двете страни.Никола Мирчиќ,
Gustav Kaeser Training International, Швајцарија
Т2: Управување со времеУправување со приоритетите на работа, преку развивање став и усвојување техники кои овозможуваат да се фокусираме само на оние работи кои се важни.Петар Дотлиќ,
Gustav Kaeser Training International, Швајцарија
Т3: Јавен настап и презентација

Деловните асистенти се` почесто имаат значајна улога во интерната комуникација (претставување планови, програми), како и кон надвор (јавност, партнери), од што и генералната слика дополнително зависи од вештините кои деловните асистенти ги имаат во јавниот настап и држењето презентации.

Слаѓана Илиќ-Адамовиќ,
Уредник и ТВ водител, Академија Media Skills, Србија

Т4: Водење преговори Воведување комуникација која подразбира активно слушање и насочување на разговорите кон нашите цели. Техниките кои се воведуваат во рамките на овие теми овозможуваат сознавање што е важно за нашиот соговорник и поттикнување на другата страна да го направи она што сме сакале да го направи.Љупчо Георгиев,
генерален директор на
„Mајкрософт МАКЕДОНИЈА“
Т5: Донесување одлуки Алати и техники за донесување одлуки: како да се препознаат најважните информации и врз основа на нив да се процени која одлука е најдобра. 
Никола Мирчиќ,
Gustav Kaeser Training International, Швајцарија
 Т6: Протокол Особено во државните институции, а се` почесто и во приватните компании. Познавањето на протоколот е неопходно за успешно реализирање на започнатите проекти.Претставник на Стопанската комора на Србија
Т7: Интернет канали на комуникација Употребата на Интернет денес претставува задолжителен дел од работата на секој деловен асистент, па од особена важност е следењето на трендовите во употребата на оваа глобална мрежа. Разбирањето на социјалните медиуми е една од темите на оваа работилница, каде преку запознавање со елементите на социјалните мрежи и примери од пракса кои помагаат во подготовката на личен план за поголема употреба на овие современи видови на комуникација.Професор од средно информатичко училиште, Србија

За кого е наменета конференцијата:
- деловни и лични асистенти;
- оffice менаџери;
- личности задолжени за организација и координација на работни активности и настани;
- административни асистенти.

        Предавачите се реномирани професионалци од познати компании и организации, кои во комбинација на теорија, практични примери и интерактивни работилници, во текот на три-дневната конференција ќе ги пренесат сите неопходни знаења.
  Работен јазик: српски јазик.

Котизација:
- Котизацијата изнесува 450 евра+ДДВ, за пријавување до 30.9.2017 година следува попуст и истата изнесува 390 евра+ДДВ;
- дополнително за секој втор и нареден учесник од истата компанија следува 10% попуст на котизацијата.

Котизацијата вклучува:
- присуство на Конференцијата;
- организиран превоз на релација Скопје-Златибор-Скопје;
- работни материјали;
- освежување на паузите;
- свечена вечера на 23 октомври 2017 година од 21:00 часот.

Сместување:
Хотел „Палисад“ – Златибор, Р. Србија 

Цени полн пансион/ден, со такса за престој и осигурување. 


                                                                     
        За сите учесници кои ќе дојдат ден порано на конференцијата (21 октомври), организираме бесплатен излет до Мечавник – Дрвенград. 
 
Резервациите за сместување се вршат директно во хотел „Палисад****“ – Златибор, Р.Србија, на телефон +381 31 841 151 или преку службата за продажба на следниот контакт: prodaja@palisad.rs со назнака „За Меѓународна конференција за деловни асистенти“. 

Краен рок за пријавување: 13 октомври 2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права