23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

01.02.2018 (Инфо сесија)
ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО ФУНКЦИЈА НА РАЗВОЈ, УНАПРЕДУВАЊЕ И КОНКУРЕНТНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

12.12.2017


Актуелно  

ТРАДИЦИОНАЛНА ПОСЕТА НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ПРИВАТНОТО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ „САБА“ НА РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО ШТИП


И оваа година како и во предходните, учениците од прва година од Приватното стручно училиште „САБА“ изразија интерес за работењето на Стопанската комора на Македонија.  За таа цел, на 12.12.2017 година заедно со Виолета Пеева, професорка по бизнис и менаџмент од истото училиште, остварија посета на Регионалната комора со седиште во Штип.

 

Тргнувајки од фактот што „Саба“ е средношколска академија за бизнис и администрација, во рамките на  школувањето предвидено е учениците да се запознаат и со работењето на Стопанската комора на Македонија, кои услуги им ги нуди таа на компаниите и сл. Притоа, беше истакнато дека коморите се застапници на интересите на стопанството, што е карактеристика на сите опшествено-економски и политички системи. Како и многу други институции и асоцијации, разликите и нијансите на коморското организирање се резултат на продукционите односи на определено општествено уредување. Но, секогаш биле и се значаен економски  фактор и според многу аналитичари, според редоследот на вредноста се вбројуваат веднаш по најрепрезентативните политички институции - Парламентот и Владата.

Исто така, учениците беа запознаени дека во рамките на своите активности, Регионалната комора со седиште во Штип издава:

- сертификати за потекло на стоките (CERTIFICATE OF ORIGIN);
- сертификати за преференцијален третман на стоките  (CERTIFICATE FORM A);
- мислење за исполнување на економски услови;
- потврди за единствен производител;
- потврда за членство во Комората.

Воедно, Регионалната комора со седиште во Штип врши и други активности, меѓу кои:

- заверка на извозни документи;
- подготвување и организирање седници на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Штип;
- преземање соодветни активности за реализација на стратешките заклучоци и приоритети кои се донесени од страна на Управниот одбор на Регионалната комора;
- разгледува прашања за развој на организирано стопанство, унапредување на производството, прометот, трговската размена и правните проблеми;
- иницира прашања и предлози за регионот од областа на подобрување на стопанската и патната инфраструктура за побрз трансфер;
- согласно потребите на стопанствениците од овој регион, иницира  активности на меѓукоморска соработка, размена на искуства и информации со другите регионални комори во Република Македонија, како и надвор од неа.

Стопанската комора на Македонија и во иднина им стои на располагање на средношколците и на студентите кои што ќе изразат интерес да им се презентира коморското работење.

Моника Стоичева











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права