23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

12.12.2017


Актуелно  

Здружение на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите - ГРАДЕЖНИЦИТЕ ОЧЕКУВААТ ПОГОЛЕМИ АНГАЖИРАЊА ВО 2018 ГОДИНА


На седницата на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите, одржана на 11.12.2017 година, во присуство на Зоран Иванов, советник за градежништво во Владата на РМ, заедно со претставници од Министерството за транспорт и врски и од Јавното претпријатие за државни патишта, се расправаше за актуелните состојби во градежништвото, при што беа изнесени и повеќе предлози, како за законската регулатива, така и за ангажираноста на градежништвото во наредниот период.

 

За периодот од девет месеци од оваа година, извршените градежни работи бележат тренд на намалување од 23,1%, или извршени се работи во вредност од 18 милијарди денари, додека за истиот период од 2016 година беа извршени градежни работи во вредност од 23,5 милијарди денари. Падот на извршените градежни работи во нискоградбата изнесува 22,6%, со извршени градежни работи во вредност од 11,9 милијарди денари, додека во високоградбата падот изнесува 29,0%, со извршени работи во вредност од 6,2 милијарди денари.

Според статистичките податоци, евидентирано е зголемување на договорените градежни работи за 4,5% споредено деветте месеци од 2017 година (75,0 милијарди денари) со истиот период од 2016 година (71,7 милијарди денари). Бројот на одобренијата за градење за периодот јануари - октомври 2017 година споредно со истиот  период од 2016 година е зголемен за 8,3%, при што и предвидената вредност е повисока за 1,5%, а бројот на договорените станови за изградба е зголемен за 15,4%.  

Овие податоци даваат оптимизам дека во наредниот период, градежништвото ќе го задржи приматот на двигател на економијата во државата, а како што истакна Митко Трајчулески, од Министерството за транспорт и врски, капиталните инвестиции предвидени во Буџетот за 2018 година изнесуваат околу 400 милиони евра и истите ќе бидат наменети претежно за инфраструктурните објекти, како за завршување на објектите кои се во тек на реализација, но и отпочнување на нови инвестиции претежно во нискоградбата (патната и железничката инфраструктура).

Обемна дискусија беше посветена на законската регулатива и потребата од нејзина измена. Како што беше нагласено, поголеми тешкотии во примената создаваат критериумите за избор, како што е цената. Оценка е дека критериумот за ниската цена што се користи како приоритетен во добивањето на работите, треба потполно да се занемари. Квалитетот на изведбата зависи од квалитетот, стручноста, роковите и соодветната опрема и механизација со која располага изведувачот, а цената треба да биде реална. На оваа тема е разговарано на повеќе седници на Здружението, при што се  дадени повеќе забелешки до Работната група која работи на измените на овој Закон. Во однос на Законот за градење и Законот за просторно и урбанистичко планирање, исто така е дискутирано повеќе пати, при што веќе се подготвени, барем во оваа фаза, предлози за изменување и дополнување, кои би требало да одат во првичната фаза, а потоа да се размислува за нови текстови на овие закони.

На седницата беше потенцирано дека Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија има капацитет и можност да даде максимум во предлозите за подобрување на постојниот текст на законите за градење и за просторно и урбанистичко планирање, како што беше нагласено истите да бидат усвоени пред почетокот на градежната сезона. 

Марија Петроска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права