28.08.2018 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „MEET4BUSINESS AGRA 2018“

05.09.2018 (Семинар)
ПЛАТИ И ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE

11.09.2018 (Семинар)
ИНТЕРЕН МАРКЕТИНГ – СПОЈ НА МАРКЕТИНГОТ И ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ

14.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

14.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

18.09.2018 (Семинар)
ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

21.09.2018 (Семинар)
НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

26.09.2018 (Семинар)
НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ АЛАТКИ И ПОСЕБНИ НАЧИНИ НА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

12.04.2018


Актуелно  

Групација за безбедност и здравје при работа – УСОГЛАСЕНИ ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ВИСИНАТА НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ СТРУЧНИ РАБОТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА


На состанокот на Групацијата за безбедност и здравје при работа, одржан на 12.4.2018 година, беа усогласени изменувањата и дополнувањата на Правилникот за висината на трошоците за извршување стручни работи за безбедност при работа. Членките на Групацијата констатираа дека донесените правилници се според Законот за безбедност и здравје при работа донесени од страна на министерот за труд и социјална политика. 

Со Правилникот за висината на трошоците за извршување стручни работи за безбедност при работа се пропишува висината на трошоците за извршување на стручните работи за безбедност при работа врз основа на видот, начинот, обемот и местото на извршените стручни работи.

Се констатира дека периодот на имплементација во пракса на овој Правилник, уште на почетокот покажа дека унифицираните цени за услугите не се реални и дека не треба да има унифицирање на истите, односно дека висината на цената мора да биде во правопропорционален однос со обемот и сложеноста на услугата која се испорачува, а се` во зависност од специфичноста на дејноста на работодавачот, односно компанијата во која се извршува.

Имено, ако се говори за услугата – обука на вработените за безбедност и здравје при работа, потребното време и потребните човечки ресурси за подготовка на: програма за обука, презентација за обука, тестови за проверка на стекнати знаења, за спроведување на теоретскиот и практичен дел на обуката, за евалуација на обуката, за изготвување документација од спроведената обука, во голема мера варира од работното место. Не е исто да се спроведе обука за безбедност и здравје при работа на административен работник и обука за безбедност и здравје при работа на висина на инсталатер на телекомуникациска опрема.

Ако се зборува за услугата изработка на проценка на ризик - потребното време и потребните човечки ресурси за увид на лице место, снимање на работното место и работните задачи на вработените, разговор/анкета со вработените, увид во постојната документација (на пример, спроведени здравствени прегледи, случени повреди во изминат период, важечки стручни наоди од спроведени прегледи и испитувања на средствата  за работа, на условите во работната средина - микроклима, осветлување, хемиски штетности и друго) за давање приказ на технолошкиот и работниот процес, опис на средствата за работа и опис на средствата и опремата за лична заштита при работа, спроведување, препознавање и утврдување на опасности и штетности на работното место и работната средина, одредувањето на нивото на ризик, утврдување на начинот и мерките за отстранување, намалување или спречување на ризикот, апсолутно е различно за работно место административен работник и за работното место инсталатер на телекомуникациска опрема. 

Во измените и дополнувањата на Правилникот не се опфатени електричните мерења бидејќи ќе се бара нов правилник за овие мерења.

Заради погоре наведените причини, примената на овој Правилник води кон намалување на квалитетот на услугите кои се испорачуваат од страна на стручните лица и овластени компании, а секако и кон деградирање на инженерскиот кадар - стручните лица за безбедност при работа.

Воедно, во подготовка е и измена на Правилникот за издавање лиценци за стручни лица, со кој се регулира издавањето лиценци за стручните лица од оваа област, бидејќи не соодветствуваат со условите во нашата земја.

Војкан Николовски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права