23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

22.12.2017


Актуелно  

Завршна конференција на Центарот за вработување лица со хендикеп - ЈАКНЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА БИЗНИС-СЕКТОРОТ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП ВО РАБОТНИОТ ПРОЦЕС - ПРЕКУ ПРОГРАМИ ДА ПРОДОЛЖИ ПОДГОТОВКАТА НА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП ЗА ВРАБОТУВАЊЕ


Стопанската комора на Македонија и „Полио Плус – движење против хендикеп“  завршија со реализација на заедничкиот Проект „Центар за вработување лица со хендикеп“. Овој проект е дел од Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 година – ИПА.

 

Главна цел на Проектот беше вклучување на лицата со хендикеп на  пазарот на трудот преку подобрување на нивните вештини, образование и  квалификации кои ќе придонесат за нивна целосна интеграција во општеството.

Стопанската комора на Македонија во соработка со „Полио Плус – движење против хендикеп“, преку активностите на Проектот: „Центар за вработување лица со хендикеп“, креираа алатки кои им помогнаа на лицата со хендикеп активно да се вклучат во пазарот на трудот, како и нивна интеграција во општеството.

 

На конференцијата, што се одржа на 22.12.2017 година во Скопје, м-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија, истакна дека Стопанската комора на Македонија, во заедничка соработка со компаниите и во партнерство со „Полио Плус“, директно беше вклучена во имплементацијата на активностите на Проектот и преку креирање на разни анализи и конкретни обуки придонесоа барем во дел да се подобрат  вештините, образованието и квалификациите на лицата со хендикеп кои ќе придонесат за нивна целосна интеграција во општеството, но и соодветни информации и обуки на компаниите кои ќе им помогнат во донесувањето одлуки при следните вработувања на лицата со хендикеп.

- Во текот на оваа година беа одржани 8 обуки со компаниите, 6 обуки со лицата со хендикеп, 9 лица како практиканти кои имаа можност да работат директно во компании и во Стопанската комора на Македонија, а паралелно се правеа анализи и се изготвуваа документи и брошури кои треба да послужат и во следниот период како водичи и за компаниите и за лицата со хендикеп, - посочи м-р Елена Милевска Штрбевска.


 
Душан Томшиќ, советник во Кабинетот на министерката за труд и социјална политика, нагласи дека Министерството за труд и социјална политика ја поддржува иницијативата Центарот за вработување лица со хендикеп да продолжи со работа, но треба да се најдат начини со цел да функционира во иднина. Воедно, Министерството за труд и социјална политика ќе воведе и професионална рехабилитација на лицата со хендикеп.

Билјана Јовановска, в.д. директор на Агенцијата за вработување на РМ, истакна дека АВРМ издвојува средства за инклузија на лицата со хендикеп. Така, во изминатиот период се вработени 230 лица со средства од Посебниот фонд и 70 лица од Оперативната програма на лицата со инвалидитет.   

Елена Кочоска, програмски раководител на „Полио Плус“, партнер-организација на овој проект, истакна дека Република Македонија издвојува средства за вработување на лицата со хендикеп и дека сите се ангажираат тоа да се случи, а креатори на тие иницијативи треба да се токму лицата со хендикеп. Начинот на кој ќе бидат вклучени, според Кочоска, е договор помеѓу бизнис заедницата и хендикепираните, а улогата на државата е да даде поддршка и да биде гарант дека тој договор ќе биде остварен токму преку овој Центар за вработување лица со хендикеп и треба да има услови за негова одржливост со помош на Министерството за труд и социјална политика, а не само со помош на проекти.

Модератор на настанот беше Јадранка Аризанковска, проект менаџер при Стопанската комора на Македонија, која го објасни процесот на подготовка на компаниите при вработување на лицата со хендикеп со цел да се отворат нивните врати за целосно и ефективно вклучување на лицата со хендикеп во работните процеси.

- Оваа цел ќе се постигне преку надградување на вештините, унапредување на образованието и квалификациите на лицата со хендикеп, но и преку развој на социјални сервиси во заедницата кои ќе ја поддржат целосната интеграција на лицата со хендикеп во отворениот пазар на труд и во поширокото општество, -нагласи Аризанковска.

Бранкица Димитровска, координатор на Центарот за вработување лица со хендикеп, се осврна на работата на Центарот кој функционира во рамките на Стопанската комора на Македонија и посочи дека Центарот претставува иновативно решение кое цели да ја унапреди и да ја зајакне вработливоста на лицата со хендикеп, како и да ги зголеми нивните капацитети за напредување во професионалната кариера, а служи како мост помеѓу лицата со хендикеп кои сакаат да ја зголемат својата вработливост и компаниите, преку 5 ПРОГРАМИ подготвени согласно индивидуалните потреби, имајќи ги предвид ограничувањата и попреченоста на лицата со хендикеп кои се соочуваат на отворениот пазар на труд. Четири од овие програми се наменети за лицата со хендикеп, а петтата програма е наменета за компаниите:

1. Програма за подготовка за вработување – преку унапредување на знаењето и вештините на лицата со хендикеп се зголемуваат нивните шанси за квалитетно и достоинствено вработување;
2. Програма за поддршка при наоѓање работа – да се зголемат самодовербата, комуникациските и писмените вештини на лицата со хендикеп и да се подобри  самопретставувањето на лицата со хендикеп пред потенцијалните работодавачи;
3. Програма за претприемништво - преку развивање на капацитети и
поддршка при самовработување на лицата со хендикеп;
4. Програма за волонтерство - со  стекнување практични знаења и вештини во  партнерските компании, но и во самиот Центар;
5. Со Бизнис програмата се таргетираа компании кои се подготвени и сакаат да вработат лица со хендикеп, или, пак, веќе имаат вработено такви лица.

- Се настојуваше да се  отворат сите работни процеси за лицата со хендикеп во заинтересираните компании, затоа што сме свесни дека колку што се битни знаењата и вештините на лицата со хендикеп, толку е битно да се сензибилизираат компаниите и нивните менаџерски тимови за целосна и ефективна инклузија на лицата со хендикеп.
- Центарот е веќе создаден и функционира како ГОТОВ ПРОИЗВОД  и би било штета ваков Центар да престане да работи сега кога завршува и Проектот, а искрено се надевам дека државата, односно Министерството за труд и социјална политика, заедно или преку АВРМ и останатите чинители ќе најдат начин како  финансиски да  помогнат со цел да продолжиме да работиме затоа што само така сме корисни за ова општество, - нагласи Бранкица Димитровска.

На конференцијата свечено беа доделени сертификати за успешна инволвираност на лицата со хендикеп кои беа вклучени во тренинг обуки, работилници и курсеви по англиски јазик и компјутерски вештини од страна на едукативните професори од „Семос“ и „Летиком плус“.

Главната порака на оваа завршна конференција беше дека единствено преку јакнење на капацитетите на бизнис секторот, особено преку зајакнување на капацитетите на високиот и средниот менаџмент во компаниите и преку константна поддршка на компаниите на лицата со хендикеп ќе се овозможи  вклучување во работниот процес на лицата со хендикеп.

Овој проект е финансиран од Европската комисија, спроведувач е Министерството за финансии - Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД), заедно со Стопанската комора на Македонија, како координатор на Проектот заедно со „Полио Плус“ - партнер во Проектот и Министерството за труд и социјална политика, како координатор на Програмата за социјална инклузија. 

м-р Ирена Мојсовска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права