28.08.2018 (Форум)
Меѓународни деловни средби - „MEET4BUSINESS AGRA 2018“ - 28.08.2018 Р.Словенија

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE- 10-12.09.2018

18.09.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

26.09.2018 (Форум)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

30.01.2018


Актуелно  

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА: ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“


На 30 јануари 2018 година во Стопанската комора на Македонија, реномираната групација „ГГЕ“ од Словенија, одржа презентација на тема: Проекти за зголемување на енергетската ефикасност и намалување на оперативните трошоци по моделот на „ESCO“.

 

Групацијата „ГГЕ“ е водечка компанија во регионот во делот на енергетиката, којашто на компаниите им служи како бизнис партнер и  консултант во делот на имплементацијата и изведувањето проекти за енергетика со намалени трошоци. Пристапот на „ГГЕ“ вклучува проценка на потенцијалните заштеди, дизајнирање енергетски решенија и реализација и финансирање на овие инвестиции, чиј краен ефект е намалување на потрошувачката на енергија и на трошоците за истата.

Групацијата „ГГЕ“ нуди широк спектар на решенија со иновативен модел на соработка со таканаречениот „ESCO“ модел (Energy Service Company), којшто нуди решенија за имплементација и финансирање на проект за енергетска ефикасност. Партнерството помеѓу клиентот и  компанијата „ГГЕ“ којашто го користи „ЕSCO“ моделот му овозможува на клиентот да ја подобри енергетската ефикасност на објектите и постројките без да ги троши сопствените средства или да користи кредитни поволности.

Моделот „ESCO“ значи испорака на енергетски услуги со загарантиран исход, односно: 1. компанијата „ГГЕ“ целосно врши енергетска контрола на капацитетите на компаниите, предлага решенија, имплементира, работи и одржува, но што е најважно, обезбедува финансирање за да можат компаниите да се фокусираат на својата  основна дејност; 2. „ГГЕ“ во целост го  презема развојот, имплементацијата и финансирањето на инвестицијата. На клиентот не му е потребен сопствен фонд за да инвестира во зголемување на енергетската ефикасност; сите активности при инвестирањето се финансираат од остварените заштеди на компанијата којашто го имплементира моделот; и 3. заштедите на енергија и оперативните трошоци постепено се вршат врз основа на гаранциите утврдени во договорот. Сите ризици од имплементацијата се пренесуваат на „ГГЕ“.

На презентацијата присуствуваа повеќе од 40-тина претставници од 30 македонски компании од хемиската, кондиторската, млечната, конзервната индустрија, како и претставници на хотели и сместувачки капацитети и бањи.

Повеќе информации во врска активностите на „ГГЕ“, индустриите коишто ги покриваат, како и можностите за соработка со нив, може да се најдат на следниот линк: GGE PKM prezentacija

м-р Сања Николова











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права