23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

29.11.2017 (Настан)
Симпозиум на тема:„Нови хоризонти во економската соработка меѓу Македонија и Турција„ - 29.11.2017

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

04.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

11.12.2017 (Семинар)
ЕФИКАСНО РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ ВО ОДНОС НА ПОПЛАКИ/НЕЗАДОВОЛСТВО ОД КЛИЕНТИ И СООДВЕТНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

12.12.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА - Типови на транспорт и документи, царински регулативи, улоги во инернационалната логистика, стратегии и пресметки, паритети, складишнина и дистрибуција -

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

13.11.2017


Актуелно  

СОРАБОТКА НА КОМПАНИИ ОД РЕГИОНАЛНИТЕ КОМОРИ СО СЕДИШТЕ ВО КИЧЕВО И ВО ВЕЛЕС


Компании од регионалните комори со седиште во Кичево и во Велес на 10.11.2017 година остварија работна средба во Регионалната комора со седиште во Кичево, а реализираа и заедничка посета на компании во кичевскиот регион.

 

Претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево, Игор Соколески од РЕК „Осломеј“ – Кичево, се сретна со Димче Панов од „ИНСА ВОДАИНЖИНЕРИНГ“  Увоз-извоз од Велес, а средбата беше резултат на претходните реализирани заеднички активности и бизнис средби кои придонесоа  соработката да продолжи со директни работни средби.

Компанијата „ИНСА-ВОДАИНЖИНЕРИНГ“ ДООЕЛ - Велес e застапник на  „АД ИНСА“ – индустрија за водомерни саати од Белград,  баждарни уреди, како и услуга - сервис на водомери и други мерачи, како и генерален застапник на „АКВА интерма“ реномирана компанија од Р. Србија за опрема за хлорирање и третман на вода. Компанијата успешно ја имплементира целата програма во своето работење.

На средбата се истакна потребата од поддршка на домашните компании, подобра  инфраструктура за меѓусебно поврзување, како подобро поврзување со блиските региони во и надвор од државата.

Воедно, беа посетени повеќе членки од кичевскиот регион, меѓу кои  фирмата „Тими ком“, чија дејност е трговија на мало со градежни материјали, којашто на пазарот постои од 1997 година и се занимава со трговија на железарија, електроопрема, материјали за водоводна и канализациона инсталација, завртки и навртки и друго. Беше посетена и фирмата „Вејселовски“ која е нова потенцијална членка и работи со трговија на мало и др.

При посетите исто така се разговараше за потребата од заедничка поддршка и  соработка на  компаниите и регионалните комори во настапот на домашните и на странските пазари, беа разгледани начини на можна соработка, како и размена на искуства за проблеми со кои се соочуваат и барање решенија за подобро работење на компаниите.

Дијана Лазороска Јованоска
Ирена Жарова











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права