24.09.2018 (Семинар)
ОБВРСКА ЗА ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА СО ОСВРТ НА ПРЕСМЕТКА, НАЧИН НА ИСПЛАТА, ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН

25.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

26.09.2018 (Семинар)
ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

27.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

27.09.2018 (Конференција)
Конференција за отпочнување на ЕУ проект на тема: „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE)

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

04.10.2018 (Форум)
ЕДНОДНЕВЕН БИЗНИС ФОРУМ: „DOING BUSINESS WITH FINLAND“ -04.10.2018

05.10.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ЈА СОЗДАДЕТЕ ВИСТИНСКАТА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД?

10.10.2018 (Семинар)
ЛОГИСТИКА ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА - НАБАВКА, СКЛАДИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија



Бизнис-форумите се наменети за сите кои сакаат и имаат можности да создадат и да направат промени во деловното работење и опкружување.

Бизнис-форумите имаат за цел да ви помогнат да ја проширите вашата мрежа на деловни контакти во земјата, регионот и глобално, директно да се запознаете и да разговарате со потенцијалните набавувачи и дистрибутери, инвеститори и консултанти на теми кои се од интерес за вашето работење.

Ние како комора сме секогаш тука за вас и сме подготвени да соработуваме, да го слушнеме вашето мислење, вашите идеи и предлози, со цел да ви помогнеме да воспоставите контакти со фирми, потенцијални инвеститори, консултанти и поединци, со цел да го проширите вашиот бизнис, да го одржите или да отпочнете нов бизнис или инвестиција. За тоа да се случи треба да постои верба и доверба меѓу сите нас, членките на комората и идни членки на комората. 

Градењето на доверба е долготраен процес кој треба да се негува кај бизнис заедницата. Треба да продолжиме взаемно да учиме, да се почитуваме и несебично подржуваме, да работиме и заеднички да настапуваме на трети пазари со цел да ја продолжиме традицијата на одржувањето на професионалните бизнис релации поткрепени на взаемна доверба и почит како битен сегмент во деловното опкружување.

 Градење доверба - меѓучовечки односи – знаење – поддршка! 

Преку бизнис-форумите обезбедуваме поддршка и промоција на бизнисите на своите членки, како и средби на членови кои се во слични области на бизнисот преку своите здруженија, асоцијации и групации во рамките на Стопанската комора на Македонија.

Почитувани,

Ве покануваме да бидете дел од бизнис форумите кои ги организираме во комората, во регионот и пошироко и  да бидете дел од нашата традиција, искуство и знаење, посветени на градењето добра бизнис-клима, подобра бизнис-соработка и нови бизнис-идеи и знаења, за што Стопанската комора на Македонија ви нуди:

• можности за проширување на вашиот бизнис;

• нови знаења, искуства и идеи. 

При секоја нова објава на нов бизнис форум, пред почетокот на деловните средби ќе може да погледнете на нашата веб страна во десниот горен агол во календар на натстани http://www.mchamber.mk, каков вид на форуми и настани организираме, со која земја соработуваме и ги организираме, каков вид на соработка нудат и побаруваме, со кого би сакале да остварите контакти – дали ќе бидат тоа потенцијални партнери или фирмии, консултанти или поединци за производство или дристрибуција на производи, заедничко вложување или инвестиција, купување на машини или примена на технологија, експертиза, со цел одржување на вашиот бизнисот, промоција и пласман на ваши производи, поголем извоз и зголемен профит. 

Преку контактите од бизнис форумите, компаниите ќе можат да откријат нови можности за инвестирање, трговија и потенцијален раст на бизнисот во регионот и на глобалниот ЕУ-пазар. Теми, како инфраструктура и логистика, транспорт, градежен сектор, енергетика и обновливи извори на енергија, недвижности и туризам, земјоделие, текстил, банкарство и финансии ќе бидат доминантни теми при организирање на бизнис-форумите.

Бизнис-форумите ќе ви обезбедат одлична можност да го промовирате профилот на вашата компанија, да ја потенцирате вашата стручност и експертиза и да ги зголемите вашите бизнис-цели и идеи за развој на оваа динамична регионална економија.

За сите ваши прашања, идеи и предлози можете слободно да не контактирате.

Доколку сакате да станете членка на Стопанската комора на Македонија, ве молиме кликнете тука.


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Стево Серафимов
Тел: (02) 3244000 Факс:(02) 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: ic@ic.mchamber.org.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права