Историја
Историја
КОМОРСКОТО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА
Коморите, како репрезент и застапник на интересите на стопанството, се карактеристика на сите опшествено-економски и политички системи. Како и многу други институции и асоцијации, разликите и нијансите на коморското организирање се резултат на продукционите односи на определено општествено уредување. Но, секогаш биле и се значаен економски фактор и според многу аналитичари, според редоследот на вредноста се вбројуваат веднаш по најрепрезентативните политички институции-парламентот и владата. Затоа, уште речиси пред еден век еден од премиерите на Велика Британија ја искажа мислата: "Подобро е Комората да ја имаме како партнер на Владата во конципирање на законите отколку како опонент во сферата на нивната имплементација". (повеќе)
Значењето на коморското организирање во една држава е од огромно значење за целокупното стопанство. Стопанската комора на Македонија, своето 85-годишно работење го прослави на пригоден начин (ПРОСЛАВА НА 85-ГОДИШНИНАТА НА КОМОРСКОТО ОРГАНИЗИРАЊЕ, низ слики и текст).
По повод 75-годишнината од коморското организирање во Македонија, Стопанската комора на Македонија ја издаде монографијата 75 ГОДИНИ КОМОРСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА.
Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Станка Дамјановска
Тел: (02) 3244016
Факс:(02) 3244088
Call Центар :
(02) 15015
E-адреса:
stanka@mchamber.mk