28.08.2018 (Форум)
Меѓународни деловни средби - „MEET4BUSINESS AGRA 2018“ - 28.08.2018 Р.Словенија

05.09.2018 (Работилница)
ОБВРСКИ ЗА СОСТАВУВАЊЕ НА ГОДИШНА СМЕТКА, ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ, РЕВИЗИЈА, РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТ И ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE- 10-12.09.2018

11.09.2018 (Семинар)
ИНТЕРЕН МАРКЕТИНГ – СПОЈ НА МАРКЕТИНГОТ И ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ

14.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

14.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

18.09.2018 (Семинар)
ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

21.09.2018 (Семинар)
НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

26.09.2018 (Форум)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

26.09.2018 (Семинар)
НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ АЛАТКИ И ПОСЕБНИ НАЧИНИ НА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

31.01.2018


Актуелно  

УНИКАТНА БИЗНИС МОЖНОСТ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ОБЛАСТА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА


Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија, на седницата одржана на 31.01.2018 година, расправаше за претстојниот Дигитален самит што ќе се одржи во Скопје, на 18 и 19 април 2018 година.

 

Ова ќе биде Самит на кој ќе се сретнат политичарите и бизнис заедницата од регионот на Западен Балкан, со цел да се разговара за процесот на дигитализација во регионот, како и за поставување на целите во иднина, а од кои влијае и целокупниот економски развиток.

Во рамките на Самитот ќе стане збор за досегашното ниво на дигитализација во стопанството во рамките на регионот, а ќе се предложат и нови идеи со цел зголемување на дигитализацијата во секој апсект од општествениот живот, кои ќе вродат со зголемено темпо на усогласување со барањата на новото дигитално време, а со тоа ќе се услови зголемување на продуктивноста, поголема додадена вредност и развој на целокупната економија во земјите од Западен Балкан. Покрај редовните бизнис средби, ќе бидат претставени и идеи за вложување и развој на дигиталните вештини.

 

На седницата стана збор и за потребата од поголеми инвестиции во софтверски решенија, како и други опции за дигитализација, со што ќе се надминат одредени поодминати методи во економиите на Западен Балкан и ќе се заменат со најсовремени практични вештини каде истите ќе бидат од корист на регионалното стопанство.

Игор Тасевски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права