28.05.2018 (Семинар)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

29.05.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ПЛАТА И ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

29.05.2018 (Семинар)
Организација на логистичка поддршка, контрола на работните активности и планови, управување со call центри, телефонска продажба и cold calls, агентска продажба и унапредување на комуникациски канали

30.05.2018 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

31.05.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:ОПТИМИЗАЦИЈА НА ЗАЛИХИ – МОДЕЛИ НА УПРАВУВАЊЕ СО ЗАЛИХИ

31.05.2018 (Инфо сесија)
ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РЕГУЛАТИВАТА И НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НАДЗОР НАД ПАЗАРОТ

11.06.2018 (Саем)
САЕМ ЗА ГРАДСКО ПЛАНИРАЊЕ, УРЕДУВАЊЕ И ГРАДСКА ЧИСТОТА „TECMA 2018“

11.06.2018 (Семинар)
АНАЛИЗА НА МРЕЖНИОТ СООБРАЌАЈ СО ПОМОШ НА АЛАТКАТА WIRESHARK

12.06.2018 (Семинар)
ДИГИТАЛЕН ПР – КРЕИРАЊЕ ВЕСТИ СО ВРЕДНОСТ

12.06.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ во рамки на "CeBIT", 12-15 јуни 2018 Хановер, Германија

12.06.2018 (Форум)
„MINEX EUROPE 2018“- 3. ЕВРОПСКИ ФОРУМ ЗА РУДАРСТВО И ИСТРАЖУВАЊЕ - 12-14.06.2018 СКОПЈЕ

13.06.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар:RBT-RISK BASED THINKING - УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ

19.06.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ

20.06.2018 (Семинар)
Судски спорови кои произлегуваат од постапките пред управните органи поврзани со Законот за приватизација на градежно земјиште, Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и Законот за денационализација

21.06.2018 (Семинар)
Eднодневен семинар:ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

21.06.2018 (Семинар)
СОВРЕМЕНИ ТРАНСПОРТНИ ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМИ И РЕШЕНИЈА

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Одлуки и иницијативи

Здружение на информатичко-комуникациски технологии


02.04.2018

Применливи решенија преку амандмани на Предлог-измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги

 

На 2.4.2018 година, Здружението на информатичко-комуникациските технологии  при  Стопанската комора на Македонија одржа седница и расправаше за поднесените Предлог-измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги http://www.mchamber.mk/(S(hssb0jn1slhglzrijyuons55))/default.aspx?lId=1&mId=55&evId=35351

17.05.2017

Здружението на информатичко-комуникациските технологии со кабелските оператори бараат намалување на оптоварувањата

Здружението на информатичко-комуникациските технологии на 17.5.2017 година одржа состанок во Стопанската комора на Македонија со претставници на кабелските оператори, во врска со проблемите со високите финансиски оптоварувања со кои се соочуваат компаниите - кабелските оператори во Република Македонија. Повеќе на http://m.mchamber.mk/(S(4jqo0pjsatnximvsqcthxvyr))/default.aspx?lId=1&mId=55&evId=34738

07.03.2017

Соработка на Здружението на ИКТ за воспоставување Центар на извонредност

На 7 март 2017 година претседателот на Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија имаше состанок со претставници од „PwC“ од Луксембург. Цел на средбата беше размена на мислења во врска со Студијата на изводливост (физибилити студија) за воспоставување Центар на извонредност (Centre of Excellence), кој би ги покривал земјите од Западен Балкан.

Студијата е финансирана од страна на Европската инвестициона банка (ЕИБ), а фокусот на студијата е на иновации во две области: Информациски и комуникациски технологии и Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.

Целта на студијата е да ја процени можноста за основање регионален Центар, кој би го поттикнал развојот на применети истражувања во рамките на еден регионален еко-систем, преку проценка на иновацискиот капацитет и потенцијал на постојните институции; подготвеност и желба на институциите за придонес во развојот на регионален Центар на извонредност, како и моделот за управување и финансирање на Центарот на извонредност.

Господинот Благој Христов, претседател на Здружението на информатичко-комуникациските технологии, укажа на неопходноста од правилна процена на  улогата на сите институции посветени за поддршка на истражувањата, развојот и иновациите на еко-системот во Република Македонија и во регионот. Потоа, укажа дека треба да се дефинираат секторите за поддршка на иновативни решенија и применети истражувања, за претприемништвото во регионот и заокружување на локалните прописи за поддршка на стартап компании и младите претприемачи.

На средбата беше потенцирана сегашната фаза на соработка на индустријата и академските институции во регионот, потенцијалот за развој во областа на ИКТ и другите сектори, во насока на создавање простор за градење на капацитетите преку применети истражувања, со цел да се придонесе за развој на регионот.

 

07.11.2016

Недостиг на ИТ кадар

Компаниите од секторот на информатичко комникациските технологи во Република Македонија покажаа голема мобилност, прилагодливост  и спремност да се справат со предизвиците за зајакнување на своите услуги и трговијата со своите клиенти во Република Македонија, преку постојаното пратење на современите ИКТ трендови и намалувањето на јазот на совладани корисни компјутерски вештини. Од одговорите на новинарски прашања, повеќе на...

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=Хроничен-недостиг-од-програмери&id=f1f0f389-443a-46c7-86d2-f2ccfca70811

 

19.10.2016

Кабелските оператори бараат реална пазарна вредност на цените на услугите

Здружението на информатичко-комуникациските технологии на 19. 10.2016 година одржа состанок во Стопанската комора на Македонија со претставници на кабелските оператори, во врска со проблемите со високите финансиски оптоварувања со кои се соочуваат компаниите – кабловски оператори во Република Македонија. Повеќе на http://www.mchamber.mk/(S(vpolq155052m1145bo1t5t45))/default.aspx?lId=1&mId=55&evId=34209

29.01.2016

Здружение на информатичко комуникациски технологии - ЗАГРИЖУВАЧКИ НЕДОСТИГ НА СТРУЧЕН КАДАР

Здружението на информатичко комуникациските технологии, на седница на 29.01.2015 година, го разгледа текстот на Актуелните состојби и проблеми во работењето на компаниите од информатичко комуникациските технологии, со посебен осврт за дефинирање на приоритетните активности за 2015 година. Присутните ги истакнаа најзначајните точки на кои ќе треба да се работи во текот на 2015 година.

Постигнатите резултати во секторот, што се објавени и во Годишниот извештај на Меѓународната телекомуникациска унија (ИТУ) при ОН, укажуваат дека Република Македонија е на 36-то место во Европа според бројот интернет-корисници по глава на жител, како и држави во кои интернетот најбрзо се шири. Во глобални рамки, Република Македонија според овие параметри е на 60-то место.
Безжичниот широкопојасен интернет е достапен во секоја европска земја, а големо мнозинство на земјите имаат стапка на пенетрација од над 50%, додека во Македонија растот е од 19% на 28%.
Бизнис-секторот е засегнат од квалитетот на ИКТ-кадарот, како и од нивниот одлив во странство. Веќе долго време има недостиг од кадар со специфични способности и вештини
http://www.mchamber.mk/(S(vdu2vx55wdt2tsb0sfpb1045))/default.aspx?lId=1&mId=55&evId=28642

03.11.2014

Здружение на информатичко-комуникациски технологии - ГЕРМАНСКА ИТ-КОМПАНИЈА ЗАИНТЕРЕСИРАНА ЗА СОРАБОТКА НА ПОЛЕТО НА РАЗВОЈ НА АПЛИКАЦИИ

Здружението на информатичко-комуникациски технологии при Стопанската комора на Македонија и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, на 3.11.2014 година организираа билатерални средби на германска ИТ-компанија со седиште во Берлин и заинтересираните македонски ИТ-компании.
http://www.mchamber.mk/(S(tedvzh45s1wspbzmhjzzgv45))/default.aspx?lId=1&mId=55&evt=2&evId=27507

19.09.2014

Во континуитет продолжуваат постојаните контакти на Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија  со претставниците на Светската банка. На 19 септември  2014 година, се одржа уште една работна средба на Благој Христов, претседател на   Здружението со  Мисијата на Светската банка. Основни теми на состанокот беа: http://www.mchamber.mk/(S(2owjh3adzgq3g555rvlmo155))/default.aspx?lId=1&mId=55&evId=26835

19.06.2014

Претставници на Светска банка на работна средба со г-дин Благој Христов, претседател на Здружението на информатичко комуникациските технологии во Стопанската комора на Македонија - ПОБАРАНА ТЕХНИЧКА ПОМОШ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ИНОВАТИВНИТЕ РЕШЕНИЈА И ЗА РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ   http://www.mchamber.mk/(S(iypff045gqskoobqbuuyir45))/default.aspx?lId=1&mId=55&evId=26018
На средбата се разговараше на теми поврзани со местото на информатичко комуникациските технологии во развојот на македонската економија и примената на иновативните светски решенија и развојот на човечките ресурси во секторот во Република Македонија.

23.4.2014

Заеднички состанок на Здружението на информатичко-комуникацискитехнологии и Европскиот информативен и иновативен центар при Стопанската комораМакедонија - ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ ЗА КОРИСТЕЊЕ СРЕДСТВА ОД ЕУ
Со цел да се споделат информациите со македонските компании, посебно од ИКТ-секторот, во организација на Здружението на информатичко-комуникацискитехнологии и Европскиот информативен и иновативен центар при Стопанската комора на Македонија се одржа работен состанок за аплицирање на компаниите од секторотна информатичко-комуникациски технологии со проекти на повиците за користењесредства од Европската унија...
http://www.mchamber.mk/(S(53czbm55obtgvs45bdv5vr55))/default.aspx?lId=1&mId=55&evId=25148

17.04.2013 Соопштение

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ФИНАНСИСКИТЕ ПРОИЗВОДИ НА МАКЕДОНСКАТА БАНКА ЗА ПОДДРШКА НА РАЗВОЈОТ -Здружението на информатичко-комуникациски технологии при Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии за своите членки организираа презентација на финансиските производи на Македонската банка за поддршка на развојот.>>>

ЗАКОН ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ - Во тек е подготовката на новиот текст на Законот за електронски комуникации. Доколку имате Ваши предлози, мислење или сугестии во однос на одредби што би биле дел од новиот Закон за електронски комуникации, доставете ги до Здружението на ИКТ при Стопанската комора на Македонија (за да можеме да ги сублимираме) во следнава форма:

 
  • Да се дефинира членот од ЗЕК за кој се предлагаат измени;
  • Причина за предложената измена;
  • Предлог изменета на членот; и
  • Референца врз основа на која Директива од ЕУ се базира предлог измената.

Искористете ја оваа рана фаза на подготовката на новиот текст од Законот, кога се поголеми можностите за Ваше и наше реално учество со посоответни решенија за македонските компании од ИТ секторот.>>>

09.12.2011 Соопштение

ПРЕДЛОЗИ И СУГЕСТИИ ВО ПРОЦЕСОТ НА ИЗГОТВУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ЗА МЕДИУМИ >>>

27.01.2010 година

Покана од Седницата на Здружението одржана на 27.01.2010 година

Записник од Седницата одржана на 27.01.2010 година

Одлука за избор на претставник во Собранието на Стопанска комора на Македонија

Одлука за промена на називот за Здружението

24.09.2010 година

Покана за Седница на Здружението на 24.09.2010 година

Предлог-Правилник за организацијата и начинот на работана Здружението за информатичко-комуникациски технологии

Работен материјал за седницата: Обврски на работодавачите согласно Законот за безбедност и здравје при работа

Финални докумнети од Седницата на Здружението одржаа на 24 септември 2010 година:

 
  1. Предлог-Записник од Седницата на Здружението одржана на 24 септември 2010 година,
  2. Одлука за избор на органи на Здружението.

НАЦРТ-ПРОГРАМА за работа на Здружението за информтичко-комуникациски технологии

Здружението за информтичко-комуникациски технологии е здружение во рамките на Стопанската комора на Македонија, во кое членуваат компании од областа на: ПРОИЗВОДСТВО НА ХАРДВЕР, ДИСТРИБУЦИЈА И ПРОДАЖБА НА ХАРДВЕР, ПРОИЗВОДСТВО НА СОФТВЕР, ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ (оператори на мобилни, фиксни, кабелски и др. мрежи и даватели на услуги), образовани од областа на ИКТ, консалтинг ИКТ компании.

Членките во Здружението се партнери, иницијатори и активни учесници во реализација на целите на здружението.

Тела во рамките на Здружението се Управен одбори претседател и заменик-претседател на Здружението. Согласно Статутот и Законот на Комората, Здружението предлага и еден член во Собранието на Стопанската комора , како највисокото тело во структурата на Комората.

Здружението може да соработува со други сродни асоцијации и здруженија во Македонија и надвор од земјата, какао и да членува во соодветни европски и светски организации.

Здружението може да соработува и со други организации при реализација на заеднички проекти од интерес на членките на Здружението.

Доколку постои интерес според Законот може д асе формираат и Групации во рамките на Здружението.

ВИЗИЈА

“Конкурентност, иновативност и регулација на пазарот на ИКТ во Македонија”

МИСИЈА

“Конкурентност, иновативност и регулација на пазарот на ИКТ во Македонија”

СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ

 
  • Преку развој на ИКТ секторот, развој и на македонската економија.
  • Зголемување на инвестициите во ИКТ секторот
  • Зголемување на извозот во ИКТ секторот, преку креирање на национални ИКТ производи.

ОСНОВНИ ЦЕЛИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

 
  • Промоција на членките на Здружението
  • Координација на заедничките интереси
  • Заштита на интересите на членките.
  • Преставување на заедничките интереси пред државните органи
  • Директна соработка со ресорни Министерства
  • Делегирање на преставници во координативни тела и групи во рамките на државните органи од областа на економијата
  • Соработка со државните органи при разгледување на нови регулативи
  • Промовирање на конкуррентност на пазарот, имплементирање на стандарди и заштита на потрошувачите
  • Подготовка на анализи на пазарот и предлози за разрешување на нерегуларности на пазарот
  • Почитување на заштитата на индустриската и интелектуална сопственост и права.
  • Организирање на настани и учество на конфернеции на национално и меѓународно ниво.
  • Здружението актиувно учествува и во сите активности во рамките на Стопанската комора на Македонија, и ги користи и останатите придобивки и услуги како и членките на другите здруженија.

ПРИДОБИВКИ ЗА ЧЛЕНСТВОТО

"Членството е моќ, моќта е информација, информацијата е знаење, знаењето е чекор до успехот".

Со станувањето на активен член на Стопанската комора на Македонија Вие ќе го најдете својот Информатор, Партнер, Советник и свој Промотер на Вашите деловни активности во земјата и странство. Членките на Здружението добиваат:

 
  • Членство во активно здружение или групација соодветно спрема вашата дејност, кое ги застапува Вашите интереси.
  • Пристап кон базата на знаење на Комората.
  • Објавување на податоци на Вашата компанија во регистарот на фирми на web-порталот на комората
  • Бесплатно учество на семинари, работилници, обуки, Бизнис форуми во организација на Комората.
  • Бесплатен електронски newsletter со сите случувања, иницијативи и тековни активности на Стопанската комора на Македонија.
  • Пребарување на актуелни тендери/проекти
  • Подготовка на тендерска документација
  • Можност за закуп на рекламен банер на Вашата компанија на коморскиот сајт.
  • Можност за имплементација на стандарди за квалитет ( ХАСАП, ИСО -9001, ИСО-14001) како и сертификација на веќе имплементирани стандарди.
  • Можност за издавање на салите на Стопанската комора на Македонија, логистичка подршка и техничка опрема за презентација на Вашата компанија
  • Издавање на Уверение за преферцијален третман " Форма А", Уверение " Ориџин ", проучување на документација, упис во регистарот, издавање на потврда за Ексклузивни права.
  • Заверка на документи (ф-ри , договори , ценовници), потврди за членство, препораки за виза, потврди за единствен производител
  • Објавување на Вашата понуда/побарувачка
  • Автоматско спојување на Вашата со странска понуда побарувачка
  • Можност да си креирате свој сопствен пакет на коморски услуги, спрема потребите на Вашето деловно работење.
  • Информации за актуелни регулативи,препораки упатства, царински режими на ЕУ
  • Промоција на Ваш производ или услуга преку Е-маркет центарот на web-порталот на комората.
  • Електронска промоција на ново регистрирани компании во Р.Македонија до македонското стопанство.
  • Логистичка поддршка за организација и посета на саеми и други манифестации во странство ( организација, авионски или автобуски превоз до дестинацијата и назад, резервација на хотелско сместување, обезбедување на влезници за манифестациите, посредување при вадење на визи, контакти со организаторите и други услуги по Ваше барање.
  • Решавање на деловни спорови преку Арбитража при Стопанската комора на Македонија
  • Правни совети,стручна помош пред судови и други институции, изработка на општи акти, договори, заштитан а индустриска сопственост, регистрација во трговски регистар и слично.
  • Обезбедување на информации од странски пазари на Ваше барање за ИКТ секторот
  • Подготовка на стручни анализи по дејности
  • Мислења за исполнување на економските услов.
  • Пристап со законската регулатива на Република Македонија на web - порталот на комората.

Напомена: Сите наведени услуги се по повластени цени и услови за компаниите кои се членки, а дел од нив во зависност од типот и организацијата се и бесплатни.

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Лазо Ангелевски
Тел: (02) 3244090 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: laze@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права