23.04.2018 (Семинар)
ОРГАНИЗАЦИЈА И НАДЗОР НА ДОКУМЕНТИРАН СИСТЕМ НА ИНФОРМАЦИИ ВО КОМПАНИЈАТА И ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ

24.04.2018 (Советување)
Вработување согласно одредбите на Законот за работните односи, разлики помеѓу вработувањето на кандидатите според Законот за работните односи и Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници

24.04.2018 (Семинар)
МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT)

26.04.2018 (Инфо сесија)
Инфо сесија на тема: Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија

26.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Измени во подзаконската регулатива во областа на противпожарната заштита

27.04.2018 (Семинар)
ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

30.04.2018 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

30.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БАРАЊА НА СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА, СПОРЕД БАРАЊАТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТАНДАРД ISO 50001:2011 ENERGY MANAGEMENT SYSTEM (ENMS)

08.05.2018 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

Бизнис-настани

08.05.2018 - 09.05.2018


Бизнис средби Виена,  Австрија

Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија


Конференција и меѓународни деловни средби
„FUTURE OF BUILDING“ 
(ИДНИНАТА НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР)
https://buildings2018.b2match.io

8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

Стопанската комора на Македонија, во организација со Стопанската федерална комора на Австрија преку ЕЕН–Европската мрежа на претприемачи и Трговското одделение при Амбасадата на Австрија во Скопје, ве покануваат да учествувате на Конференцијата и деловните средби на настанот „FUTURE OF BUILDING“ („ИДНИНАТА НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР“), што ќе се одржат на 8-9 мај 2017 година, во Виена, Австрија.

Учесниците на Конференцијата ќе имаат единствена можност, преку различни предавања, панел-дискусии, работилници и други активности да се запознаат со најновите трендови во следниве области:

- модерно урбанистичко планирање;
- интелигентни згради;
- нови градежни методи и роботика;
- нови градежни материјали / компоненти и склопови;
- енергетска ефикасност (нула, плус, пасивни куќи);
- одржлива и зелена зграда;
- градежна конструкција;
- природни материјали со нулта емисија;
- патишта и тунели, сообраќајна инфраструктура;
- интелигентна и домашна автоматизација;
- дигитализација (BIM) и (VR);
- модерно реновирање на градот;
- социјално и достапно домување.

Доколку сте заинтересирани, можете да ја искористете можноста за претставување на вашата фирма и да остварите директни средби со австриски фирми, поврзување со повеќе од 500 учесници од 40 земји, организирано посетување и разгледување на иновативни австриски градежни проекти во Виена и околината (6 различни тури) и вечерен прием во Австриската дипломатска академија на презентација и  доделување на наградата на владиниот Проект „Austrian Green Planet Building".

Во прилог се програмата и дополнителни информации за настанот, а следниот линк ве води директно на веб-страната на настанот: https://buildings2018.b2match.io/ .

Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби со австриски фирми, ве молиме, да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://buildings2018.b2match.io/, најдоцна до 30.4.2018 година.

Успешното пријавување на деловните средби со австриски фирми е предуслов за учество на овој настан.

Учеството на Конференцијата е бесплатно, трошоците за патување и сместување во Виена се на товар на компаниите и на учесниците.

Контакт лица:

Ирена Мојсовска, ЕЕН Македонија
Телефон: ++ 389 2 3244 009
E-адреса: irena@mchamber.mk
Стопанската комора на Македонија

________________________________________

Дојчин Смилевски, Трговско одделение при Австриската Амбасада во Скопје
 
Maksim Gorki br.1
1000 Skopje
T +389 2 310 92 32
F +389 2 313 19 68
skopje@advantageaustria.org
www.advantageaustria.org/mk
________________________________________

Iris Marlovits, ЕЕН Австрија
Austrian Federal Economic Chamber - Enterprise Europe Network  Responsibility: Brokerage Event
 https://www.wko.at
 +43 (0) 5 90 900-4320
 iris.marlovits@wko.at


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Ирена Мојсовска
Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: irena@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права