Основни информации

Регионална комора со седиште во Штип


За Регионалната Комора со седиште во Штип:

Со децентрализацијата на коморските активности со цел обезбедување поефикасни и побрзи услуги за компаниите од одделните региони во Република Македонија, започна со работа Регионалната канцеларија со седиште во Штип.

Претседател на Регионалната комора со седиште во Штип е Наум Барзов од "Баргала" - Штип.

 Голем број од услугите кои ги нуди Стопанската комора на Македонија сега им се достапни на компаниите од овој регион. Регионалната комора во Штип е задолжена за следниве активности:

- издавање на сертификати за потекло на стоката Certificate of Origin и Сертификат за преференцијален третман Form A;
- да организира и подготвува различни облици на обуки (семинари, работилници и сл.) за потребите на членките на Комората и други заинтересирани субјекти;
  - да ги информира членките и другите фирми за обуките кои ќе се одржат во организација на Стопанската комора на Македонија;
 - да ги следи актуелните состојби на работење и потреби на членките на Комората и другите субјекти, со цел за предлагање на обуки на актуeлни теми;
- во соработка со општина Штип реализација на конкретните активности согласно целите на Проектот Регионален Инфо-пулт  за поддршка на бизнисот во општина Штип, со цел зајакнување на малите и средни претпријатија, согласно целите на проектот;
- да подготвува информации, анализи, предлози на акти и други документи од интерес за стопанството од регионот за кој е организирана Регионалната комора;
- да ги следи тековните стопански движења и условите на стопанисувањето, обработува информациони податоци и предлага мерки за подобрување на у
словите за стопанисување за регионот;
- да дава предлози за покренување иницијативи за донесување или изменување на законски и други прописи од интерес за стопанството од регионот;
 - да остварува редовни контакти со фирмите од регионот, особоено во функција на давање соодветна стручна и друга помош;
- го организира или посредува во воспоставувањето контакти меѓу членките на Комората.

 


Одлука за утврдување на регионални комори во рамките на Стопанската комора на Македонија

Правила за организацијата и начинот на работа на регионалната комора со седиште во Штип

     Архива 2010-2015 

Контакт адреса :
Регионална комора со седиште во Штип
Ванчо Прке 119
Штип, Р. Македонија

Контакт лице : Моника Стоичева
Тел: (032) 300 282 
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: monika@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права