25.01.2019 (Повик)
LETTER OF INVITATION for all interested students, graduates etc., to obtain Internships in Macedonian SME’s, related to Activity V.3 “Developing specific custom industry projects in selected DSMEs”

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

07.02.2019 (Семинар)
ЕФИКАСНА УПОТРЕБА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ ПРИ РЕГРУТАЦИЈА НА НОВИ ВРАБОТЕНИ

07.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

22.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: СИСТЕМАТИЗИРАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА - ЕФИКАСНА КОМУНИКАЦИЈА ВНАТРЕ ВО КОМПАНИЈАТА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ -

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

11.01.2019


Актуелно  

ГРУПАЦИЈАТА ЗА ПАЗАРИ БАРА УКИНУВАЊЕ ИЛИ ОДЛАГАЊЕ НА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВИЈА НА ЗЕЛЕНИ ПАЗАРИ ПОРАДИ РИЗИК ЗА ОПСТОЈУВАЊЕ НА ПАЗАРИТЕ


Групацијата за пазари во рамки на Здружението на комунални дејности при Стопанската комора на Македонија, на состанокот одржан на 08.01.2019 година, расправаше за состојбите во трговијата на мало на тезги и пазари, при што оцени дека примената на Законот за трговија на зелени пазари ја загрозува дејноста и го доведува во прашање опстојувањето на зелените пазари, поради што се оцени дека е потребно итно негово укинување или одлагање на неговата примена до донесување на законски прифатливи решенија во консултации со сите засегнати страни, информираше Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија.

Благој Христов

Организаторите на  пазарите членки на Групацијата на состанокот констатираа дека со законското решение не се остварува целта на законот – да се регулира дејноста за трговија и организирање на зелени пазари, која од страна на Групацијата се бараше во изминатите неколку години. Напротив, со Законот се стеснува категоријата на субјекти кои можат да тргуваат на зелените пазари, одредбите во поголем дел се однесуваат на регулирањето на коморското организирање, а во помал дел на дејноста. Со Законот се воспоставува единствен коморски систем, задолжително членство и давачки по повеќе основи за трговците. Групацијата на пазарите бара да се преиспитаат одредбите со кои се уредува коморскиот систем на закупците на тезги со кои се дава овластување само на еден субјект да издава лиценци за трговци на зелени пазари со што се монополизира системот. Од Групацијата сметаат дека и воведувањето лиценца и висината на цената што треба да ја платат за неа пазарџиите не соодветствува на нивната финансиска моќ. Вкупно 1,2 милиони евра ќе инвестираат 20.000 пазарџии само за добивање лиценци кои се даваат по цена од 60 евра за една тезга – вели Михајловска Василевска. Овие издатоци кој треба да ги плаќаат закупците на тезги, а дополнително ќе треба да платат и закуп на тезга, како и законските обврски за здравствено и за пензиско осигурување.

Дополнителен проблем е што заради ригидните одредби на Законот, пензионери, вработени лица, лица кои по други основи примаат надоместоци и правни лица, ќе немаат можност да тргуваат и да продолжат  да ја вршат дејноста.

Според анкетното истражување на Групацијата за пазари сите погоре наведени категории на субјекти се значително застапени на пазарите и учествуваат со околу 30% до 50% од вкупниот број на трговци на тезги и пазари. Нивното исклучување од дејноста, покрај загуби за трговците би предизвикало големи загуби и за организаторите и би довело до намалување на нивните приходи по основ на закупнина, испразнување на тезгите и дополнителни трошоци, а со тоа и до потешкотии во работењето и намалување на бројот на работните места кај организаторите. Наведеното би довело и до намалување на приходите на државата по основ на даноци.

Наведените ограничувања би можеле да предизвикаат и зголемување на сивата економија преку трговија на нерегистрирани продажни места што е спротивно на интенцијата на законодавецот за регулирање на трговијата на зелените пазари.

Тргнувајќи од наведеното, Групацијата на пазарите донесе заклучок дека е потребно итно укинување или одлагање на примената на Законот за трговија на зелени пазари, а за негативните ефекти од примената на Законот да се информира претседателот на Владата на Република Македонија, заменикот на претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, министерот за економија и претседателот на ЗЕЛС, заради поддржување на барањето на Групацијата.

Даниела Михајловска Василевска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права