23.04.2018 (Семинар)
ОРГАНИЗАЦИЈА И НАДЗОР НА ДОКУМЕНТИРАН СИСТЕМ НА ИНФОРМАЦИИ ВО КОМПАНИЈАТА И ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ

24.04.2018 (Советување)
Вработување согласно одредбите на Законот за работните односи, разлики помеѓу вработувањето на кандидатите според Законот за работните односи и Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници

24.04.2018 (Семинар)
МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT)

26.04.2018 (Инфо сесија)
Инфо сесија на тема: Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија

26.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Измени во подзаконската регулатива во областа на противпожарната заштита

27.04.2018 (Семинар)
ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

30.04.2018 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

30.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БАРАЊА НА СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА, СПОРЕД БАРАЊАТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТАНДАРД ISO 50001:2011 ENERGY MANAGEMENT SYSTEM (ENMS)

08.05.2018 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

24.11.2017


Актуелно  

ПРЕЗЕНТИРАН ОПЕРАТИВНИОТ ПЛАН ЗА АКТИВНИ МЕРКИ И ПРОГРАМИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ - „ШАНСА ЗА СИТЕ“ ВО КИЧЕВО


Регионалната комора со седиште во Кичево, на 23.11.2017 година, одржа Инфо-средба на којашто беше презентирана Програмата „Шанса за сите“, во рамките на Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување во 2017 година.

Информативната средба беше организирана во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Агенцијата за вработување на РМ и Министерството за труд и социјална политика на РМ, со цел поголема искористеност на мерките  и зголемување на вработеноста.

Програмата за поддршка на микро, мали и средни претпријатија за финансиска и советодавна поддршка за раст, како и мерката Обука за задоволување на локалните потреби од квалификувана работна сила, ја презентираа претставниците од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Ермира Жаку Хани и Жерина Рамикевиќ, мониторинг-координатори,  кои потенцираа дека во зависност од мерката можност да аплицираат имаат микро, малите, средни, како и големите компании. Претпријатијата можат да добијат до 615.000 денари неповратна помош. 

Претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево, Игор Соколески, истакна дека оваа средба во соработка со УНДП ќе придонесе за целосно информирање на компаниите за  поволностите што се нудат, и е можност за решавање на проблемите на регионот за задржување на младите, за намалување на невработеноста и креирање стручен кадар согласно потребите на бизнис заедницата.

На средбата присуствуваше и претседателот на Локалниот економски социјален совет на Општина Кичево, Рамиз Реџепи, кој ги поздрави активностите што се преземаат за бизнис секторот.

Над 40 претставници од бизнисот и од граѓанскиот сектор дискутираа за мерките и за програмите.

Одржливиот развој на земјата зависи од успехот во создавање нови работни места и развој на вештини меѓу невработените кои се совпаѓаат со потребите на пазарот на трудот. Оваа програма е развиена и имплементирана од страна на Владата на РМ и УНДП. Овие мерки се дизајнирани да промовираат паметен, одржлив и социјално инклузивен раст.

Дијана Лазороска Јованоска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права