27.02.2018 (Бизнис средби)
Меѓународните деловни средби за градежништво и градежни материјали „R + T 2018“

27.02.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ВНАТРЕШНИ КОНФЛИКТИ ВО КОМПАНИЈАТА (ВЕРТИКАЛНО И ХОРИЗОНТАЛНО) И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ

28.02.2018 (Семинар)
КЛУЧНИ МЕНАЏМЕНТ ВЕШТИНИ И АЛАТКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

28.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: КОНТРОЛИНГ ВО НАБАВКИТЕ

06.03.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

12.03.2018 (Семинар)
ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА

13.03.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА НА ИНФОРМАЦИИ И ПОДАТОЦИ ВО CLOUD ОПКРУЖУВАЊЕ

16.03.2018 (Семинар)
ПРОДАЖБА НА ПРОИЗВОДИ ЗА ШИРОКА ПОТРОШУВАЧКА, ОДНЕСУВАЊЕTO НА ПОТРОШУВАЧИТЕ, УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТОТ ПРИ НАБАВКА И РЕИНЖЕНЕРИНГ НА ПРОЦЕСИТЕ ЗА НАБАВКИ И ЗАШТЕДИ

21.03.2018 (Семинар)
ИНТЕГРИРАНА ПОСТАПКА ВО СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ДОКУМЕНТИ И ЗАПИСИ, ВО РАМКИТЕ НА АДМИНИСТРАТИВЕН МЕНАЏМЕНТ (ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ) И ДЕЛОВНО-АДМИНИСТРАТИВНО РАБОТЕЊЕ

26.03.2018 (Семинар)
Правилна примена на Законот за работни односи во делот на: судска пресуда како основ за продолжување со работа, дополнителна работа

27.03.2018 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

27.03.2018 (Тренинг обука)
ВЕШТИНИ ВО ФИНАНСИСКОTO РАБОТЕЊЕ

28.03.2018 (Семинар)
Заштита на правото на сопственост, стекнување право на сопственост, стварни права на странски физички и правни лица и постапка за експропријација

30.03.2018 (Семинар)
РАЗВИВАЊЕ СТРАТЕГИЈА ЗА НАСТАП НА СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ

13.04.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби во Бања Лука - ЕЕН мрежа

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

30.01.2018


Актуелно  

АЗЕСКИ ВО ТРСТ: ЗАЕДНИЧКАТА СОРАБОТКА МОЖЕ ДА НИ ДОНЕСЕ ПОГОЛЕМ РАСТ


Можноста да се искористат економските предности на заедничкиот пат кон ЕУ на државите од Западен Балкан ќе биде една од стратешките определби на Коморскиот инвестициски форум (КИФ). Ова беше дел од заклучоците од состанокот на КИФ, кој се одржува во просториите на Генералниот секретаријат на КИФ во Трст (29 - 30 јануари 2018 година).

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија и член на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) посочи дека значаен потенцијал за зголемување на ефикасноста лежи во подоброто вмрежување на локалните индустрии, со цел произведување на поконкурентни производи за локалните, но и за европските пазари. За да се ослободи овој потенцијал, економиите на Западен Балкан треба да го скратат времето и да ги намалат трошоците за функционирање во  прекуграничните синџири на снабдување. Ако тоа се постигне, компаниите од Западен Балкан ќе имаат повеќе прилики меѓусебно да се поврзуваат и да создаваат конкурентни синџири на снабдување кои ќе создаваат поконкурентни производи. Оваа зајакната економска поврзаност може да биде конститутивен елемент  на идното интегрирање на економиите на државите од Западен Балкан на европските пазари.

- Тоа треба да биде една од главните цели која треба да се постигне во Регионалната економска област. Резултатите ќе се мерат по конкретните ефекти што ќе се постигнат, што директно ќе влијаат на нашите фирми - скратување на времето што го поминуваат на граница нашите камиони кога извезуваат во странство, намалување на бројот на документи што им се потребни при тоа, проширување на бројот на мали или средни претпријатија кои станале дел од синџирот на снабдување на големите мултинационални компании- само таквите ефекти може да придонесат за поголем раст, - истакна Азески.

Економската интеграција на регионот, кон која треба да придонесат активностите на Коморскиот инвестициски форум, може да придонесе за значително зголемување на економскиот раст на државите од регионот. Имено, податоците на ММФ и Светската банка покажуваат дека растот во регионот, доколку би се имплементирале мерките за регионална економска интеграција, би изнесувал над 4% годишно, во периодот 2018-2022 година, што би резултирало со поголем номинален БДП регионално, за 15-17 милијарди евра, со тенденција за раст и по 2022 година.

Во рамките на состанокот беше одржана и заедничка средба на претставници на компаниите со националните координатори за Регионалната економска област, именувани во кабинетите на премиерите во државите од Западен Балкан. Заедничката средба беше искористена за дискусија околу заедничките предизвици и можности за компаниите за унапредување на соработката, но и за можните решенија кои може да ги применат носителите на политиките, но и бизнис-заедницата.

На овој дел од состанокот учество зема и г-ѓа Алма Буниќ, како претставник на „Алкалоид“ АД - Скопје. Претставниците на бизнис-заедницата ги посочија практичните проблеми со кои секојдневно се среќаваат при тргувањето преку граници - примери за производи што престанале да ги извезуваат затоа што камионите на границите стоеле подолго отколку што е рокот на траење на тие производи, или обврската ако се поминуваат четири граници да треба да се вадат различни сертификати или техничка документација за секоја граница одделно. На претставниците од јавниот сектор им беше пренесена пораката дека е потребно да се престане да се зборува за проблемите и да се започне да се работи на нивното надминување, и тоа што побрзо, затоа што на бизнисот му е потребна брзина и прецизност.

На состанокот се дискутираше и за подготовката на онлајн инвестициската платформа, која ја подготвува КИФ, која ќе има за цел да го промовира регионот како инвестициска дестинација, како и сите поволности кои се нудат. Инвестициската платформа ќе биде официјално промовирана на Самитот за Западен Балкан на ЕБРД, кој ќе се одржи следниот месец во Лондон.

д-р Татјана Штерјова











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права