23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

22.12.2017


Актуелно  

РЕГИОНАЛНА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО БИТОЛА - ОДРЖАНА ОСМАТА СЕДНИЦА НА УПРАВНИОТ ОДБОР


На 22.12.2017 година во Битола, Регионалната комора со седиште во Битола ја одржа  осмата седница на Управниот одбор. Покрај членовите на Управниот одбор, на седницата како гости говорници беа присутни и градоначалниците на Општина Битола, Наташа Петровска и на Општина Новаци, Љубе Кузманоски. Седницата ја водеше претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Мирко Велковски.

Како точки на дневниот ред по кои се расправаше беа Извештајот за работата на Регионалната комора со седиште во Битола во 2017 година и новиот Предлог-план за активностите во 2018 година.

По однос на двете точки, како заклучок од присутните членови на Управниот одбор и  градоначалниците беше истакнато значењето на соработката меѓу стопанството во регионот со претставниците на локалната самоуправа во наредниот период. Исто така, уште еднаш се истакнаа потребата и заложбата за подобрување на инфраструктурата во регионот, пред се` патните правци Велес – Прилеп – Битола - Меџитлија и Битола – Охрид - Ќафасан, како и решавање на проблемот со обиколницата над Битола.

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска ги поздрави присутните стопанственици и им се заблагодари на поканата и можноста за учество на состанокот, при што ја истакна заложбата за понатамошна соработка и ги поттикна стопанствениците со свои предлози и конструктивни сугестии да придонесат за  развојот на севкупниот живот во Битола и регионот. Таа ја нагласи нејзината поддршка и заложбата за подобрување и инвестирање во инфраструктурата на општината и на присутните им ја пренесе информацијата за средбата со Горан Сугарески, министер за транспорт и врски во Владата на РМ, на којашто беа изложени и пренесени  ставовите на стопанството во поглед на ова прашање.

На седницата се обрати и градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски кој исто така ги поздрави присутните и им се заблагодари за учеството на состанокот. Истовремено, тој истакна дека сите стопански субјекти со свои прашања се добредојдени за комуникација и дека ќе се настојува да се пронајдат заеднички решенија за заедничките проблеми во секојдневното работење.

Претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола на крајот на состанокот од името на Комората им се заблагодари на гостите за одѕивот на поканата и на сите присутни им ги честиташе новогодишните празници, посакувајќи им во Новата година  поголем раст и развој на стопанството во регионот.

м-р Никола Димковски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права