17.01.2018 (Семинар)
КВАЛИТАТИВНО УЧЕСТВО НА ДЕЛОВНИТЕ АСИСТЕНТИ ВО СОГЛАСНОСТ СО ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ, КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И ВОДЕЊЕ СОПСТВЕНА ЕВИДЕНЦИЈА ВО РАМКИТЕ НА ДЕЛОВНИТЕ ПРОЦЕСИ

23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

14.03.2011


Соопштенија  

Донација од УСАИД за Република Македонија - ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО И ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ


     Американската агенција за меѓународен развој УСАИД денеска им додели грант во износ од над 5,1 милиони американски долари на пет македонски невладини организации за проекти за поддршка на претприемништвото и енергетската ефикасност во земјава, - објавува МИА.
    Тригодишен грант од 1,3 милиони САД долари доби Центарот за отворање бизнис од Битола за проектот Бизнис без граници, наменет за поддршка на новите и постојните мали бизниси во Пелагонија. Центарот за развој на претприемништвото доби грант од два милиона САД долари, а Македонската занаетчиска асоцијација  за проектот Креативен бизнис доби 265 илјади САД долари. МДЦ-Ти.Нет доби грант за да продолжи со проектот за рециклирање на пластика кој успешно егзистира веќе пет години и преку кој невработените Роми од четири македонски општини заработуваат за живот.
   „Хабитат Македонија“, пак, доби грант од 1,5 милиони САД долари за спроведување на проектот за зголемување на енергетската ефикасност во 30 згради во седум поголеми македонски градови наменети за домаќинства со помали примања, како и за практична обука за учениците.
    - Од 1993 година Владата на САД инвестираше над милијарда долари за поддршка на целите на Македонија. Половината од тие средства се реализирани преку активностите на УСАИД за креирање работни места, намалување на корупцијата и подготовка на македонските ученици за пазарот на трудот на 21. век, - подвлекол амбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер на  прес-конференција, - а го цитира МИА.
    Тој нагласи дека македонските невладини организации се натпреваруваа со многу организации од други земји за да добијат финансирање на овие проекти.
    - Преку грантови им овозможивме на многу македонски компании и НВО да бидат конкурентни на глобално ниво без да се потпираат на владина помош... Веруваме дека ефектите од новите грантови ќе бидат значајни за локалната економија и очекуваме преку нив да се отворат околу 500 нови работни места за жените, младите и членовите на ромската заедница. Во областа на енергетската ефикасност нашиот локален партнер ќе продолжи да ги покажува придобивките од инвестициите насочени кон заштеда на енергија во станбените комплекси за домаќинства со ниски примања, - рече амбасадорот Рикер.
   И Министерството за економија годинава ќе одвои средства за спроведување слични програми преку домашните НВО, фондации, бизнис-центри и инкубатори.
    Министерот за економија, д-р  Фатмир Бесими, се заблагодари за грантовите, но и на невладините организации за успешните проекти со кои конкурирале.
    - Малите и средните претпријатија во Македонија се многу значаен сектор бидејќи се околу 95 отсто од вкупниот број регистрирани компании и во нив се ангажирани 80 отсто од вкупниот број вработени. Тие создаваат околу 50 отсто од македонскиот БДП. Звучи парадоксално, но во услови на глобалната економска криза во Македонија се отворени нови 17.000 мали и средни претпријатија, - нагласил  министерот Бесими.

 











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права