24.10.2017 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ЈАВНИОТ ВО ДРЖАВНИОТ СЕКТОР СОГЛАСНО СИСТЕМИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ

26.10.2017 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

27.10.2017 (Семинар)
СУДСКИ ПОСТАПКИ, ИСКУСТВА И СУДСКА ПРАКСА ВО ОБЛАСТА НА ДАНОЧНИТЕ ПРЕКРШОЦИ

30.10.2017 (Бизнис средби)
„Саем за директни бизнис средби Кошице 2017“-Словачка, 30.10.2017

31.10.2017 (Семинар)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „EXPORT WEEK 2017“ - 31.10-2.11.2017

01.11.2017 (Тренинг обука)
СО НАПРЕДНИ КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ДО ПОДОБРУВАЊЕ НА ОДНОСОТ СО КЛИЕНТИТЕ, СОРАБОТНИЦИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ, Прага, Р.Чешка

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

02.11.2017 (Тренинг обука)
„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“

02.11.2017 (Семинар)
НАПРЕДЕН EXCEL – КРЕИРАЊЕ EXCEL DASHBOARD

02.11.2017 (Семинар)
Тренинг-обука: ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПРОДАЖБА

02.11.2017 (Саем)
„Match4Industry Business Matching Event“ - 2-3.11.2017, Коџаели, Република Турција

02.11.2017 (Конференција)
Конференција на тема: „Предизвиците на патот кон Европската Унија“-2-3.11.2017 Будва, Црна Гора

06.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА:ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

09.11.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ „RENEXPO®BIH 2017“ - 9.11.2017 Сараево, БиХ

09.11.2017 (Конференција)
Меѓународна дводневна конференција за финансирање на европски програми - Скопски Саем

09.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

09.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

Бизнис-настани

16.10.2017 - 16.10.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

КРЕИРАЊЕ НА ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ И МОТИВИРАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ КАКО ВАЖЕН МЕХАНИЗАМ ЗА РАЗВОЈ


Тренинг обука на тема:

КРЕИРАЊЕ НА ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ И МОТИВИРАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ КАКО ВАЖЕН МЕХАНИЗАМ ЗА РАЗВОЈ

18 октомври 2017 година (среда)
10:00 - 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

          Стопанската комора на Македонија на 18 октомври 2017 година (среда), Ве поканува да земете учество на тренинг обуката на тема: Креирање на ефикасен систем за оценување и мотивирање на вработените како важен механизам за развој, која ќе биде исполнета со интерактивни вежби преку кои ќе може да научите како да ги унапредите своите вештини при креирање на ефикасен систем за мотивирање и правилно оценување на вработените, с`e со цел да се постигнат подобри и поефикасни резултати од самите вработени, а со тоа и постигнување на целта на самата компанија, притоа не занемарувајќи го нивното задоволството за вложениот труд.
Креирањето на систем за оценување и мотивирање е еден од важните  механизми за развој на организацијата. Многу често организациите се  базирани на постојано бркање на рокови, интензивно работење и влегување од еден проект во друг. Недостатоците и грешките се коригираат во  текот на работењето. Таквиот пристап прави вработените да немаат јасна претстава кои се нивните силни и слаби страни, каде грешат и каде треба да се поправат. Многу пати и менаџерите имаат сознанија за тоа што не им се допаѓа од начинот на пристап и работење на своите вработени, но немаат канал како тоа да го изразат. Таквата состојба создава недореченост и незадоволство на двете страни. Тоа директно се одразува на начинот на работење  и на ефикасноста на организацијата.

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА:

•  Што е мотивација;
•  Мотивацијата преку призмата на човековите потреби;
•  Што се тоа мотиватори;
•  Идентификување на личните мотиватори;
•  Улогата на личниот вредносен систем во самомотивираноста;
•  Идентификување на личниот вредносен систем;
•  Материјални и нематерјални фактори на мотивација;
•  Наградата како мотиватор;
•  Казната како мотиватор;
•  Целта како мотиварот;
•  Смислата и значењето како мотиватор;
•  Односот и комуникацијата како мотиватор;
•  Припадноста како мотиватор;
•  Автономијата и слободата како мотиватор;
•  Можноста за продонес како мотиватор;
•  Можноста за учење и развој како мотиватор;
•  Мотивациски профил на секој вработен;
•  Лидерот како мотиварот;
•  Споредувањето како фактор во мотивацијата;
•  Осетливоста на мотивацискиот процес на надворешни влијанија;
•  Цел на системот за оценување;
•  Дефинирање на општи компетенции за оценување;
•  Дефинирање на специфичните компетенции за оценување за секое работно место;
•  Процес на одредување на оценка;
•  Мерки за избегнување на субјективноста во оценувањето;
•  Процес на подготовка за соопштување на оценките;
•  Насоки за успешно соопштување на оценките;
•  Дефинирање на план за развој;
•  Насоки за успешно давање на конструктивен фидбек;
•  Пречки при давање и фидбек и постапки како да се надминат;
•  Основи на коучингот;
•  Што е личен развој;
•  Цели на личниот развој;
•  Фази на личниот развој;
•  Самосвесноста како клучен елемент за личен развој;
•  Алатки и техники за зголемување на самосвесноста;
•  Емоционалната интелигенција како дел од процесот на личен развој;
•  Социјалното учење како основа за себе развој;
•  Процес на себе освестување преку теоријата на Џо-Хари прозорецот;
•  Пречки во примена на сознанијата од теоријата на Џо-Хари прозорецот и насоки за нивно надминување;
•  Личниот развој, низ концептот на искуствено учење;
•  Пречки во практикување на искуственото учење и насоки за нивно надминување;
•  Важноста на самодисциплината и самоконтролата.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА?

• За менаџери, управители и директори на сите нивоа и сектори во организациите;
• за раководители и останати вработени од сите нивоа во човечки ресурси, правен сектор, од финансии, производство, набавки и сите останати кои сакаат да ги усовршат своите вештини и знаења по дадената проблематика.

Предавач:

          -Професор д-р Лазар Ѓуров, еден од најактивните и најистакнатите консултанти и обучувачи во Македонија. Тој е универзитетски професор на Воената академија и Бизнис Академија Смилевски. Таму ги предава предметите Организација и менаџмент, Лидерство, Комуникации и комуникациски вештини и Интерперсонални деловни вештини.
           Тој е основач и претседател на Институтот СИМБИОТИКА. Автор е на две книги за лидерство. Како обучувач е сертифициран од Универзитетот за едукација и комуникации - Jönköping од Шведска. Неговите обуки постојано добиваат највисоки оценки. Во 2010 година од Центарот за развој на претприемачи и менаџери – CEED доби награда за најдобра обука во конкуренција на обуки од реномирани обучувачи и експерти од земјава и странство.
          Негова омилена тема му се конфликтите затоа што во нив се содржи целокупната практична примена на сите комуникациски вештини и емоционалната интелигенција и затоа што од успешната трансформација на конфликтите зависи дали некоја фирма забрзано ќе расте и ќе напредува или ќе тоне во трошење на енергијата во долги и измачувачки директни или индиректни расправии.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
-  работен материјал;
-  ручек и освежување;
-  сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до 12 октомври 2017 година. 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права