Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

31.01.2018


Актуелно  

НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ И ПОДОБРУВАЊЕ НА РЕГУЛАТИВАТА ЗА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА - ПРЕДИЗВИК НА ГРУПАЦИЈАТА НА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА


Групацијата на обновливи извори на енергија при Стопанската комора на Македонија, на 31.01.2018 година, одржа седница на којашто присуствуваа голем број фирми - инвеститори во обновливи извори на енергија. На седницата, која ја водеше претседателот на Групацијата, Тодор Анѓушев, се расправаше за подобрување на законската регулатива за градба на обновливи извори на енергија, како и за проблемите со кои се среќаваат при градба на истите. Претседателот информираше за активностите кои се преземени од страна на Групацијата по преговорите за измените на Правилникот за утврдување на надомест на штета на дистрибуираните производители на електрична енергија настанати поради намалена испорака или прекин во испорака настанати по вина на операторот на дистрибутивниот систем, кои се водат во Регулаторната комисија за енергетика.

 

Се разви дискусија во врска со најавените Премиум тарифи за обновливите извори, кои кај членките на Групацијата предизвикуваат забуни, заради тоа што не е пропишан начинот и постапката по која тие премиуми ќе се доделуваат. Присутните ги истакнаа проблемите поврзани со измените во проектната документација, со што се одолговлекува изведувањето на постројките за обновливи извори, заради што треба да поминуваат повторно низ постапки за разни дозволи и сл.

 

Присутните заклучија дека решавање на проблемите во оваа област дава резултати само преку заеднички организирани настапувања пред институциите преку оваа Групација.

Перо Авакумовски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права