14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

19.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

21.12.2017 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

25.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

05.12.2017


Актуелно  

Делегација на Парламентот на Република Индонезија во работна посета на Комората – ПРЕДИЗВИЦИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ


Делегација на Парламентот на Република Индонезија, предводена од господинот Абдул Малик Харамеин, заменик-претседавач на Групата за религиски работи, општествени работи и за еманципација на жените, и Н.Е. Сри Астари Расџид, амбасадор на Република Индонезија во Република Македонија со седиште во Софија, Република Бугарија, оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и претседавачот на Собранието на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев.

На денешната средба се дискутираше за можностите за интензивирање на соработката, зголемување на трговската размена, за понатамошно одржување на заеднички средби и учество на саемите кои се одржуваат во двете држави.

Претседателот Бранко Азески истакна дека во сите изминати години Стопанската комора на Македонија, како најстара и најбројна бизнис асоцијација во земјата, остварува одлична соработка со Амбасадата на Република Индонезија, како и со почесниот конзул на Република Индонезија во земјава, за што сведочи и презентацијата на Саемот „Trade Expo Indonesia“, што беше реализирана во март оваа година, а се забележуваат и првите резултати за продлабочување на билатералната соработка. Република Индонезија претставува еден од најсилните трговски партнери на Република Македонија во Азија.

Воедно, претседателот Азески посочи дека Република Индонезија претставува респектабилен учесник во светската економија со пазар од 250 милиони жители, дел од групата Г-20, која има одлични економски резултати. Тој посочи дека со цел надминување на состојбите кои во моментот ја отежнуваат меѓусебната трговска соработка, потребно е во иднина да се работи на либерализација на визниот режим, но и склучување на договор за одбегнување на двојното оданочување и други договори кои ќе ја олеснат билатералната соработка меѓу двете држави. Исто така, тој се осврна и на активностите на Клубот на извозници, кој се основа во рамките на Стопанската комора на Македонија, чија цел е да придонесе за реализирање на конкретни деловни активности помеѓу компании од двете земји.

Шефот на парламентарната делегација од Република Индонезија, господинот Абдул Малик Харамеин, на средбата информираше дека Република Индонезија вложува значајни средства за развојот на инфраструктурата и дека веќе има распределено средства во износ од 303 трилиони рупии (една милијарда САД долари), поради што од особена важност би било доколку се зголеми интересот на македонските бизнисмени за потенцијални инвестиции од областа на инфраструктурата во оваа држава.

Амбасадорката на Република Индонезија во Република Македонија со седиште во Софија, Република Бугарија, Н.Е. Сри Астари Расџид посочи дека целта на денешната средба е зајакнување на билатералните односи, односно  размена на искуства во насока на зајакнување на надворешно-трговските односи. Таа наведе дека двете земји имаат воспоставено соработка веќе 24 години, а  постојат големи перспективи за унапредување и зајакнување на соработката.

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Индонезија во периодот јануари-септември 2017 година достигна вредност од 17,15 милиони САД $, што претставува пад од 42,5 % во однос на истиот период од претходната година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 4,76 милиони САД $ или раст од 5,235 %, додека увозното салдо изнесува 12,4 милиони САД $ или намалување  од  58,33 % споредено со истиот период од 2016 година.

д-р Татјана Штерјова











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права