04.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

05.05.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И УРБАНИЗМОТ

08.05.2017 (Саем)
„MACH-TECH and INDUSTRY DAYS 2017"- 8-10.05.2017, Будимпешта, Унгарија

09.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БУЏЕТИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО

09.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017" 9-10 мај 2017 година во Луксембург

11.05.2017 (Семинар)
ДЕТЕКТИРАНИ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ЕДНОДЕЦЕНИСКИТЕ ИЗМЕНИ НА ОДРЕДБИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ

15.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ AgroB2B@NSFair " на 15 мај 2017, во Нови Сад, Србија

15.05.2017 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ: МАКЕДОНИЈА – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА,15 МАЈ 2017, СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

17.05.2017 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „THE FUTURE OF BUILDING“

17.05.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ

23.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ И РЕАЛНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

23.05.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

25.05.2017 (Тренинг обука)
Советување на тема: Антистрес тренинг за ефикасно управување со стрес на работното место (стрес менаџмент стратегии и техники)

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Реализирани активности

Реализирани активности на Деловен клуб за соработка со Франција и франкофоните земји

23.05.2014- Работен состаок - Програма за работа на Клубот на Франкофони:
1.Стимулирање соработка со странски партнери и институции од франкофонските земји со цел воспоставување редовна комуникација и размена на информации и податоци од значење за Клубот.
2. Воспоставување редовна комуникација со надлежни институции во државата за создавање на подобра бизнис-клима.
Оваа активност ќе придонесе за развој на јавно-приватниот дијалог и во себе ќе опфаќа воспоставување соработка со институции од различен вид. Тука би било потребно да се воспостави соработка со надлежни државни институции, меѓународни организации од оваа област, како и дипломатски претставништва кои се директно инволвирани во оваа соработка.
3. Редовно аналитичко следење на бизнис-инвестиционата клима во Република Македонија.
Преку оваа активност ќе се утврди моменталната бизнис-стратегија на државата и инвестиционата клима што ќе придонесе за изготвување на издржани анализи и истражувања на пазарот. Исто така, ќе се детектираат и ќе се процесуираат актуелните проблеми со кои се соочуваат членките на Клубот со цел нивно решавање.
4. Редовни бизнис-средби меѓу членките на Клубот и македонските компании-членки на Стопанската комора на Македонија
Преку оваа активност ќе се отвори можноста за соработка меѓу домашните и странските компании кои се со француски капитал што ќе доведе до создавања на подобра економска состојба во државата, а и можност за утврдување на заеднички актуелни проблеми и начин за нивно унапредување.
5. Реализација на конкретни предлози и проекти со цел зајакнување на економската положба на државата.
Една од основните активности на Клубот ќе биде да се создадат реални предлози за воспоставување подобра економска положба во државата кои со употреба на јавно-приватен дијалог ќе бидат имплементирани од страна на надлежните институции.
6. Реализирање на семинари, работни средби и расправи за актуелни трговски и економски прашања
Едукацијата како прашање е од големо значење за Клубот и токму поради тоа ќе се стреми да обезбеди соодветна едукација за своите членки како и да едуцира и други засегнати страни за прашања од значење за соработката со Франција и франкофонските земји. 
7. Организирање стручни групи за изготвување предлози за решавање на проблеми во одделни компании или дејности и подготовка на одредени мислења и ставови по одредени прашања поврзани со настапот на компании од Република Македонија на пазарот на одредена држава или региони.
8. Поднесување конкретни предлози и проекти за јакнеење на економската соработка.
 9. Реализација на анкета со соодветни прашања со цел утврдување на реалните проблеми на членките на Клубот.
10. Организирање собири на членовите на Клубот со цел успешен настап на компаниите на пазарите во одредени региони.
11. Соработка на Клубот со останатите тела при Стопанската комора на Македонија.

4-6 јули 2012

Со подршка на УБИФРАНЦЕ Франција се организираа Б2Б бизнис-средби од 4-6 јули 2012 година во Хотел „Хилтон“ во Софија, Бугарија.

Само 3 македонски компании се пријавија и имаа можност да остварат директни средби со околу 150 француски претприемачи и со други компании од десет други земји во Југоисточна Европа кои прават бизнис со Франција, со земјите на ЕУ и со претприемачи од соседните земји.

Бизнис-форумот понуди можност за директно воспоставување деловни партнерства со најголемите француски компании и со други компании од Југоисточна Европа, како и за зајакнување на нивните понуди на производи и услуги во регионот.

На форумот учествуваа компании од различни сектори: туризам,   хотелиерство, земјоделие, инфраструктура, енергетика, животна средина, производи за широка потрошувачка, франшиза, услуги, итн.

 

08.03.2011 година-5 состанок на Клубот

1. Француското присуство во Македонија и во регионот –презентација од г-дин Jean-Marie BELLAT, регионален трговски советник со седиште во Софија;
2. Можноста за изучување на францускиот јазик преку понудата на Францускиот културен центар во Скопје– презентација од секторот за кооперација и француски јазик при Амбасадата на Република Франција во Скопје

 

18-22.10.2010 година

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Меѓународната организација на Франкофонските земји, во Скопје, организира обука за 20 фокални точки на Проектот АМАД, кој е финансиран и раководен од Меѓународната организација на Франкофонските земји. За таа цел, поголема група на луѓе од стопански комори од различни земји од африканскиот континент, Индискиот Океан, Карибите и Источна Европа престојуваа во Македонија.

 

14.7. 2010 година - IV состанок на Клубот

Предлог одлука за дополнување на Правилникот бр. 51-1427/2 од 27.05.2009 год. за организацијата и задачите на Клубот на фирми за соработка со Франција и франкофонските земји;
Именување на почесен претседател на Клубот на фирми за соработка со Франција и франкофонските земји;

3. Избор на претседател на Клубот на фирми за соработка со Франција и франкофонските земји

февруари 2010

Во подготовка е средба со амбасадорот на Република Франција во Македонија

 

26.11.2009

Претседателот предложи да се направи измена на членот 7 од правилникот за работа на Клубот и наместо еден да предложи двајца заменици претседатели. Оваа измена претседателот ја предлага со цел во Одборот на Клубот бидат застапени еден заменик претседател кој би имал мрежа на контакти со француски претпријатија и еден заменик претседател кој би имал мрежа на контакти со македонските фирми. Предлогот беше прифатен, за заменици претседатели беа предложени и избрани г. Зоран Гапиќ, претставник на Фресине, и г. Љупчо Величковски, директор на МЗТ Комерц Нова

Конституирање во февруари 2009
Поставен е управен тим: Бернар Коениг, претседател, Зоран Гапиќ, потпретседател (Фресине-Балкан), Љупчо Величковски, потпретседател (МЗТ Комерц Нова), Анета Смит Гулева, извршен секретар (Стопанска комора на Македонија)



Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Сања Николова
Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: sanja@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права