Бизнис средби / 19.03.2020 - 20.03.2020

Меѓународни деловни средби - ЕЕН, 19-20 март 2020 година, во Кочаели, Турција

Кочаели, Турција


   

ПОКАНА  
Меѓународни деловни средби
https://co-matching2020.b2match.io
        19-20 март 2020 година, Кочаели, Турција

Стопанската комора на Македонија, заедно со Стопанската комора на Кочаели и Европската мрежа на претприемачи (ЕЕН), ве покануваат да учествувате на Меѓународните деловни средби, што ќе се одржат на 19-20 март 2020 година, во Кочаели, Турција.

Меѓународните деловни средби се дел од концептот на вмрежување на заинтересирани клиенти кои сакаат да остварат директни средби со претставниците на водечките претходно избрани компании во Кочаели, нудејќи им можност на учесниците од прва рака да го набљудуваат деловното опкружување и работење на компаниите на првиот ден од средбите.

На вториот ден од средбите, учесниците од различни компании ќе имаат можност да остварат деловни средби во Меѓународниот изложбен центар во Кочаели.

Учесниците на Меѓународните деловни средби ќе имаат можност да се запознаат со најновите технологии и идни трендови во областа на: машини; метали и обработка на метали; пластика и гума; автомобилска индустрија; хемија; материјали за градба и градежништво; енергија; електроника; храна; туризам; недвижнини и сл.

Како услуги вклучени се:
- деловни состаноци;
- помош пред, за време и по настанот;
- локални трансфери до местото на одржување на состаноците;
- превод (од англиски на турски и обратно);
- бесплатно сместување за еден претставник од секоја компанија.

Трошоците за сместување (3 ноќевања во хотел со 5 ѕвезди) ќе бидат покриени од страна на турското Министерство за трговија на само еден учесник од компанија. Учесниците своите барања ги поднесуваат до Стопанската комора на Македонија и до турскиот комерцијален аташе во нашата земја. Учеството е бесплатно.

 Во прилог се програмата и дополнителните информации за настанот, а следниот линк ве води директно на веб-страната на настанот каде можете електронски да се регистрирате: https://co-matching2020.b2match.io, најдоцна до 28.02.2020 година.
 
Успешното пријавување и регистрирање на деловните средби е предуслов за учество на овој настан.

Агенда на настанот Пријави се електронски

Контакт лица:

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009


Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 25.02.2020
ВЕШТАЧЕЊЕТО КАКО ДОКАЗ ВО ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА
Семинар, 25.02.2020
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Семинар, 28.02.2020
ПРОФЕСИОНАЛНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА – ПРОТОКОЛ МЕНАЏМЕНТ
Семинар, 11.03.2020
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)
Тренинг обука, 11.03.2020
ИНТЕРНИ ОБУЧУВАЧИ И МЕНТОРИ ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ
Семинар, 12.03.2020
ЗАКОНСКИ РОК ЗА НИШТЕЊЕ ДОКУМЕНТИ/ЗАПИСИ СО ИЗМИНАТИ РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ
Семинар, 16.03.2020
ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ПРИ ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО И ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА ОД РАБОТЕН ОДНОС
Семинар, 19.03.2020
ПОИМ НА РАБОТЕН ОДНОС, ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС ПОВРЕДИ НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА
Бизнис средби, 19.03.2020
Меѓународни деловни средби - ЕЕН, 19-20 март 2020 година, во Кочаели, Турција
Семинар, 19.03.2020
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ
Конференција, 01.04.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 1-3 април 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина