19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ 21.02.2019 (Семинар) НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ 22.02.2019 (Семинар) Еднодневен семинар: СИСТЕМАТИЗИРАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА - ЕФИКАСНА КОМУНИКАЦИЈА ВНАТРЕ ВО КОМПАНИЈАТА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ - 25.02.2019 (Работилница) Правна заштита на правните субјекти преку правилно утврдување и уредно исполнување на договорните обврски во домашниот и во надворешниот промет 26.02.2019 (Семинар) УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО 26.02.2019 (Семинар) ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ЕРГОНОМИЈАТА И НЕЈЗИНАТА УЛОГА ВО БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ 27.02.2019 (Тренинг обука) ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА 28.02.2019 (Семинар) ЗАТВОРАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА - ИСПОЛНУВАЊЕ, КОМПЕНЗАЦИЈА, ОТПУШТАЊЕ ДОЛГ, НОВАЦИЈА, ЗАСТАРЕНОСТ, ЦЕСИЈА, ЗАСМЕТУВАЊЕ НА ИСПОЛНУВАЊЕ, ДОГОВОР ЗА ФАКТОРИНГ 03.03.2019 (Советување) ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО 12.03.2019 (Семинар) НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ 15.03.2019 (Академија) АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY- 21.03.2019 (Семинар) УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“ 01.04.2019 (Бизнис средби) БИЗНИС СРЕДБИ ВО ХАНОВЕР, СР ГЕРМАНИЈА, ОД 1 ДО 4 АПРИЛ 2019 ГОДИНА 11.04.2019 (Бизнис средби) Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија |
|||||||
ISO 45001ISO 45001Што е ISO 45001? Во услови на вртоглавите пазарни промени, настанати пред се поради брзиот развој на новите технологии, know how организацијата претставува највреден ресурс (по истражување спроведено од страна на Forbs магазинот, 85 % од вредноста на компанијата BMW не ја сочинува опремата и зградите, туку нивниот бренд и know how). Како клучен елемент на секој know how, луѓето се денес највредниот ресурс на компаниите. Заштитата на овој највреден ресурс е императив за секоја компанија , а посебно неговата заштита од аспект на здравјето и безбедноста на работното место.
Токму со прашањата за ова ефективно и ефикасно управување со ризиците по здравје и безбедност на вработените & заинтересираните страни, се бави стандардот ISO 45001. ISO 45001:2018 е систем за управување со безбедноста и здравјето при работа. Помага во управувањето со ризиците кои имаат влијание врз здравјето и безбедноста на вработените и посетителите (заинтересирани страни). Овој стандард ја дефинира организационата структура, планирањето на активности, одговорностите, практиките, процедурите и ресурсите за развој, спроведувањето, остварувањето, разгледувањето и одржувањето на политиката на заштита на здравјето и безбедноста при работа. Значење на ISO 45001 Со имплементацијата на овој стандард, компанијата се здобива со доверба на заинтересираните страни, уверувајќи ги дека раководството ги исполнува барањата на политиката на безбедност и здравје при работа, го става акцентот на превентивното, а не на корективното делување, обезбедувајќи при тоа докази кои се однесуваат на OHS&S низ целата организација, а не само на процесите за кои постојат законски обврски или пак се зони на големи ризици. Посебно е важно уверувањето дека концептот на OHS&S вклучува процес на континуирано подобрување. ISO 45001 обезбедува заштита на вработените, овозможува систематски пристап кон идентификацијата на опасностите и преку управувањето со ризиците придонесува за поздрава и посигурна работна средина, ги намалува несреќите и здравствените проблеми на работа, како и загубите предизвикани од болести и повреди на вработените. Овака транспарентен и ефикасен систем за управување со безбедноста и здравјето при работа, ја помага комуникацијата и соработката со релевантни инспекции. На секое работно место постојат одредени опасности/ризици по здравјето и безбедноста на вработените. Затоа е потребно систематски да се следат и да се елиминираат сите потенцијални опасности/ризици. Покрај тоа, надоместокот во случај на повреди или болести предизвикани од несаканите условите за/на работа, се големи и можат финансиски да ја оптеретат компанијата. Бенефит од воведен ISO 45001 Придобивките од имплементацијата на ISO 45001 се: Воведување/имплементација на ISO 45001 Основа на овој систем е безбедноста на вработените на работното место, која се постигнува преку следниве чекори: Имплементацијата и сертификацијата на ISO 45001, ја штити компанијата од несакани трошоци, овозможува подобри договори со осигурителните компании, подобрување на односите со владата, ја зголемува продуктивноста на работниците преку намалување на несреќите, а со самото тоа и должината на боледувањето. За време на сертификацијата, посебно внимание се посветува на определувањето на степенот на опасност на работното место и воспоставувањето заштитни мерки со цел негово намалување или елиминирање. За успешно функционирање на ISO 45001, а на тој начин и на сертификацијата, многу е важна информираноста на вработените за опасностите, нивното познавање за заштитните мерки и давањето прва помош. Компаниите кои размислуваат однапред, гледаат подалеку од усогласувањето со законската регулатива и завземаат проактивен пристап во идентификувањето, проценката, контролата и намалување на ризиците. ![]()
Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија ул. Димитрие Чуповски, 13 1000 Скопје
Контакт: Емилија Тодоровска
Тел: ++ 389 2 3244047 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: emilija@mchamber.mk ![]()
![]()
© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права
|