17.01.2018 (Семинар)
КВАЛИТАТИВНО УЧЕСТВО НА ДЕЛОВНИТЕ АСИСТЕНТИ ВО СОГЛАСНОСТ СО ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ, КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И ВОДЕЊЕ СОПСТВЕНА ЕВИДЕНЦИЈА ВО РАМКИТЕ НА ДЕЛОВНИТЕ ПРОЦЕСИ

23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

09.01.2018


Актуелно  

СТАВ: ДАЛИ НИ Е ПОТРЕБЕН БЕРЛИНСКИОТ ПРОЦЕС ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА ИЛИ НИЕ РЕГИОНАЛНО СОРАБОТУВАМЕ И ГО ДОБИВАМЕ БЕРЛИНСКИОТ ПРОЦЕС КАКО НАГРАДА?


Бранко Азески, претседател
Стопанска комора на Македонија

Факт е, дека повеќе од 25 години на овие простори не беше сфатена  главната порака од ЕУ, дека мора да се соработува регионално. Напротив, државите од Западен Балкан бегаа од таа иницијатива, бидејќи во таквиот вид на соработка ја препознаваа идејата за обновување на поранешна Југославија, иако свесни дека и самата ЕУ е настаната како резултат на принципиелна регионална соработка.

Историски гледано, економијата секогаш е таа која прва гради мостови на поврзување меѓу земјите. Ако се погледне деценија наназад, слободно од оваа дистанца, со сигурност може да се истакне дека од 2000 година наваму Западниот Балкан доживува економски трансформации. Несомнено е дека уште многу треба да се направи, особено сега кога сите земји во регионот се насочени кон заедничка европска иднина. За ова сведочат и реформите кои се спроведуваат во земјите на Западен Балкан, иако постојат ризици и неизвесности, но сепак има напредок во однос на изминатите години. 

Сепак, трговските текови покажуваат дека растот на извозот во регионот не е поттикнат од зајакнувањето на внатрешно-регионалната трговија, туку главно поради зголемената побарувачка на клучните пазари на ЕУ (на пример, Италија и Германија). Иако вкупниот износ на извозот на ЦЕФТА регионот се зголеми од 20 милијарди евра во 2011 година на 25 милијарди во 2015 година, обемот на трговијата во регионот едвај се зголемил. Повеќето од земјите во голема мера зависат од пазарот на ЕУ (60-70 отсто од нивниот извоз), а ЦЕФТА се наоѓа на второто место со учество од околу 10 отсто. Ваквата статистичка слика доволно говори дека земјите од регионот самостојно сеуште не успеваат да стимулираат поголема трговска соработка.

И после 10 години од имплементацијата на ЦЕФТА-договорот, регионот се` уште не е консолидиран и не е постигната целосна хармонизација на пазарот во мера која на подолг рок би гарантирала стабилност и исплатливост на инвестициите кои доаѓаат од надвор. Пред 6 години кога заедно со коморите од регионот организиравме регионална конференција за германските инвестиции како развоен фактор на ЦЕФТА земјите, се обидовме да најдеме предлог решенија како ЦЕФТА-регионот да стане единствена инвестициска дестинација, со посебен осврт и на можностите за инвестирање  внатре во самиот регион. Притоа од страна на Унијата на германските трговско-индустриски комори беше укажано дека германските инвеститори сакаат да вложуваат во држави со подобра бизнис-клима во делот на административните процедури и сертифицирањето, без ризични зделки и без корупција. Во сите нивни анкети што ги направиле кај претпријатијата, како најголеми проблеми  секогаш биле посочувани административните постапки,  сертифицирањето и корупцијата.  Кога ова беше посочено не се мислеше само на Македонија, туку на сите земји во регионот. Не треба да се занемари и фактот дека станува збор за  различни култури и различни деловни етики.

Но, нашите компании и покрај децениската примена на ЦЕФТА, работат на регионален пазар во кој немаме меѓусебно признавање на сертификатите и други документи кои гарантираат квалитет и технички стандарди, прописите не се усогласени, цените на администрирање на увозот и извозот се различни и високи, царинските процедури се неповрзани. За сите овие прашања ние како комори во регионот сме имале свои укажувања и истите сме ги презентирале во рамки на официјалните активности и настани пред ЦЕФТА структурите.

Перспективите за унапредување на соработката

Во повеќегодишниот акционен план за регионална економска област е предложена структурирана агенда за регионална економска интеграција, промовирање на понатамошна трговска интеграција, воведување динамичен регионален инвестициски простор, олеснување на регионалната мобилност и креирање на агенда за дигитална интеграција. Очекувањата се дека со овие активности ќе се овозможи непречен проток на стоки, услуги, капитал и висококвалификувана работна сила, со што регионот ќе стане поатрактивен за инвестиции и трговија, ќе се услови процесот на забрзување на патот кон ЕУ и просперитет на сите граѓани, создавајќи еднакви услови за сите во регионот. На економско ниво, приоритет се дава на транспортната и енергетската инфраструктура, развој на малите и средни претпријатија и поттикнување на инвестициите.

Спроведувањето на сеопфатната агенда изнесена во планот ќе бара силно партнерство меѓу властите во ЗБ, приватниот сектор, меѓународните организации и донаторите активни во обезбедување на поддршка и Европската унија. Притоа многу е значајна посветеноста во партнерскиот однос со приватниот сектор во регионот за да се осигура дека активностите кои се спроведуваат имаат целосна поддршка на бизнисот во регионот, односно дека половина милион компании кои работат во земјите од Западен Балкан имаат подобра средина во кои тие ќе може да растат, да инвестираат, вработуваат и да го користат Регионалниот економски простор како основен пат до надворешните пазари.

Во таа насока за следниот период активностите на деловните асоцијации ќе бидат насочени кон:

    1. обезбедување на слободното движење на стоки / услуги во целиот регион со цел намалување на трошоците и зголемување на конкурентноста на стоките и услугите на глобалниот пазар. Во таа насока потребно е сите царински постапки да бидат јавно достапни на веб-страниците на царинските испостави низ целиот регион и со тоа да бидат транспарентни, достапни и предвидливи. Да се постигне унифицирање на сите царински декларации, процедури (исто така овозможувајќи целосна кумулација на потекло и враќање на давачките) и стандардизација на сите инспекции, вклучувајќи санитарни, фитосанитарни, ветеринарни и др., на регионално ниво во согласност со стандардите на ЕУ, така што секоја земја ќе ги признае истите гранични декларации, документација за одреден тип на производи од сертифицирани лаборатории, агенции, итн. Дизајнирање и имплементација на регионален ИТ систем за поврзување на сите царини во регионот за поддршка на хармонизирана и усогласена регионална царинска документација и постапки за инспекција со цел да резултира со минимално време на чекање на границите. Неопходно е елиминирање на сите нетарифни бариери во целиот регион како и либерализација на трговијата со услуги, особено во областа на финансиите, осигурувањето, транспортот (на пример, дозволи за патниот транспорт), туризмот; либерализација на електронската трговија, либерализација во прекуграничен пренос на податоци итн.
    2. слободно движење на луѓето од регионот да патуваат, работат и студираат во рамките на регионот без дополнителна документација и премногу административни процедури. Ова би му овозможило на заедничкиот пазар на труд  до одредена мера да ги реши проблемите со невработеноста во регионот (високи стапки на невработеност во ЗБ со тоа што најниската е 15% во Србија и Албанија, а највисоката е 32.5% во Косово) и да се направи чекор кон спречување на одлив на мозоци од регионот (сите земји во регионот имаат ниска стапка на задржување на талентите во земјата) и би отворило повеќе можности во регионот. За да се постигне оваа цел потребно е да се овозможи склучување мултилатерални договори за социјално осигурување и пензиски фондови кои ќе бидат признаени во одредени сектори, отстранување на пречките за мобилност на студентите, научниците и академиците во регионот за да се овозможи пренос на знаење, укинување на барањето виза за туристите кои го посетуваат регионот како и изготвување на регионална стратегија за хармонизација на образовниот систем со предвидените потреби на пазарот на трудот.
    3. повик за заедничка стратегија за дигитална трансформација која ќе придонесе за економски раст, создавање на работни места и подобра конкурентност и деловен просперитет на регионот и ќе доведе до обемни промени во традиционалните индустрии (автомобилска индустрија, електронска индустрија).
    4. повик за заедничка регионална енергетска стратегија особено во областа на производството на електрична енергија/трговијата со електрична енергија што може да го направи регионот поодржлив, а со тоа и енергијата ќе биде пообезбедена со оглед на тоа дека ќе се потпира на сопствени ресурси.
    5. заедничка промоција на регионот како единствена дестинација за инвестирање со здружување на фондовите и напорите во презентирањето на инвестицискиот потенцијал на регионот, како и неговата креативност, храна и традиционална кујна, туристички атракции со акцент на потребите на бизнисот. При тоа ќе се развива интернет платформа за на инвеститорите да им се презентираат потенцијалите на регионот.

 

Како стопанските комори можат да го дадат потребниот импулс за поголема конкурентност и поголем економски раст на регионот?

Бизнис асоцијациите можат може да направат за подобрување на овие состојби. Во моментов единствената Коморска регионална платформа која има за цел унапредување на деловниот амбиент во регионот и активно вклучување на бизнис-заедницата во Берлинскиот процес, со цел зголемување на просперитетот на регионот преку одржлив раст, е Коморскиот инвестициски форум (КИФ), кој го основаше Стопанската комора на Македонија заедно со Унијата на стопански комори на Албанија, Комората за надворешна трговија на Босна и Херцеговина, Стопанската комора на Црна Гора, Стопанската комора на Србија и Стопанската комора на Косово.

Со имплементацијата на заклучоците од Берлинскиот процес, преку јакнењето на регионалната соработка, на 27 август 2015 година, во Виена, за време на одржувањето на Виенскиот самит, потпишана е Спогодба за формирање Коморски инвестициски форум, со што се потенцираше намерата за активно вклучување на националните стопански комори во реализацијата на конкретните цели од овој процес.

На Коморскиот инвестициски форум се гледа како на инструмент кој може да ја поттикне економската соработка и да биде кохезионен фактор на политичкото функционирање на Западен Балкан. Постои јасно дефиниран акционен план и добро организирана структура, којашто може до крај да оди во исполнување на целите, за што се формирани и работни групи кои својот акцент го ставаат на транспортната, енергетската и комуналната инфраструктура, унапредување на деловната и инвестициската клима и развој на приватниот сектор.

Целта на Коморите здружени во КИФ е зголемување на конкурентноста на малите и средните претпријатија, создавање на поволна претприемачка клима, намалување на невработеноста, создавање на зона на економска стабилност, како и намалување на стапката на иселување на младите. Потребно е да се интензивира дијалогот меѓу членовите на КИФ, ЕУ и меѓународните организации, со цел да се покаже новата моќ на коморите во регионот. Формирањето на КИФ е почеток на нова ера во соработката во регионот, којшто има за цел да изгради цврсти темели за идна соработка во наредните 10 години.

Заедничките активности на коморите се заокружија во Трст со отворање на канцеларија на постојан Секретаријат на КИФ, кој ќе биде главна поддршка на бизнис заедницата во регионот задолжена за реализација на заеднички проекти, кои ќе станат дел од повеќе годишниот план за создавање регионална економска област на Западен Балкан. Овие проекти е планирано да условат подигнување на нивото на инвестиции, конкурентност, слободно движење на работната сила.

Регионалната интеграција на трговијата на Западен Балкан е нејзиниот придонес кон политичката стабилност и раст на регионот, пред се`, во поглед на европската перспектива на регионот, нејзиниот придонес кон европската политичка стабилност и безбедност и просперитет, што е всушност еден од приоритетите во општата  политика на ЕУ.

Јасно е дека основен клуч за успехот на регионот е чувството за самостојно владеење со  процесите – и сознанието дека истите ги водат самите земји-потписнички на ЦЕФТА.

Како позитивен пример за успешна регионална соработка, поддржана од приватниот и јавниот сектор истовремено, би ја споменал брзата реакција на коморите од Србија, БиХ и Македонија, во однос на барањето за итно повлекување на Правилникот за инспекциски надзор и контрола за усогласеност на овошјето и зеленчукот со пазарните стандарди, кој во јули оваа година беше донесен од страна на Република Хрватска, а со кој трошоците за контрола на квалитет на овошјето и зеленчукот кои се увезуваат на хрватскиот пазар од трети земји (односно земји кои не се членки на ЕУ, што ги опфаќа и земјите од Западен Балкан) повеќекратно се зголемија. Паралелно со барањето на коморите до надлежните директорати во Европската Комисија, реагираа и ресорните министерства на Република Македонија, Република Србија и Босна и Херцеговина, со што преку изградениот заеднички став и реакција, се постигна повлекување на предметниот правилник.

Факт е дека во изминатиот период, а посебно од почетокот на работата на Коморскиот инвестициски форум покренати се голем број на иницијативи, проекти со кои ќе се подобри бизнис климата. Особено, се мисли на изградбата на дигитална платформа на коморите, која ќе го обедини сите информации и услуги од коморите, потоа интернационализација на КИФ со чија помош малите и средни претпријатија полесно ќе зачекорат на странските пазари. Не помалку значаен е проектот за дуално образование, со кој во земјите на КИФ би се разрешил  проблемот на неусогласеност меѓу образовниот систем и пазарот на трудот. Покренати се иницијативи за унапредување на соработката по дејности, особено во металната и електроиндустријата, како и во градежништвото, со формирање на конзорциуми и други облици на здружување, со цел заеднички настап на пазарите во Западен Балкан, како и на трети пазари.

Сето ова укажува дека постои интерес и желба за развој на регионалната соработка преку решавање на клучните регионални предизвици, а самиот факт дека на повеќе полиња се преземаат заeднички активности, потврдува дека довербата е присутна.











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права