04.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

05.05.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И УРБАНИЗМОТ

08.05.2017 (Саем)
„MACH-TECH and INDUSTRY DAYS 2017"- 8-10.05.2017, Будимпешта, Унгарија

09.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БУЏЕТИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО

09.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017" 9-10 мај 2017 година во Луксембург

11.05.2017 (Семинар)
ДЕТЕКТИРАНИ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ЕДНОДЕЦЕНИСКИТЕ ИЗМЕНИ НА ОДРЕДБИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ

15.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ AgroB2B@NSFair " на 15 мај 2017, во Нови Сад, Србија

15.05.2017 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ: МАКЕДОНИЈА – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА,15 МАЈ 2017, СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

17.05.2017 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „THE FUTURE OF BUILDING“

17.05.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ

23.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ И РЕАЛНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

23.05.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

25.05.2017 (Тренинг обука)
Советување на тема: Антистрес тренинг за ефикасно управување со стрес на работното место (стрес менаџмент стратегии и техники)

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Бизнис-настани

23.05.2017 - 23.05.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

Еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ И РЕАЛНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА


Еднодневен семинар на тема:

УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ И РЕАЛНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

-  Easy-to-Use 2017 Model for Individual and company change -

23 мај  2017 година
10:00 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Содржината на оваа напредна обука за управување со промени, претставува  презентирање и имплементација на реални методи и примери за управување со промени во рамките на компанијата, како и соодветно учење во врска со индивидуални промени во рамкита на компанијата. Компаниските промените  се потребни и се од исклучителна важност поради континуираните промени во врска со процесите во компанијата, пазарот, производите, конкуренцијата, вработените и слично. Прилагодувањето на тие промени подразбира потреба за имплементација на систем за управување со промени и користење на соодветни техники на сите нивоа во компанијата.

Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со конкретни карактеристики на системот за промени, како и техники за имплементација на истите.

ПРОГРАМА:

- Промени во системот на продажба;
- Промени во организацијата;
- Промени во системот на извештаи;
- Прилагодување на работењето според предлози од вработените;
- Мотивациски промени.

Целта на обуката е учесниците да се стекнат клучни знаења и практики за имплементација на реални методи и примери за управување со промени и истите да се применат во реалното работење земајќи ги во предвид реалните услови во компаниите. Промени во работењето на една компанија можат да се добијат преку имплементација на систем на управување со промени, кој има за цел транформација (во континуитет на работењето) од управување на бизнисот, во управување на унапредено работење во реална и контролирана организациска поставеност.

Теми и клучни зборови:

- Структури на тимови и управувањесо промени;
- Интегрирање на промени на процесно ниво;
- Ресурси и буџетирање;
- Сложени промени во процес на продажба;
- Промени на ниво на планирање;
- Напредни техники за управување со промени;
- Лидерство и промени;
- Мерење на процес на имплементација на промени;
- Способност за промени.

Семинарот е наменет за: менаџери и раководители, вработените во компаниите, професионалци и експерти за човечки ресурси кои се одговорни за управување на нивните корпоративни тимови, проекти и луѓе, како и за сите оние кои имаат интерес за учество на семинарот.

Предавач:

Михаил Китановски, сопственик и управител на „Д2ЕМ“ Консалтинг со повеќе од 16 години консултантско искуство во 20 земји во светот. Главна експертиза во областите: Организациски инженеринг; Balanced Scorecard; Системски дел и процес на продажба; Лидерство и управување; Оптимизација на производствени процеси; Стратешки менаџмент и Бизнис планирање; Менаџмент на финансии, како и Имплементација на меѓународни стандарди.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:

- работен материјал;
- ручек и освежување;
- сертификат за учество на семинарот.

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 19 мај  2017 година.

Во прилог: 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Ивона Каранфиловска
Тел: ++ 389 2 3244084
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права