23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

18.09.2017 - 18.09.2017


Конференција Сараево,  Босна и Херцеговина

МЕЃУНАРОДНА БИЗНИС КОНФЕРЕНЦИЈА „КАНТОН САРАЕВО 2017“- 27-28.09.2017 САРАЕВО, БИХ


 

МЕЃУНАРОДНА БИЗНИС КОНФЕРЕНЦИЈА „КАНТОН САРАЕВО 2017“

(“Sarajevo Kanton Fair 2017”)

 27-28 септември 2017 година
 Сараево, Босна и Херцеговина

     Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за економија на сараевскиот кантон и Стопанската комора на кантонот Сараево, ве покануваат да бидете дел од Меѓународната бизнис конференција „Кантон Сараево 2017“, што ќе се одржи во периодот од 27-28 септември 2017 година во Сараево, Босна и Херцеговина.

     Како и секоја така и оваа година, на Конференцијата е предвидено да учествуваат експерти од областа на економијата и финансиите од земјата и од  странство, како и претставници на домашни и странски компании од различни сектори и индустрии.

     Целта на Конференцијата е да се претстават потенцијалите за инвестирање во сараевскиот кантон, како и можност за продлабочување на веќе воспоставените деловни релации, запознавање со нови бизнис партнери од овој регион, размена на искуства и знаење и изнаоѓање нови форми за понатамошна успешна соработка. Од тие причини, оваа година на Конференцијата главен акцент ќе биде ставен на билатерланите средби.
 
     Учеството на Конференцијата е бесплатно, а трошоците за патување и сместување се на товар на компаниите - учеснички.

     За учество на претстојната Меѓународна бизнис конференција „Кантон Сараево 2017“, можете да се пријавите со пополнување на пријавниот лист во прилог, најдоцна до 18 септември 2017 година (понеделник).

     За дополнителни информации во врска со настанот, Ве молиме контактирајте со:
м-р Сања Николова, тел:+389 2 3244 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk

 

Во прилог:
- Агенда и
- Пријавен лист.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Сања Николова
Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: sanja@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права