28.05.2018 (Семинар)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

29.05.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ПЛАТА И ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

29.05.2018 (Семинар)
Организација на логистичка поддршка, контрола на работните активности и планови, управување со call центри, телефонска продажба и cold calls, агентска продажба и унапредување на комуникациски канали

30.05.2018 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

31.05.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:ОПТИМИЗАЦИЈА НА ЗАЛИХИ – МОДЕЛИ НА УПРАВУВАЊЕ СО ЗАЛИХИ

31.05.2018 (Инфо сесија)
ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РЕГУЛАТИВАТА И НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НАДЗОР НАД ПАЗАРОТ

11.06.2018 (Саем)
САЕМ ЗА ГРАДСКО ПЛАНИРАЊЕ, УРЕДУВАЊЕ И ГРАДСКА ЧИСТОТА „TECMA 2018“

11.06.2018 (Семинар)
АНАЛИЗА НА МРЕЖНИОТ СООБРАЌАЈ СО ПОМОШ НА АЛАТКАТА WIRESHARK

12.06.2018 (Семинар)
ДИГИТАЛЕН ПР – КРЕИРАЊЕ ВЕСТИ СО ВРЕДНОСТ

12.06.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ во рамки на "CeBIT", 12-15 јуни 2018 Хановер, Германија

12.06.2018 (Форум)
„MINEX EUROPE 2018“- 3. ЕВРОПСКИ ФОРУМ ЗА РУДАРСТВО И ИСТРАЖУВАЊЕ - 12-14.06.2018 СКОПЈЕ

13.06.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар:RBT-RISK BASED THINKING - УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ

19.06.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ

20.06.2018 (Семинар)
Судски спорови кои произлегуваат од постапките пред управните органи поврзани со Законот за приватизација на градежно земјиште, Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и Законот за денационализација

21.06.2018 (Семинар)
Eднодневен семинар:ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

21.06.2018 (Семинар)
СОВРЕМЕНИ ТРАНСПОРТНИ ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМИ И РЕШЕНИЈА

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Податоци за дејноста

Здружение на осигурувањето


Податоци за дејноста за 2016 година

Во 2016 година на пазарот на осигурување во Република Македонија активно работат 15 друштва за осигурување, од кои 11 друштва вршат работи на неживотно осигурување, а 4 осигурување на живот. Во текот на 2016 година делуваат 33 осигурително брокерско друштво, 14 друштвата за застапување и 3 деловни банки кои делуваат како застапници во осигурување, 469 лиценцирани брокери и 1.065 лиценцирани застапници во осигурување.

Резултатите од година во година се се подобри и се мотив да се поттикнува потенцијалот на осигурителниот сектор. Бруто полисирана премија за 2016 година изнесува 8,72 милијарди денари, што претставува пораст од 5,34% во однос на 2015 година. Кај неживотно осигурување е остварена БПП во износ од 7,43 милијарди денари, односно пораст од 3,50% во однос на истиот период од минатата година. Кај осигурувањето на живот се забележува пораст на приходите од 17,32% во однос на претходната година со остварена БПП изнесува 1,29 милијарди денари.

Друштвата за осигурување на 31.12.2016 година располагаат со средства во износ од 5,54 милијарди денари. Вкупниот пресметан капитал на друштвата за осигурување забележува пораст од 5,23 милијарди денари. Маргината на солвентност, пак, како главен индикатор за процена на стабилноста на осигурителниот сектор, изнесува 1,34 милијарди денари (кај неживотното осигурување 1,11 милијарди денари, а кај осигурувањето на живот 223 милиони денари), со што капиталот на осигурителниот сектор е 4,13 пати над потребното ниво на маргината на солвентност.

Во вкупната БПП најзначајно учество има осигурувањето од автоодговорност со 44,22%, осигурувањето на имот (од пожар, природни непогоди, кражби и други ризици) со 17,83%, потоа осигурувањето кај моторните возила со 8,70% осигурување од незгода со 7,63%. Исто така, осигурувањето на живот зазема значајно место со учество од 17,32%. За прв пат во 2015 година се воведе нов продукт, меѓународно признат како unit link осигурување, односно осигурување на живот кога инвестиционите ризик е на товар на осигуреникот, така што во 2016 година беа склучени 1.466 полиси со вкупна БПП од 57,46 милиони денари.

Здружението на осигурување при Стопанската комора на Македонија активно соработува со Националното биро за осигурување кое според Законот за задолжително осигурување на Република Македонија ги врши работите предвидени со меѓународните спогодби за осигурување на сопствениците и корисниците на моторни возила од одговорност во сообраќајот, и на тој начин ги претставува друштвата за осигурување од Република Македонија во меѓународните организации и институции за осигурување.

Агенцијата за супервизија на осигурување на Р. Македонија (АСО) е самостојно и независно регулаторно тело на пазарот на осигурување кое врши јавни овластувања утврдени со Законот за супервизија на осигурувањето и Законот за задолжително осигурување во сообраќајот. АСО има за цел да придонесе за законито и ефикасно функционирање на пазарот на осигурување во земјава, за негов континуиран развој, за заштита на правата и интересите на осигурениците, како и за унапредување на финансиска стабилност на земјата.

Законските надлежности на АСО се однесуваат на:
- Спроведување на супервизија над друштвата за осигурување, осигурителните брокерски друштва, друштвата за застапување во осигурувањето, осигурителните брокери и застапниците во осигурувањето, правните лица кои се поврзани со друштвата за осигурување и Националното биро за осигурување;
- Донесување подзаконски акти;
- Одлучување за издавање или одземање дозволи, давање или повлекување согласности, отстранување на незаконитости од спроведените супервизии и други поединечни прашања; како и
- Изрекување мерки врз друштва за осигурување, осигурително брокерски друштва, друштва за застапување во осигурување и други правни и физички лица врз кои АСО има надлежност да спроведува супервизија.

Институција која е дел од системот на осигурување во Република Македонија е и Националното биро за осигурување кое според Законот за задолжително осигурување на Република Македонија ги врши работите предвидени со меѓународните спогодби за осигурување на сопствениците и корисниците на моторни возила од одговорност во сообраќајот, и на тој начин ги претставува друштвата за осигурување од Република Македонија во меѓународните организации и институции за осигурување.

Соработката помеѓу Стопанската комора на Македонија и Агенцијата за супервизија на осигурување во изминатите години е на високо ниво. Во 2016 година соработката се официјализира и со потпишување на меморандум за соработка, кој има интенција покрај соработката со Здружението на осигурување, да овозможи продлабочување на соработката и со останатите здруженија при Стопанската комора на Македонија. Агенцијата за супервизија на осигурувањето ја доби наградата за најдобар партнер на Комората од државните институции во 2016 година.

 

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : м-р Милена Перчинкова
Тел: (02) 3244040 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса:milena@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права