Бизнис-настани

07.06.2018 - 07.06.2018


Саем Мадрид, Шпанија,  Шпанија

САЕМ ЗА ГРАДСКО ПЛАНИРАЊЕ, УРЕДУВАЊЕ И ГРАДСКА ЧИСТОТА „TECMA 2018“



САЕМ ЗА ГРАДСКО ПЛАНИРАЊЕ, УРЕДУВАЊЕ И ГРАДСКА ЧИСТОТА
„TECMA 2018“
11-15 јуни 2018 година
Мадрид, Шпанија

 

 Стопанската комора на Македонија, Ве поканува да земете учество на 19.  Меѓународен саем за градско планирање, уредување и градска чистота, кој ќе се одржи во периодот од 11 до 15 јуни 2018 година во Мадрид, Шпанија. Истиот за првпат ги соединува најголемите саеми од секторот и тоа: Форумот за одржливи решенија за животната средина – Меѓународен саем за рециклирање, Меѓународниот саем за урбанизација, градско планирање и животна средина и Трговскиот саем за хигиена и чистота. Во рамките на саемските активности, ќе бидат организирани и работни средби со раководни лица од градски комунални претпријатија од Мадрид со цел размена на искуства и споделување добри практики.
Кои се излагачи на Саемот?
Компании кои произведуваат и/или продаваат производи, опрема и техника за општинските претпријатија или за претпријатијата кои обезбедуваат услуги за општините од следните сектори:
• урбана опрема;
• третман на вода;
• цврсти отпадоци и сл;
• рециклирање;
• паркови и хортикултурно уредување на градини;
• одржување и украсување;
• капацитети за спорт и рекреација;
• развој на патишта и услуги;
• реновирање;
• опрема и уреди посебно дизајнирани за решавање на архитектонски пречки;
Профил на учесници:
• Централни, регионални и локални власти;
• комунални градежни и компании;
• инженеринг и консултантски фирми;
• лаборатории и истражувачки центри.

АРАНЖМАН:
Сместување и превоз 

- Цената на аранжманот изнесува 58.280 денари и истата вклучува:
• авионски превоз на релација Софија - Мадрид - Софија;
• трансфер со автобуски превоз на релација Скопје - Софија - Скопје;
• трансфер аеродром - хотел - аеродром;
• сместување во хотел со 4* во центарот на Мадрид;
• свечена вечера;
• влезници за саемот;
• разгледување на градот;
• влезница за кралската палата.

* Плаќањето е по добиена фактура на е-адреса од страна на Агенцијата.

- Во цената на аранжманот не е вклучено:

• патничко осигурување;
• влезница за стадионот на Реал Мадрид – „Бернабеу“ – 27 €;
• останати индивидуални посети на културно-историски споменици.

За реализација на програмата потребно е минимум 10 лица.
Последен рок за пријавување е 30 мај 2018 година.

 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Даниела Михајловска
Тел: ++ 389 2 3244021
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: daniela@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права