23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

04.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Настан)
Симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

01.08.2017 - 01.08.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

СУДСКИ ПОСТАПКИ, ИСКУСТВА И СУДСКА ПРАКСА ВО ОБЛАСТА НА ДАНОЧНИТЕ ПРЕКРШОЦИ


Еднодневен семинар на тема:

СУДСКИ ПОСТАПКИ, ИСКУСТВА И СУДСКА ПРАКСА ВО ОБЛАСТА НА ДАНОЧНИТЕ ПРЕКРШОЦИ

27.10.2017 година (петок)
9:30-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

 

          Стопанската комора на Македонија, на 27.10.2017 година, организира еднодневен семинар на тема: СУДСКИ ПОСТАПКИ, ИСКУСТВА И СУДСКА ПРАКСА ВО ОБЛАСТА НА ДАНОЧНИТЕ ПРЕКРШОЦИ.

          На семинарот ќе се направи осврт на законските измени кои директно се рефлектираат на процедурата пред прекршочните органи и судската постапка во областа на даночните прекршоци. Ќе се изврши анализа на прекршочната и судската процедура пред и по донесувањето на новиот Закон за прекршоци, Законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, Закон за даночна постапка и материјалните закони (Закон за регистрирање на готовински плаќања, Закон за персонален данок на доход, Закон за данок на додадена вредност). Во контекст на наведеното, ќе се запознаат даночните обврзници со нивните права и во таа насока дејствија кои можат да ги преземат за реализација на своите права во текот на прекршочната и судската постапка, како и анализа на досегашните судски искуства и пракса во решавањето на судските предмети од областа на даночните прекршоци.

 
ПРОГРАМА

- Општо за даночните прекршоци;
- Измени во законската регулатива (Закон за прекршоци, Закон за основање на  Државна комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, материјални закони);
- Надлежност и постапување на Управата за јавни приходи во прекршочните постапки од областа на даноците;
- Надлежност и постапување на Државната комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка;
- Судска постапка и права на даночните обврзници во судската постапка;
- Актуелна судска пракса и искуства.

Овој семинар е наменет за сите вработени во сметководствено-финансискиот сектор, правните служби и останати законски застапници.

Предавач:
 - Даниела Антовска, судија на Управен суд – Скопје.


За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
  - работен материјал;
  - ручек и освежување;
  - сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до 24.10.2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права