24.04.2018 (Советување)
Вработување согласно одредбите на Законот за работните односи, разлики помеѓу вработувањето на кандидатите според Законот за работните односи и Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници

26.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Измени во подзаконската регулатива во областа на противпожарната заштита

26.04.2018 (Инфо сесија)
Инфо сесија на тема: Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија

27.04.2018 (Семинар)
ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

30.04.2018 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

30.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БАРАЊА НА СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА, СПОРЕД БАРАЊАТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТАНДАРД ISO 50001:2011 ENERGY MANAGEMENT SYSTEM (ENMS)

04.05.2018 (Семинар)
МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT)

08.05.2018 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

09.05.2018 (Семинар)
Еднодневна обука на тема:УСОГЛАСУВАЊЕ СО НОВАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (GDPR) И ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

30.05.2018 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

19.06.2018 (Бизнис средби)
„ЕНЕГРА 2018“

07.11.2018 (Бизнис средби)
ЈИЕ ИТ САМИТ

Клуб за соработка со земјите на Блискиот Исток и МАГРЕБ

Клуб на фирми за соработка со земјите од Блискиот Исток и Магреб

 

Во Стопанската комора на Македонија, на 13 септември 2005, формиран е Клуб на фирми за соработка со земјите од Блискиот Исток и Магреб (Јордан, Палестина, Либан, Сирија, Ирак, Иран, Кувајт, Обединети Арапски Емирати, Катар, Бахреин, Саудиска Арабија, Египет, Либија, Тунис, Алжир и Мароко ) со цел ревитализирање на стопанските врски со овие земји. Клубот треба да ја даде поддршката на фирмите преку взаемното информирање и промовирање, воспоставување  коморска соработка и соработка со другите деловни асоцијации, а пред Владата на Република Македонија со иницирање активности за создавање поттикнувачки амбиент за соработка.

Клубот на компании за соработка со земјите од Блискиот Исток и од МАГРЕБ во рамките на Стопанската комора на Македонија има за цел ревитализирање на стопанските врски со овие земји, како и поддршка на фирмите преку взаемното информирање и промовирање, воспоставување коморска соработка и соработка со другите деловни асоцијации. Пазарите на земјите од Блискиот Исток и од МАГРЕБ се значајни пазари со над 400 милиони жители, што претставува нешто повеќе од 5% од светската популација, но пазари кои имаат висок стандард на стопански операции, стандардизирани производи и услуги, а присутна е исклучително остра конкуренција од целиот свет.

Со издавањето на овој прирачник имаме за цел да ги информираме македонските компании за можностите и потенцијалите за извоз на овие пазари бидејки сметаме дека извозот е најглавниот генератор на економски раст, зајакнување на компаниите и отворање на нови работни места во Република Македонија.

Во прирачникот ќе прочитате многу корисни информации за правната регулатива, економските параметри на земјите од овој регион, кои се потенцијалите за извоз на овие пазари и др. Нешто на коешто посебно обративме внимание е и објаснувањето на деловните односи, обичаите, традицијата, имајќи предвид дека станува збор за пазар со специфичен начин на функционирање инициран пред се` од религиското убедување како клучен сегмент во нивното живеење.

Нашата држава е поднебје каде што ги имаме сите ресурси за квалитетна и здрава храна, подрачје каде луѓето се големи гурмани и каде имаме чиста природа и многу сонце. Прехранбената индустрија има дефинитивно најголем потенцијал за извоз во овој регион. Големи можности за извоз во регионот имаат и компаниите од хемиската, фармацевтската, текстилната идустрија, градежништвото и индустријата за градежни материјали, електрометалната индустрија, машинската, дрвната, ИТ-индустријата, а своја можност може да побараат и останатите индустриски гранки.

Секој пазар е тежок и специфичен на свој начин. За да имаме со што да конкурираме на странските пазари најпрво мораме да ја одработиме домашната задача, а тоа е да развиеме, дизајнираме и испорачаме конкурентни производи и услуги. Потребно е секој од нас да го направи најдоброто од себе, да поработи на својата понуда и со квалитет и конкурентна понуда да се избори за место на пазарот. Со самото проширување на македонските производи и услуги на повеќе светски дестинации, Република Македонија постепено ќе се трасформира во препознатлив бренд, а производите на македонските компании како квалитетни и конкурентни производи.

За крај, сакам срдечно да се заблагодарам на сите вработени во менаџментот и стручните служби на Стопанската комора на Македонија кои учествуваа во изработката на овој прирачник. Уверен сум дека прирачникот ќе ви се допадне и дека од него ќе извлечете корисни информации и совети кои соодветно ќе ги имплементирате во своите компании, со цел преку македонските производи и услуги да го претставиме на светот најдоброто од Македонија.

Претседател на Клубот на фирми за соработка со земјите од Блискиот Исток и Магреб:
Глигор Цветанов, Управен Директор, МАКПРОГРЕС Виница
тел: 00 389 70213029
gligor@makprogres.com.mk

 




Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Сања Николова
Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: sanja@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права