28.08.2018 (Форум)
Меѓународни деловни средби - „MEET4BUSINESS AGRA 2018“ - 28.08.2018 Р.Словенија

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE- 10-12.09.2018

18.09.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

26.09.2018 (Форум)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

08.03.2018


Актуелно  

„START-UP“ НЕ Е САМО БИЗНИС, ТОА Е НАЧИН НА ЖИВЕЕЊЕ


Зголемената конкуренција на глобалниот пазар бара соодветна реакција од компаниите и нивно постојано приспособување на новиот начин на работа. Со цел да се разговара за современите трендови во водењето на бизнисот под влијание на техничките достигнувања и роботиката, па се` до алтернативните форми на финансирање на бизнисите, т.н. „croudfunding“ модели, Стопанската комора на Македонија организира конференција на тема: „Самит на малите земји - нови трендови во бизнисот“, што ќе се одржи на 16.3.2018 година во Скопје.

Секако, неизоставен дел од сферата на иновативноста и новите технологии се и „start-up“ компаниите кои на пазарот први ги пласираат техничките достигнувања. Со цел подетален осврт на можностите, но и на пречките со кои се среќаваат компаниите во нивниот раст и развој, на Самитот тие ќе бидат подетално елаборирани од Боштјан Шпетич, менаџер и консултант со долгогодишно искуство во процесот на развој на „start-up“ компании.

Боштјан Шпетич е основач на „Земанта“, компанија која разви платформа за поддршка на „start-up“ компании преку т.н. „Native concept“. Станува збор за информации кои се вметнуваат во дигитална содржина којашто веќе постои и е моќна алатка од аспект на маркетингот. Шпетич кратко време бил и советник на претседателот на Владата на Република Словенија, Миро Церар.

На „Самитот на малите земји – нови трендови во бизнисот“, Боштјан Шпетич ќе дискутира на темата: „Start-up“ не е само бизнис, тоа е начин  на живеење“.

Подетални информации за настанот на следниот линк: http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=56&evId=2657&lId=1

м-р Борис Тримчев











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права