23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

16.10.2017 - 17.10.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ДЕЛОВНА АДМИНИСТРАЦИЈА (КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ) ЗА ИЗВРШНИ АСИСТЕНТИ И ПЛАНИРАЊЕ РЕСУРСИ


Дводневна обука на тема:

ДЕЛОВНА АДМИНИСТРАЦИЈА (КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ) ЗА ИЗВРШНИ АСИСТЕНТИ И ПЛАНИРАЊЕ РЕСУРСИ

16 и 17.10.2017 година (понеделник-вторник)
9:30 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат


          Со Законот за архивски материјал, се доуредуваат определени прашања кои се однесуваат на канцелариското работење, движењето на документите во институцијата, архивското работење, скенирање на документите директно во деловодникот, како и распределувањето на документите по вработени во институциите.
          Целта на обуката е да се разработат темите кои се однесуваат на усогласеноста помеѓу рачното водење на деловодникот и е-деловодник, како и водење на останатата пропратна документација за канцелариското и архивско работење, согласно Упатството за начинот на одбележување на документите со рокови на нивно чување, водењето попис на документи, начинот на нивно водење и во кои случаи се применува водењето на интерна доставна книга и сите останати помошни книги.
         Планирањето на ресурсите претставува една од клучните теми на овој семинар, во функција на реализација на вертикална и хоризонтална комуникација (интерно во компанијата), како и во рамките на реализацијата на главните процеси за реализација на производот/услугата, начинот на креирање на интерактивни планови за распределување и нивелација на ресурси, како и потребните вештини и техники во деловната администрација.

Целна група

          Директорите/раководителите на секторите за нормативно-правни работи во компаниите, вработените во компаниите задолжени за архивско и канцелариско работење, извршните асистенти и раководители кои имаат директно учество во процесот на планирање на ресурси (човечки, технички и останати), како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на  канцелариското и архивското работење, да се информираат со последните актуелности и новини во Законот архивски материјал, како и да започнат со водење електронска архива (водење на е-деловодник).

Програма на семинарот:

Канцелариско и архивско работење

Деловна администрација и планирање на ресурси

- Закон за архивски материјал;
- Приватен  архивски  и  документарен материјал;
- Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење;
- Уредба за канцелариско и архивско работење;
- Правилник за кадровски, технички и просторни услови за работа на документарните центри;
- Упатството за начинот на одбележување на документите со подолги рокови на користење;
- Канцелариско работење;
- Движење на документите;
- Архивско работење;
- Распределување на документите по вработен;
- Дефинирање на сопствени независни категории и поткатегории.

Водење на попис на документи, начин на водење и во кои случаи се применува водењето на интерна доставна книга и сите останати помошни книги (книга за место, книга за пошта).

Извршно управување во деловна администрација:

- Деловната комуникација и интерперсоналните односи во организацијата;
- Вертикални и хоризонтални процеси во организацијата, комуникацијата со клиентите и останатите деловни партнери;;
- Вештини и техники за реализација на извршни задачи, преку:   • Содржински дел – содржината на пораката која
  се комуницира;
  • Односен дел – релациите што се воспоставуваат меѓу
  комуникаторите;       

- Документација и содржински целини на канцелариско и архивско работење;
- Деловна администрација – техники на работење.

Планирање на ресурси:
• Одговорности и овластувања и структура по функции;
• Компетентност, како основа за планирање на човечки ресурси;
• Сегрегација на должности;
• Вештини за управување на ресурси
  (од различен карактер);
• Креирање на ресурсен план;
• Нивелација на ресурси.

Оптимизација на планови во однос на процес/човечки ресурсии креирање на т.н. резервни планови во однос на клучни цели.

• Користење на документација (канцелариско и
архивско работење) во однос на планирање на ресурси.

Предавачи:
- м-р Валентина Тодоровска, управител на друштвото „Акаунтинг Солушнс Валентина” ДООЕЛ - Скопје, со 25 години работно искуство во областа на архивското и канцелариското работење и специјалност во областа на финансиски менаџмент и

- Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант, управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ - Скопје, со 22-годишно искуство во областа на менаџментот.

За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.

Краен рок за пријавување: 12 октомври 2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права