17.01.2018 (Семинар)
КВАЛИТАТИВНО УЧЕСТВО НА ДЕЛОВНИТЕ АСИСТЕНТИ ВО СОГЛАСНОСТ СО ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ, КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И ВОДЕЊЕ СОПСТВЕНА ЕВИДЕНЦИЈА ВО РАМКИТЕ НА ДЕЛОВНИТЕ ПРОЦЕСИ

23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

29.03.2017 - 29.03.2017


Настан Хотел „Фени “ - Кавадарци,  Македонија

ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЧНА И ЦАРИНСКА ПОЛИТИКА


ИНФО-СЕСИЈА НА ТЕМА:

ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЧНА
И ЦАРИНСКА ПОЛИТИКА
29 март 2017 година (среда), 11:00-14:30 часот

Хотел „Фени “ -  Кавадарци

Почитувани,

Во насока на подобрување  и полесно имплементирање на законите во Република Македонија преку ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“, ќе се организира информативен настан на тема: ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЧНА И ЦАРИНСКА ПОЛИТИКА.

Информативниот настан ќе биде спроведен од страна на Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) и ЕПИ Центар Интернационал, партнери во Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“.

Целта на овој информативен настан е информирање на претпријатијата во Република Македонија за полесно спроведување на законите и паралелно јакнење на јавно-приватниот дијалог. Наменето е за сите микро, мали и средни претпријатија кои се соочуваат со тешкотии во имплементирањето на самите закони.

Информативниот настан на тема: Права и обврски кои произлегуваат од Законот за даночна и царинска политика, што ќе се одржи на 29 март 2017 година (среда), со почеток  во 11:00 часот, во хотелот „Фени“ – Кавадарци.

Предавач на информативниот настан од областа на царинската регулатива ќе биде Ленка Петковска, која работи во областа на царинската законската регулатива од 1990 година, и како правник вработена во Министерството за финансии на Република Македонија, учествувала во изработката и донесувањето на сите акти во областа на  законите за царина, правилници и подзаконски акти, почнувајќи од изработка, носење и имплементација на првиот Закон за царина во 1993 година и во изработка и носење на сите следни законски акти. Како претставник на Министерството за финансии, учествува во комисии и меѓуминистерски работни групи во текот на изработка  на важечкиот царински закон, Законот за царинска тарифа и други прописи од областа на царинската регулатива. 
Од областа на даноците предавач ќе биде Славко Лазовски, кој целиот работен текст го поминал работејќи на полето на даноците, започнувајќи како општински даночен инспектор, па републички инспектор, началник на Републичкиот финансиски инспекторат до советник на неколкумина министри за финансии. По пензионирањето, како раководител на Одделението за ДДВ во Министерството за финансии, активно работи во Центарот за даночна политика (еден од основачите) и во Здружението на финансиските работници од локалната самоуправа, каде им стои на располагање на општинските даночни администрации за консултации. Потесни специјалности: ДДВ, даночна постапка и локални даноци.
Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите најдоцна до 24 март 2017 година (петок), со регистрирање директно на следниот линк Ctrl+Click:  https://goo.gl/forms/t5SSa7F4jzEalrDC3

 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Тања Мицева
Тел: ++ 389 43 415 044 Факс:++ 389 43 415 044
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: tanja@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права