04.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

05.05.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И УРБАНИЗМОТ

08.05.2017 (Саем)
„MACH-TECH and INDUSTRY DAYS 2017"- 8-10.05.2017, Будимпешта, Унгарија

09.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БУЏЕТИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО

09.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017" 9-10 мај 2017 година во Луксембург

11.05.2017 (Семинар)
ДЕТЕКТИРАНИ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ЕДНОДЕЦЕНИСКИТЕ ИЗМЕНИ НА ОДРЕДБИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ

15.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ AgroB2B@NSFair " на 15 мај 2017, во Нови Сад, Србија

15.05.2017 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ: МАКЕДОНИЈА – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА,15 МАЈ 2017, СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

17.05.2017 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „THE FUTURE OF BUILDING“

17.05.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ

23.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ И РЕАЛНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

23.05.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

25.05.2017 (Тренинг обука)
Советување на тема: Антистрес тренинг за ефикасно управување со стрес на работното место (стрес менаџмент стратегии и техники)

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

21.04.2017


Актуелно  

Во Штип одржан информативен настан на тема: ИПАРД 2 – ЕВРОПСКИ ПАРИ ЗА АГРОБИЗНИСИТЕ


Во организација на Регионалната комора со седиште во Штип на 21.4.2017 година во просториите на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделието во Штип беше одржан информативен настан на тема: ИПАРД 2 – Европски пари за агробизнисите. Компаниите-членки на Стопанската комора на Македонија - потенцијални апликанти, беа информирани за можностите кои ги нуди новата ИПАРД Програма 2014-2020. Предавачи на овој информативен настан беа Илчо Маролов, советник во АПРЗ Штип и м-р Васко Златковски од Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Тие пред присутните компании, претежно од земјоделскиот сектор ги презентираа двете мерки:  „Инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи“  и „Диверзификација на земјоделските стопанства и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2014-2020, а се разгледуваа и прифатливи инвестиции, критериуми, потребни документи за поднесување барања, склучување договори, поднесување барања за исплата, проблеми од претходниот програмски период ИПАРД 2007-2013 година.

 

Исто така, од Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделието изјавија дека стојат на располагање на потенцијалните апликанти во подготовката на целокупната документација. Беше истакнато дека за разлика од претходниот период  има промени во критериумите  за аплицирање кои се олеснети, и тоа дава позитивен знак дека на наредниот повик се очекува да бидат искористени многу повеќе средства.

 

Регионалната комора со седиште во Штип и понатаму им стои на располагање на компаниите организирање вакви и слични информативни настани и работилници, се` со цел навремено добивање на потребните информации  за помош и поддршка на стопанството.

Моника Стоичева











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права