13.12.2017 (Форум)
“ПРЕКУ ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ”- 13.12.2017 СКОПЈЕ

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

19.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

21.12.2017 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

25.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Сертификат ISO 9001:2015

ПРВА комора и ПРВА институција во Република Македонија сертифицирана по СТАНДАРДОТ ISO 9001:2015

Стопанска комора на Македонија - ПРВА комора и ПРВА институција во Република Македонија сертифицирана по СТАНДАРДОТ ISO 9001:2015, ОД СТРАНА НА British Standards Institution (BSI)

Стопанската комора на Македонија во 2008 година започна со имплементација на барањата од меѓународниот стандард ISO 9001:2008 и истата успешно ја заокружи со сертификација од страна на реномираното сертификационо тело, интернационално препознатливо, BSI (British Standards Institution). Комората, следејќи ги новините во работењето со управување со квалитет, како институција во Република Македонија која ги препознава значењето, неопходноста и придобивките од воведениот систем за управување со квалитет, продолжи со примена и реализација на сите нови активности кои ги налага овој стандард, аплицирајќи ги во секојдневното работење. Се покажа и се потврди дека добро развиен и одржуван систем за управување со квалитет има позитивен придонес во и за остварување на целите во коморското работење, подобрувајќи ги:
• задоволството и довербата кај членките и корисниците на коморските услуги;
• вкупните резултати и способности на сите вработени во Комората;
• квалитетот на дадените коморски услуги;
• работната продуктивност;
• редуцирањето на грешките во работењето;
• рационализацијата и намалувањето на трошоците во работењето и сл.

Токму тоа помогна во настојувањето Комората да биде и да остане водечка бизнис-институција во државата, која преку професионализмот, аналитичноста и транспарентноста на сопствениот кадар и експертите со кои соработува во градењето на економските информации и анализи, успешно и квалитетно ги одржува релациите со своите членки-компании и со сите партнери како што се државните институции, другите бизнис-асоцијации, медиумите и останатите соработници во земјата и надвор од неа. Со примената на ревизијата на стандардот, Стопанската комора на Македонија стана прва комора и воопшто прва институција во Република Македонија која своите оперативни процеси ги приспособи на барањата на новиот стандард ISO 9001:2015.

Најновите измени се дел од тековната еволуција на овие стандарди, а истите адресираат решавање на клучни прашања како што се: растот на услужни бизниси, широка употреба на стандарди за повеќе системи за управување во рамките на институцијата, интеграција на квалитетот во водењето на бизнисот, како и севкупно олеснување на примената на стандардите. Овој систем кој е потврден од BSI (British Standards Institution), ја покажува подготвеноста на Комората да докаже како се работи во институција каде се применуваат принципите на зрел систем за управување со квалитет и каде се демонстрираат силната обврзаност и заложба на раководството и целиот тим континуирано да го подобрува коморското работење, сега и согласно новата ревизија на стандардот ISO 9001:2015, а во интерес за самата институција, за компаниите и за сите заинтересирани страни.

Политика за квалитет

Сертификат

 



Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Емилија Тодоровска
Тел: ++ 389 2 3244047 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: emilija@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права