28.05.2018 (Семинар)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

29.05.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ПЛАТА И ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

29.05.2018 (Семинар)
Организација на логистичка поддршка, контрола на работните активности и планови, управување со call центри, телефонска продажба и cold calls, агентска продажба и унапредување на комуникациски канали

30.05.2018 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

31.05.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:ОПТИМИЗАЦИЈА НА ЗАЛИХИ – МОДЕЛИ НА УПРАВУВАЊЕ СО ЗАЛИХИ

31.05.2018 (Инфо сесија)
ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РЕГУЛАТИВАТА И НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НАДЗОР НАД ПАЗАРОТ

11.06.2018 (Саем)
САЕМ ЗА ГРАДСКО ПЛАНИРАЊЕ, УРЕДУВАЊЕ И ГРАДСКА ЧИСТОТА „TECMA 2018“

11.06.2018 (Семинар)
АНАЛИЗА НА МРЕЖНИОТ СООБРАЌАЈ СО ПОМОШ НА АЛАТКАТА WIRESHARK

12.06.2018 (Семинар)
ДИГИТАЛЕН ПР – КРЕИРАЊЕ ВЕСТИ СО ВРЕДНОСТ

12.06.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ во рамки на "CeBIT", 12-15 јуни 2018 Хановер, Германија

12.06.2018 (Форум)
„MINEX EUROPE 2018“- 3. ЕВРОПСКИ ФОРУМ ЗА РУДАРСТВО И ИСТРАЖУВАЊЕ - 12-14.06.2018 СКОПЈЕ

13.06.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар:RBT-RISK BASED THINKING - УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ

19.06.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ

20.06.2018 (Семинар)
Судски спорови кои произлегуваат од постапките пред управните органи поврзани со Законот за приватизација на градежно земјиште, Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и Законот за денационализација

21.06.2018 (Семинар)
Eднодневен семинар:ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

21.06.2018 (Семинар)
СОВРЕМЕНИ ТРАНСПОРТНИ ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМИ И РЕШЕНИЈА

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Податоци за дејноста

Здружение на кожарско-преработувачката индустрија


       Производството на обувки во Република Македонија има долга традиција, познато  по својот виско квалитет на производите, која кожарско преработувачката индустрија традиционално своите производи го извезува, со што придонесува во  ублажувањето на  девизниот дебаланс на земјата.

       Процесот на глобализацијата, се поголемото вклучување во меѓународната економија, поставуваат голем број на предизвици пред кожарско преработувачката индустрија како за националната економија така и за земјата во целина. Трудоинтензивниот карактер и можностите што ги дава за порамномерен регионален развој се карактеристики на оваа индустрија а со самиот процес на преструктуирање на оваа гранка во развиените земји на Европската Унијаи на селење на дел од нивното производство но други земји, поволно се одрази и на Република Македонија со што се почувствува зголемена побарувачка и поповолни услови за лон аранжманите. 

       Се поголемата либерализација во стопанисувањето како и добрата макроекономска политика во врска со стабилноста и условите на стопанисување во земјава, како и послободното дејствување на пазарните законитости, придонесуваат за отвореност на економијата, за се поголема достапност на странските пазари и за подобрување на конкурентноста на кожарско преработувачката индустрија.Тука треба да се спомене дека и националното законодавство во врска со оваа стопанска гранка во значителна мера е усогласено и хармонизирано со законодавството на ЕУ.

      Учеството на кожарско преработувачката индустрија во бруто домашниот производ за 2016 година учествува со 0,4%.
Што се однесува до извозот за  2016 година учеството на извозот на кожарските производи и обувки изнесува 60.4 милиони долари или 1.32% од вкупниот извоз на земјата. Увозот на кожарски производи и обувки во нашата земја е 100.7 милиони долари или 1.57% од вкупниот увоз во Репулика Македонија. Бројот на вработените во оваа стопанска гранка учествува со 1,6% во вкупниот број на вработени во индустријата во РМ.Според податоците за индексите на индустриско производство за 2016 година споредено со претходната година, имаме намалување од 1.3% кај штавење и доработка на кожа, производство ка куфери торби и обувки. Кај извозот на кожни производи и обувки за 2016 година имаме зголемување само од 6%, споредено со претходната година, а додека на страната на увозот за 2016 година  имаме зголемување од 7.7% во споредба со 2015 година, 
       Фирмите од кожарско пререботувачката индустрија, освен две големи фирми, спаѓаат во групата на средни и мали претпријатија. Над 90% од нив се производители на обувки. Лоцирани во нови објекти, со современа опрема и квалитетен и обучен кадар постигнуваат квалитетно производство, кое се цени како врвно во регионот.
       Кожарско преработувачката индустрија во Република Македонија, треба да се стреми кон освојување на глобалниот меѓународен пазар, преку подобро производство, работење и квалитет, преку вклучување во светските и европските производни тенденции насочени кон класичен извоз, наспроти сегашната доминантна застапеност на “Лон” аранжманите. Тоа подразбира превземање на сеопфатни мерки пред се во правец на финансиско консолидирање на состојбите во оваа извозно ориентирана гранка, воведување современа технологија и модерен дизајн и квалитет, што ја унапредува конкурентноста на компаниите на светскиот пазар.

Секторска анализа по години:

 

 

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Сасшо Деспотоски
Тел: (02) 3244089 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса:saso@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права