28.08.2018 (Форум)
Меѓународни деловни средби - „MEET4BUSINESS AGRA 2018“ - 28.08.2018 Р.Словенија

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE- 10-12.09.2018

18.09.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

26.09.2018 (Форум)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

23.01.2018 - 23.01.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС


Еднодневен семинар:

Рокови за законски престанок на работниот однос, отказни рокови, основи за законски прeкин на работниот однос, неосновани причини за престанок на работниот однос, услови за стекнување на право на регрес за годишен одмор во приватниот и во јавниот сектор, надомест на штета на работник и работодавач, разлики помеѓу надомест на материјална штета и исплата на плати, Член 78 од ЗРО, понуда на нов променет договор за вработување, отказ на договор за вработување од деловни причини

23.1.2018 година (вторник)
10:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


          Стопанската комора на Македонија, на 23 јануари 2018 година, организира еднодневен семинар на тема: Рокови за законски престанок на работниот однос, отказни рокови, основи за законски прeкин на работниот однос, неосновани причини за престанок на работниот однос, услови за стекнување на право на регрес за годишен одмор во приватниот и во јавниот сектор, надомест на штета на работник и работодавач, разлики помеѓу надомест на материјална штета и исплата на плати, Член 78 од ЗРО, понуда на нов променет договор за вработување, отказ на договор за вработување од деловни причини.
          Во рамките на семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со темата. Воедно, ќе се направи обид за расчистување на одредени дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика.


ПРОГРАМА:

1.Рокови за дисциплинска одговорност, услови за законски прекин на работниот однос:
- Рок за застареност за законски престанок на работниот однос;
- Отказни рокови; 
- Основи за законски прекин на работниот однос;
- Неосновани причини за престанок на работниот однос.

2. Регрес за годишен одмор, предвиденост во КД на исплата на регрес за годишен одмор
- Услови за стекнување на право на регрес за годишен одмор во приватниот и во јавниот сектор;
- Немање основ за исплата на регрес за годишен одмор.

3. Надомест на штета на работник и работодавач
- Обврска за надомест на штета причинета од страна на работникот;
- Обврска за надомест на штета причинета од страна на работодавачот;
- Разлики во постапката за надомест на материјална и нематеријална штета;
- Сличности и разлики помеѓу надомест на материјална штета во текот на работењето и надомест на штета (исплата на плати) поради незаконити престанок на работен однос.

4. Член 78 од ЗРО, понуда на нов променет договор за вработување
- Можност за понуда на нов променет договор за вработување;
- Задолжителност на отказ на постоечки договор за вработување при понуда на нов променет договор за вработување;
- Отказ на договор за вработување од деловни причини.

Предавачи:

- д-р Лазар Јовевски
, Доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје;   
- м-р Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје  II Скопје и
- Хилда Мешкова, судија во Основен суд Скопје  II Скопје

Сите заинтересирани за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 22.1.2018 година


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права