Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

06.12.2018


Актуелно  

ПРОМОЦИЈА И ПРОДАЖБА НА ПРОИЗВОДИ ЗА ШИРОКА ПОТРОШУВАЧКА


Клубот на менаџери-претприемачи на 6.12.2018 година го реализираше претпоследното едукативно предавање предвидено со Агендата за 2019 година на тема: „Промоција и продажба на производи за широка потрошувачка“, во соработка со Петар Лазаров, консултант за маркетинг/брендинг, продажба, менаџмент, извоз, автор и косопственик на „Македонија-Експорт“. Петар Лазаров со  своето искуство, во развој на македонски брендови и бизниси, се издвојува како еден од ретките предавачи од третата генерација обучувачи, кој своето теоретско и практично искуство го пренесува преку свој уникатен став и практичен пристап во реализација на предавањата.

Градежништво

Продажната промоција, како дел од комуникацискиот систем, е директен начин на поттикнување на дополнителен интерес по должината на маркетинг патот - од производителите преку дистрибутерите до потрошувачите - за да се забрза движењето на производот од производителот до финалните потрошувачи. Промоцијата на продажба се користи како помош за зголемување на продажбата. Таа понекогаш е означувана како дополнување на рекламирањето и личната продажба, бидејќи ги поврзува двете заедно правејќи ги поефективни. Продажната промоција е директна причина која предизвикува екстра поттик за купување каде и да било на патот од производителот до потрошувачот. Активностите на оваа дејност можат да бидат насочени кон крајните корисници или кон трговците. Продажната промоција како една од промотивните дејности е многу често користена особено во западните економии. Тоа се заклучува и од вложувањето што се прави кое е далеку поголемо во споредба со вложувањето во најпопуларната дејност на промоцијата, а тоа е економската пропаганда.
Продажната промоција е директна причина која нуди екстра поттик каде и да било во маркетинг каналот за да го зголеми или забрза движењето на производот од производителот до потрошувачот.

Мерчендајзингот пак  се однесува на методи и активности кои се извршуваат со цел да се постигне максимизирање на продажбата и јакнење на довербата на потрошувачите преку привлекување на интересот на купувачите за кои е наменет производот. Тука влегуваат активности како што се: поставеност на производот, обезбедување соодветен простор на полиците, одредување цена, попусти и акции, обезбедување континуирани залихи и други активности.

Градежништво

Со мерчендајзинг се отстрануваат утврдените проблеми и недостатоци во продажниот процес, односно се зголемува видливоста на производите и навремена корекција на цените на производите која ги следи трендовите.

Во вака сложениот систем не е едноставно да се следи извршувањето на сите овие активности, особено кога има многу продажни места каде што се продава производот. Малопродажните компании организираат мерчендајзинг-активности за своите продажни објекти, дистрибутерите за производите кои ги дистрибуираат, а производителите за производите кои ги произведуваат. Со цел да се согледа степенот на исполнување на овие активности, потребно е да се приберат податоци кои ќе послужат за анализа и за утврдување на можни проблеми и активности за нивно разрешување.

Според Лазаров, промоцијата постои и треба да постои уште пред започнување на бизнисот и уште пред завршување со развој на производот и/или услугата. Промоцијата ги претставува сите комуникациски и оперативни активности коишто имаат за цел информирање, презентација и зголемување на продажбата со што би се остварило позитивно мислење за производите, а со тоа истите би биле купени. 

Следејќи ги трендовите во европските земји од една, но и потребите и барањата на нашите компании од друга страна, преку Клубот на менаџери-претприемачи се креираше алатка која ги поврзува сите бенефити на едно место и услуги се` со цел поддршка на малите и средни компании во насока на пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите и др. Тоа е возможно благодарение на одличната логистика, поврзаност, но и контакти кои Стопанската комора на Македонија ги има  со домашните и странски институции кои нудат информации, анализи, едукација, но и пронаоѓање партнери.

Валентина Цветковска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права