23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

16.06.2017


Актуелно  

Презентација на проектни решенија за чистење на отпадни води, вода за пиење, арсен и вакуум-канализации - МОЖНОСТ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРЕЧИСТИТЕЛНИ СТАНИЦИ


Во Стопанската комора на Македонија, пред компании од секторот на водовод, претставници од локалната самоуправа и други заинтересирани фирми, се одржа презентација на моделот на чистење на отпадни води, вода за пиење, арсен и вакуум-канализации, што го реализираат компаниите „SZABADICS“, „HIDROFIT“, „INWATECH“ од Република Унгарија.

Преку презентирање на идејните проекти, имплементирање на иновативни решенија, запознавање со опремата на унгарските фирми, македонските компании и општините имаа можност да се запознаат со можностите што ги нудат овие компании како дел од Европскиот систем на стандарди.

 

Презентацијата беше реализирана од страна на Тибор Сарзо, претставник на Унгарската трговска куќа, кој ги претстави можностите за соработка со трите компании од Унгарија.    

Компанијата „HIDROFIT“, во своето 30-годишно искуство е лидер на унгарскиот пазар во подготвување решенија за вода за пиење, третман на отпадни води и хемикалии. Компанијата „SZABADICS“, постои од 1990 година, и е специјализирана за хидраулични инженерски конструкции и процеси за обезбедување чиста вода за пиење, изградба на канализациски системи за општините и развој на постојните постројки за третман на отпадни води. Компанијата „INWATECH“ има над 18 години работно искуство во третман на индустриски отпадни води и воопшто на отпадните води во целина, во системот на инженеринг. Работи во Унгарија и во Романија, заедно со истакнати европски партнери. Ексклузивните партнерства на компанијата и` овозможуваат да имплементира најнови иновативни решенија, вклучувајќи искуство и знаење.  

Презентацијата беше наменета за претставници од јавните водоводни, водостопански претпријатија, од индустријата, добавувачи на опрема и локалната самоуправа, со акцент на отпадните води, водата за пиење, арсен и вакуум- канализации, а целта е на овој начин да се поттикне и продлабочи меѓусебната соработка на Македонија и Унгарија.

Даниела Михајловска Василевска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права