26.06.2018 (Презентација)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПОДЗАКОНСКИТЕ АКТИ ЗА ИСКОРИСТУВАЕЊЕ НА МЕРКИТЕ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИТЕ

28.06.2018 (Семинар)
Предвиденост на надомест на штета во Законот за работни односи, видови надомест на штета, обврска на работодавачите за обезбедување безбедни услови за работа, покренување на прекршочна постапка против работодавач и постапка по жалба

03.07.2018 (Семинар)
ВОВЕД ВО ISO 37001:2017 СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

05.07.2018 (Советување)
КРШЕЊЕТО НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА ИЛИ РАБОТНИТЕ ОБВРСКИ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ОТКАЗ

07.07.2018 (Форум)
7ми Самит и бизнис форум на шефовите на влада на земјите од Централна и Источна Европа и Кина

12.07.2018 (Работилница)
ПОРАМНУВАЊЕ И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ИСПЛАЌАЊЕ НА ПЛАТА, ПРЕСМЕТКА НА НАДОМЕСТ НА ПЛАТА ПО ОСНОВ НА ВРЕМЕНА НЕСПОСОБНОСТ ЗА РАБОТА – БОЛЕДУВАЊЕ, ПАУЗИ И ОДМОРИ

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

06.02.2018


Актуелно  

ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА ЗА ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ НА ИНОВАТИВНИ МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ПРЕКУ КОРИСТЕЊЕТО НА „INNOVFIN“ - ИНСТРУМЕНТИТЕ


На 05.02.2018 година Стопанската комора на Македонија, заедно со Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, како дел од Конзорциумот „Enterprise Europe Network – Македонија“ го организираше настанот „Access4SMEs: Подобрување на состојбата за пристап до финансии на иновативни мали и средни претпријатија“. На настанот на кој присуствуваа претставници од банкарскиот сектор, инвестициските фондови, бизнис инкубатори и бизнис акселератори за поддршка на мали и средни претпријатија, беа претставени  „Innovfin“ – инструментите на Програмата Хоризонт 2020.


"InnovFin – EU Finance for Innovators" претставува заедничка иницијатива на Европската инвестициона банка и Европскиот инвестициски фонд во соработка со Европската комисија во рамките на Програмата „Хоризонт 2020“ и има за цел да го олесни пристапот до финансии за иновативните бизниси. Наменет е за развојно ориентирани компании и иновативни проекти, компании кои вложуваат во современи технологии, енергетска ефикасност и го унапредуваат своето работење. При тоа, како иновација се смета секоја инвестиција која е нова за компанијата и која придонесува за модернизација на процесите, и за постигнување поголема економичност и ефикасност во работењето.


Пред присутните беа презентирани можностите за поддршка на иновациите на малите и средни претпријатија, преку активностите кои се преземаат од страна на Стопанската комора на Македонија за поддршка за поголема ефективност, преку Мрежата на национални контакт лица за поддршка на пристапот до финансии за иновативните мали и средни претпријатија, како и преку Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ за унапредување на нивните иновации и научно истражувачки капацитети.


На настанот, свое излагање имаа и претставници од француската инвестициска банка – „BpiFrance“, г-ѓа Силви Коњо и г-дин Александр Жан кои пред присутните ги споделија искуствата на „BpiFrance“ во користењето на овој инструмент, и позитивните примери за унапредување на можностите за пристап до финансии на малите и средни претпријатија. Посочено беше дека „BpiFrance“ поддржува иновативни проекти преку обезбедување на грантови, повратни аванси, безкаматни кредити, кредити за финансирање на иноватиивни производи и услуги, како и кредити за почетни и капитални инвестиции. „BpiFrance“ го обезбедува пристапот на малите и средни претпријатија до „Innovfin“ инструментите на директен начин, преку обезбедување на грантови и кредити директно наменети за компаниите, и индиректно преку преземање на ризикот на банките и инвеститорите во висина од 40 до 70%.


 Главните инструменти на Европската инвестициона банка и Европскиот инвестициски фонд за поддршка на МСП се обезбедуваат преку:
   - COSME Loan Gurantee Facility (обезбедува поддршка на претпријатија во фаза на раст, преку заеми во максимален износ од 150 000 евра во времетраење од 12 месеци)
   - Innovfin SME Guarantee (обезбедува поддршка за иновативни претпријатија во износ од 25.000 до 7,5 милиони евра за период од 1 до 10 години)
   - Innovfin Mid cap Guarantee (за иновативни фондови под пазарни услови, за износи поголеми од 7,5 милиони евра)
   - Creative Europe (Creative Cultural Sector Guarantee Facility за поддршка на претпријатија од креативните индустрии, во износ до 150 000 евра за период до максимум 12 месеци).


На настанот обраќање имаше и г-дин Милан Дамчевски, претставник од Прокредит Банка АД Скопје, како локален корисник на Innovfin инструментите. Пред присутните, г-дин Дамчевски посочи дека Прокредит Банка е корисник на “InnovFin” инструментите започнувајќи од јуни 2016 година, и дека досега преку оваа гарантна шема досега биле дадени вкупно 261 кредит, при што главна целна група се мали и средни претпријатија кои се ориентирани кон развој и иновативни активности. При тоа, најголем дел од корисниците на кредити преку оваа гарантна шема се од секторот трговија (34%), градежништво (23%), транспорт и други услуги (21%), производство (16%), додека мал е бројот на корисници од секторот земјоделство (6%), имајќи предвид дека користењето на овој инструмент е неспоиво со можноста за користење на средства преку други европски програми. Посочи дека „InnovFin” инструментите обезбедуваат поголем круг на поволности како за клиентите, така и за самите банки.


Присутните имаа можност да ги разменат позитивните практики и искуства за искористување на овие инструменти, со цел истите да станат подостапни за македонските субјекти.


Д-р Татјана Штерјова











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права