17.01.2018 (Семинар)
КВАЛИТАТИВНО УЧЕСТВО НА ДЕЛОВНИТЕ АСИСТЕНТИ ВО СОГЛАСНОСТ СО ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ, КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И ВОДЕЊЕ СОПСТВЕНА ЕВИДЕНЦИЈА ВО РАМКИТЕ НА ДЕЛОВНИТЕ ПРОЦЕСИ

23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

28.12.2017


Актуелно  

Групација за безбедност и здравје при работа - ЧЛЕНКИТЕ НА ГРУПАЦИЈАТА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ИНФОРМИРАНИ ЗА ВОДЕНИТЕ РАЗГОВОРИ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА


Работната група на Групацијата за безбедност и здравје при работа, на состанокот  одржан на 28.12.2017 година, ги информираше членовите на Групацијата за водените разговори во Министерството за труд и социјална политика и за предлогот за изменување на Правилникот за трошоци. Членките беа информирани дека во разговорите водени со претставниците на Министерството беше побарано Групацијата да биде вклучена во донесувањето на новиот Закон за безбедност и здравје при работа и во донесувањето на сите подзаконски акти, што беше прифатено од претставниците на МТСП. Во дискусијата се посочи дека сегашната законска регулатива не соодветствува со моменталните актуелни состојби во дејноста, за што се сугерираат системски измени на овој закон и на подзаконските акти или донесување на нов Закон за заштита при работа согласно Директивите на Европската унија.

 

Како приоритети за работа на Групацијата во 2018 година се нагласија промените на законската регулатива за безбедност и здравје при работа и нејзино повторно приближување кон законодавството на ЕУ, особено во начинот на полагање стручен испит за стручно лице за безбедност при работа, начинот и условите за овластување на правните субјекти, начинот на контрола на нивната работа, како и ослободување на пазарот (сега постои ценовник на услугите дефиниран од Министерството за труд и социјална политика).

Исто така, беше нагласено дека се забележани и некои неправилности при објавувањето тендери за имплементирање на стандардите во определени компании и установи, чии цени се под минимумот од утврдените со важечкиот Правилник.

Во расправата повторно се актуелизираа одредбите на Правилникот за висината на трошоците за извршување на стручните работи за безбедност при работа, при што се истакна дека со истиот се утврдуваат минималните и максималните цени за извршување на стручните работи за безбедност при работа, кои не кореспондираат со трошоците кои ги имаат фирмите за извршување на својата дејност. Поради потребата за изменување и дополнување на Правилникот, Групацијата изготви текст со предлог-измени на истиот, кој ќе биде доставен до Министерството за труд и социјална политика.

Војкан Николовски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права