27.06.2017 (Настан)
ИНФОРМИРАЊЕ НА КОМПАНИИТЕ ЗА ПРИДОБИВКИТЕ И ОБВРСКИТЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

28.06.2017 (Семинар)
АНАЛИЗА НА СТРЕСОГЕНИТЕ ФАКТОРИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА И СИНДРОМОТ НА СОГОРУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

28.06.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА СО ПРИМЕНА НА EXCEL

29.06.2017 (Семинар)
МЕНИЦА И МЕНИЧНИ ДЕЈСТВИЈА

29.06.2017 (Семинар)
БЕЗБЕДНО ДЕЛОВНО ОПКРУЖУВАЊЕ

29.06.2017 (Тренинг обука)
Тренинг обука на тема:КРЕИРАЊЕ НА ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ И МОТИВИРАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ КАКО ВАЖЕН МЕХАНИЗАМ ЗА РАЗВОЈ

04.07.2017 (Инфо сесија)
ИНФО СЕСИЈА НА ТЕМА: ИНФОРМИРАЊЕ НА КОМПАНИИТЕ ЗА ПРИДОБИВКИТЕ И ОБВРСКИТЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

05.07.2017 (Семинар)
НАПЛАТА НА СПОРНИ ПОБАРУВАЊА ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

14.07.2017 (Семинар)
АНТИСТРЕС ТРЕНИНГ ЗА ЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕС НА РАБОТНОТО МЕСТО (СТРЕС МЕНАЏМЕНТ СТРАТЕГИИ И ТЕХНИКИ)

17.07.2017 (Форум)
КИНЕСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ 2017 - 17-19.07.2017 ПРАГА, Р.ЧЕШКА

19.09.2017 (Саем)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „FOOD ISTANBUL 2017“

19.09.2017 (Конгрес)
10. Светски Коморски Конгрес - 19-21.09.2017 Сиднеј, Австралија

20.09.2017 (Саем)
САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ- 20-24.09 БУДВА, ЦРНА ГОРА

22.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ-EEН „ ARCH 2017“ (ГРАДЕЖEН СЕКТОР) на 22 септември 2017 година, во Прага, Република Чешка

27.09.2017 (Бизнис средби)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „ INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “

28.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ – 28-29 септември 2017 Тирана, Албанија

02.10.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

20.03.2017


Актуелно  

Одржана бесплатна презентација на словенечката фирма „EPPS - Elektronsko Pismo Pošte Slovenije“ - МОЖНОСТИ ЗА ДЕЛОВНА СОРАБОТКА СО ИНСТИТУЦИИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА


Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија на 16.3.2017 година во Стопанската комора на Македонија организираа презентација на „EPPS - Elektronsko Pismo Pošte Slovenije“.

Настанот го отвори Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија која потенцираше дека оваа презентација е уште една потврда дека двете земји имаат воспоставена одлична деловна соработка и во континуитет ќе се работи на зголемување на соработката од ваков тип на презентации на компании од двете земји.

 

„Целта на оваа презентација е да се интензивира деловната  соработка и да се поттикне можноста компаниите и институциите да се поврзуваат и да остваруваат успешни деловни контакти, како и заеднички да се работи на подобрување на услугите, квалитетот и цената која се нуди“, - додаде Јадранка Аризанковска.

„Соработката традиционално е на високо ниво и таа треба да продолжи да се интензивира и да се поттикне можноста компаниите и институциите да се поврзуваат со цел да остваруваат успешни деловни контакти“, - истакна  aмбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, проф. д-р Милан Јазбец.

Тој  искажа  надеж дека професионалното работење на „EPPS - Elektronsko Pismo Pošte Slovenije“ ќе овозможи уште подобри услуги за компаниите и институциите од Македонија.

Госпоѓата Моника Зајц, заменик извршен директор на „EPPS - Elektronsko Pismo Pošte Slovenije“, при презентацијата ја претстави компанијата како  најголем центар за електронско работење и достава во Југоисточна Европа, со месечна испорака на повеќе од 8,5 милиони пратки од различни видови и форми на маркетинг материјали кои се движат од 100 до над еден милион пратки месечно за индивидуални клиенти.

Покрај услугите за подготовка и печатење на извештаи, компанијата „EPPS - Elektronsko Pismo Pošte Slovenije“ нуди и електронско (бесхартиено) е-управување на документи, „оддалечено печатење“, подготовка и испраќање на е-сметки, како и електронско зачувување на документацијата во нивниот акредитиран архив.

Со иновативниот развој на технологиите и професионален консалтинг, „EPPS - Elektronsko Pismo Pošte Slovenije“ помагаат во модернизирање на работењето, намалување на трошоците и поефикасно спроведување и контрола на бизнис-мрежата во повеќе од 650 компании од различни области, во Словенија и во странство.

Компанијата „EPPS - Elektronsko Pismo Pošte Slovenije“ е фирма-ќерка на „Словенечки пошти“, основана во 1998 година и е 100% сопственост на „Словенечки пошти“.

На презентацијата присуствуваа околу 70 претставници од Македонија и тоа од банки, осигурителни компании, јавни комунални претпријатија, град Скопје, министерства и општини, администрација, електродистрибуција и основни и средни училишта кои заинтересирано ги следеа услугите кои ги нуди оваа компанија.

По завршувањето на презентацијата, претставниците на „EPPS - Elektronsko Pismo Pošte Slovenije“ имаа можност да разменат контакти и да споделат искуства со македонските претставници за можна идна деловна соработка.

м-р Ирена Мојсовска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права