27.02.2018 (Бизнис средби)
Меѓународните деловни средби за градежништво и градежни материјали „R + T 2018“

27.02.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ВНАТРЕШНИ КОНФЛИКТИ ВО КОМПАНИЈАТА (ВЕРТИКАЛНО И ХОРИЗОНТАЛНО) И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ

28.02.2018 (Семинар)
КЛУЧНИ МЕНАЏМЕНТ ВЕШТИНИ И АЛАТКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

28.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: КОНТРОЛИНГ ВО НАБАВКИТЕ

06.03.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

12.03.2018 (Семинар)
ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА

13.03.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА НА ИНФОРМАЦИИ И ПОДАТОЦИ ВО CLOUD ОПКРУЖУВАЊЕ

16.03.2018 (Семинар)
ПРОДАЖБА НА ПРОИЗВОДИ ЗА ШИРОКА ПОТРОШУВАЧКА, ОДНЕСУВАЊЕTO НА ПОТРОШУВАЧИТЕ, УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТОТ ПРИ НАБАВКА И РЕИНЖЕНЕРИНГ НА ПРОЦЕСИТЕ ЗА НАБАВКИ И ЗАШТЕДИ

21.03.2018 (Семинар)
ИНТЕГРИРАНА ПОСТАПКА ВО СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ДОКУМЕНТИ И ЗАПИСИ, ВО РАМКИТЕ НА АДМИНИСТРАТИВЕН МЕНАЏМЕНТ (ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ) И ДЕЛОВНО-АДМИНИСТРАТИВНО РАБОТЕЊЕ

26.03.2018 (Семинар)
Правилна примена на Законот за работни односи во делот на: судска пресуда како основ за продолжување со работа, дополнителна работа

27.03.2018 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

27.03.2018 (Тренинг обука)
ВЕШТИНИ ВО ФИНАНСИСКОTO РАБОТЕЊЕ

28.03.2018 (Семинар)
Заштита на правото на сопственост, стекнување право на сопственост, стварни права на странски физички и правни лица и постапка за експропријација

30.03.2018 (Семинар)
РАЗВИВАЊЕ СТРАТЕГИЈА ЗА НАСТАП НА СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ

13.04.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби во Бања Лука - ЕЕН мрежа

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

05.02.2018


Актуелно  

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ МОЖНОСТИТЕ ЗА СОРАБОТКА СО РЕПУБЛИКА ФРАНЦИЈА


Амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, Н.Е. Кристиан Тимоние, со директорот на Канцеларијата „Бизнис Франција”, Пиер Лињо, на 5 февруари 2018 година, реализираa посета на Стопанската комора на Македонија и одржаa состанок со претседавачот на Собранието на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев.

На состанокот се разговараше за можностите за зголемување на трговската размена помеѓу двете земји, што може да се поттикне и преку планираниот бизнис форум Франција – Балкан 2018, кој ќе се одржува во Белград, во периодот од 30 мај до 1 јуни 2018 година.

Презентирајќи го форумот, амбасадорот и господинот Лињо, истакнаа дека овој форум е одлична можност за поврзување со деловни партнери од 12 земји, меѓу кои, покрај Франција и земјите од Западен Балкан, ќе бидат и Хрватска, Кипар, Грција, Молдавија и Романија, со што се очекува развој на деловна платформа со повеќе од 250 учесници. Тридневниот форум ќе биде наменет за компании од 5 сектори (земјоделско-прехранбен сектор, инфраструктура, енергетика, информатичка технологија и туризам) и покрај организираните деловни средби, учесниците ќе имаат можност да ги проследат панелите за инвестиции на Балканот, финансирање и развој на бизнисите во регионот.

Како што е договорено, учеството за македонските компании ќе биде без надоместок, а Стопанската комора на Македонија ќе се вклучи во организирањето на стопанствениците за нивно претставување на овој мултилатерален деловен форум.

Претседавачот на Собранието на Комората, Антони Пешев, се заблагодари за поканата и можноста што се отвора за поширока соработка со Франција и останатите земји од регионот, укажувајќи дека доколку постои интерес и простор, средбите би можеле да се прошират и во секторите на фармацевтската и металната индустрија која има значителни извозни активности во наведените земји. Размената конкретно со Франција не е на задоволително ниво, имајќи предвид дека во 2017 година Франција е 23-ти трговски партнер во надворешно-трговската размена на Република Македонија, но состојбите полека се стабилизираат и сега е време поактивно да се работи за да расте соработката и да се зголемува присутноста на француските компании на македонскиот пазар.

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република  Франција за периодот јануари - ноември 2017 година достигна вредност од 157,3 милиони САД$, што претставува раст од скоро 44% во однос на истиот период  2016 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 51,3 милиони САД $ со раст од 126%, додека увозното салдо од 106 милиони САД $ има раст од 22,7%. 

Билјана Пеева-Ѓуриќ











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права