23.04.2018 (Семинар)
ОРГАНИЗАЦИЈА И НАДЗОР НА ДОКУМЕНТИРАН СИСТЕМ НА ИНФОРМАЦИИ ВО КОМПАНИЈАТА И ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ

24.04.2018 (Советување)
Вработување согласно одредбите на Законот за работните односи, разлики помеѓу вработувањето на кандидатите според Законот за работните односи и Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници

24.04.2018 (Семинар)
МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT)

26.04.2018 (Инфо сесија)
Инфо сесија на тема: Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија

26.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Измени во подзаконската регулатива во областа на противпожарната заштита

27.04.2018 (Семинар)
ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

30.04.2018 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

30.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БАРАЊА НА СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА, СПОРЕД БАРАЊАТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТАНДАРД ISO 50001:2011 ENERGY MANAGEMENT SYSTEM (ENMS)

08.05.2018 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

27.11.2017


Актуелно  

Европска мрежа на бизнис можности (Enterprise Europe Network) – ПОДДРШКА ЗА ПОГОЛЕМА ЕФЕКТИВНОСТ НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА


Последните податоци од Европската мрежа на бизнис можности (Enterprise Europe Network) покажуваат позитивни показатели за вкупниот промет, пазарниот удел и креирањето нови работни места на малите и средни претпријатија (МСП) во идниот период. Истражувањето спроведено од Enterprise Europe Network беше презентирано на Годишната конференција, што се одржа во Талин, Естонија, од 20-22 ноември 2017 година.


 
Имајќи предвид дека МСП имаат клучна улога на полето на иновациите и создавањето нови работни места, а воедно се и главниот носечки столб на европската економија, позитивните индикатори за нивниот развој кои произлегуваат од спроведеното истражување се од витално значење. Според добиените податоци, 85% од европските МСП очекуваат во следната година да креираат нови работни места или да бидат задржани постојните, 54% од МСП очекуваат да го зголемат својот пазарен удел, додека 65% од МСП кои извезуваат во рамките на Европа или пошироко очекуваат да го зголемат вкупниот промет.

Што е уште поважно, податоците ја покажуваат важната улога на Европската мрежа на бизнис можности за постигнувањето на овие перформанси на деловните субјекти. Во изминатите две години, 457.915 МСП добиле некаква услуга од партнерските организации на мрежата, повеќе од 303.000 МСП добиле информативни услуги или организирани тренинг-сесии. При тоа, 103.000 МСП добиле совет од експертите во мрежата во насока на унапредување на нивната иновативност, раст и интернационализација, додека 5.915 МСП имале корист од пакетите за поддршка на иновативноста, кои се приспособени на нивните потреби. Конечно, во изминатите две години 46.000 МСП учествувале на меѓународни настани, форуми и  средби, каде што биле одржани повеќе од 156.000 деловни средби.

При тоа, особено треба да биде истакнато високото ниво на задоволство на компаниите од добиените услуги – 86% од клиентите на Европската мрежа на бизнис можности биле задоволни од добиените услуги, а дури 93% би ја препорачале мрежата на други компании.

Што претставува Европската мрежа на бизнис можности (Enterprise Europe Netwоrk)?

Европската мрежа на бизнис можности (Enterprise Europe Network) е  најголемата мрежа на контактни центри во Европа со цел да им помогне на малите и средни претпријатија да настапат и да ги искористат можностите што ги нуди европскиот пазар. Мрежата е застапена во повеќе од 60 држави и е најголема мрежа за поддршка на мали и средни претпријатија, во чии рамки се вклучени повеќе од 600 партнерски организации и институции.

Стопанската комора на Македонија е дел од Европската мрежа на бизнис можности, преку Националниот конзорциум во којшто, покрај Комората, партнери се и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" од Скопје и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување  - МИР.

Што можете да добиете преку Европската мрежа на бизнис можности?

Мрежата има за цел да им овозможи на претприемачите што полесно и што побрзо да пронајдат партнери за своите надворешно-трговски активности. Користењето на услугите е целосно бесплатно.

Европската мрежа на бизнис можности нуди:

- поддршка во наоѓање соодветни бизнис партнери во Европа и пошироко, користејќи ја својата база за бизнис соработка;
- обезбедување информации за учество на саеми, брокерски настани, компаниски мисии, конференции и обуки;
- креирање и промовирање профили за бизнис соработка за претпријатијата и меѓународно вмрежување;
- организирање локални и регионални настани;
- организирање панел дискусии за теми од ЕУ;
- одговарање на прашања добиени од страна на клиентите и средби со компании;
- обезбедување поддршка на МСП за интернационализација;
- давање услуги на компаниите скроени според Вашите потреби.

Контактирајте не` за дополнителни информации

д-р Татјана Штерјова











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права