13.12.2017 (Форум)
“ПРЕКУ ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ”- 13.12.2017 СКОПЈЕ

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

19.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

21.12.2017 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

25.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Основни информации

Здружение на комуналните дејности


КОМУНАЛНИТЕ ДЕЈНОСТИ СЕ ДЕЈНОСТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС

Комунални дејности, дефинирани во Законот за комунални дејности се:

- изградба на водоснабдителен систем, обработка и снабдување со вода за пиење, под што се подразбира зафаќање, обработка и дистрибуција на вода преку водоснабдителниот систем до главниот водомер  на корисникот на услугата;
- изградба на водоснабдителен систем, обработка и испорака на технолошка вода, под што се подразбира зафаќање, обработка и дистрибуција на вода преку водоснабдителниот систем до главниот водомер на корисникот на услугата;
- изградба на канализационен систем, одведување и пречистување на отпадни води, под што се подразбира прифаќање на отпадни води од станбените, деловните, производните, административните и други  објекти, агломератот од приклучокот на дворната мрежа преку канализациони системи, пречистување во пречистителни станици и испуштање на отпадните води во реципиентот;
- изградба на канализациона мрежа, одведување и испуштање на атмосферски води, под што се подразбира прифаќање на атмосферските води од урбани површини, одведување со канализациона мрежа и испуштање во реципиент;
- јавен општински превоз, под што се подразбира превоз на патници во патниот сообраќај на подрачјето на општината;
- изградба, одржување, реконструкција и заштита на локалните патишта, улици и други инфраструктурни објекти;
- собирање и транспортирање на комунален отпад и други видови на неопасен и инертен отпад, под што се подразбира собирање, селектирање, транспортирање и депонирање на  уредени депонии;
- одржување на јавна чистота, под што се подразбира  чистење (миење и метење) на јавни површини, јавни и отворени простори на јавни објекти и чистење на снегот во зимски услови;
- одржување, чистење и користење на паркови, зоолошки градини, зеленило, парк шуми и рекреативни површини, под што се подразбира изградба, одржување и користење на зелени површини, садење на ниска и висока вегетација, косење на трева, како и сечење на дрва и гранки;
- одржување на  сообраќајна сигнализација на улици и општински патишта, под што се подразбира нејзино  редовно и инвестиционо  одржување;
- поставување и одржување на јавно осветлување, под што се подразбира изградба и одржување на јавното осветлување;
- одржување на гробишта,  крематориуми и давање на погребални услуги, под што се подразбира определување, изградба и одржување на гробиштата, гробните места, гробниците, придружните објекти и инфраструктурата во гробиштата и давање погребални услуги, како што се преземање, чување, опремување и превоз на умрените до местото за погреб и погреб или кремирање;
- отворени и затворени пазари на големо и мало, под што се подразбира изградба, одржување на објектите и просторот на истите;
- оџачарски работи, под што се подразбира  чистење на оџаци и опрема за одведување на чад;
- отстранување и чување на хаварисани возила, уловување на животни скитници, украсување на населените места, одржување на јавните санитарни јазли, изградба  и одржување на септички јами, чување на животни и домашни миленици во населени места;
- испорака на гас од главниот цевковод до мерниот инструмент на корисникот;
- изградба и користење на јавниот простор за паркирање и на објектите кои се наоѓаат на тој простор;
- изградба, одржување и чистење на речните корита во урбанизираните простори - испорака на топлотна енергија од централниот извор на греење до мерниот инструмент на корисникот.
         

-Комунална дејност е стопанска дејност за давање на комунални услуги за задоволување на потребите на физички и правни лица за која единиците на локалната самоуправа обезбедуваат услови за соодветен обем, квалитет, достапност, континуитет и надзор над нејзиното вршење,
- Давател на комунална услуга е  јавно претпријатие основано од општината, општините во градот Скопје и градот Скопје и Владата на Република Македонија или правно и физичко лице  кое поседува дозвола за вршење на комунална дејност;
- Корисник на комунална услуга е правно и физичко лице кое ги користи услугите на давателот на услугата, чии права и обврски се регулираат со меѓусебно склучен договор;

Работата на комуналните претпријатија е регулирана согласно
Законот за комунални дејности
Законот за управување со отпад и Измени на законот за управување со отпад

Во Здружението на комунални дејности при Стопанската комора на Македонија членуваат претпријатија кои се занимаваат со пречистување и дистрибуција на вода, собирање, транспортирање и отпремување на отпад, погребални дејности и други придружни активности,пазари, организирање на зелени пазари и друго.

Во Република Македонија има повеќе од стотина претпријатија кои се занимаваат со наведените дејности, согласно позитивни законски прописи.

На седницата одржана na 09.11.2011 година се направи избор на нови членови на УО, составен од 15 члена.

За претседател беше избран г-дин Златко Ристески од ЈКП “Комуналец” Прилеп. Беа избрани и тројца потпретседатели: Цековски Фиданчо – ЈКП Дервен Велес,  Никола Мицевски – ЈП Исар Штип, Вулнет Черкези – ЈП Комуналец Гостивар

 

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Даниела Михајловска Василевска
Тел: (02) 3244021 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: daniela@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права