24.10.2017 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ЈАВНИОТ ВО ДРЖАВНИОТ СЕКТОР СОГЛАСНО СИСТЕМИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ

26.10.2017 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

27.10.2017 (Семинар)
СУДСКИ ПОСТАПКИ, ИСКУСТВА И СУДСКА ПРАКСА ВО ОБЛАСТА НА ДАНОЧНИТЕ ПРЕКРШОЦИ

30.10.2017 (Бизнис средби)
„Саем за директни бизнис средби Кошице 2017“-Словачка, 30.10.2017

31.10.2017 (Семинар)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „EXPORT WEEK 2017“ - 31.10-2.11.2017

01.11.2017 (Тренинг обука)
СО НАПРЕДНИ КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ДО ПОДОБРУВАЊЕ НА ОДНОСОТ СО КЛИЕНТИТЕ, СОРАБОТНИЦИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ, Прага, Р.Чешка

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

02.11.2017 (Тренинг обука)
„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“

02.11.2017 (Семинар)
НАПРЕДЕН EXCEL – КРЕИРАЊЕ EXCEL DASHBOARD

02.11.2017 (Семинар)
Тренинг-обука: ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПРОДАЖБА

02.11.2017 (Саем)
„Match4Industry Business Matching Event“ - 2-3.11.2017, Коџаели, Република Турција

02.11.2017 (Конференција)
Конференција на тема: „Предизвиците на патот кон Европската Унија“-2-3.11.2017 Будва, Црна Гора

06.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА:ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

09.11.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ „RENEXPO®BIH 2017“ - 9.11.2017 Сараево, БиХ

09.11.2017 (Конференција)
Меѓународна дводневна конференција за финансирање на европски програми - Скопски Саем

09.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

09.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

Бизнис-настани

24.10.2017 - 25.10.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ЈАВНИОТ ВО ДРЖАВНИОТ СЕКТОР СОГЛАСНО СИСТЕМИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ


Дводневна обука:

МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ЈАВНИОТ И ВО ДРЖАВНИОТ СЕКТОР СОГЛАСНО СИСТЕМИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ

24 и 25.10.2017 година (вторник-среда)
9:30 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5 кат

 

- ISO 9001-2015 Quality management; 
- ISO 14001 - 2015 ISO 14001 Environmental Management Systems;         
- OHSAS - BS 18001-2007.


МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ИДЕНТИФИКУВАЊЕ, ПРОЦЕНУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ И ИНЦИДЕНТИТЕ КАКО ДЕЛ ОД ПОВЕЌЕ ЗАКОНСКИ РЕШЕНИЈА НА РМ:

1. ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА
(„Сл .весник на РМ“, бр. 53 од 11.4.2013) И ДР.
2. ЗАКОН ЗА ЈАВНА ВНАТРЕШНА ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА
(„Сл .весник на РМ“, бр. 188/2013);
3. ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ („Сл .весник на РМ“, бр. 93/1212).


         Почитувани,
 
         Стопанската комора на Македонија организира дводневна обука на тема: Методи и техники за управување со ризикот во јавниот и во државниот сектор согласно системите за управување со квалитет.
         Во рамките на обуката ќе бидат опфатени и разработени повеќе категории прашања во врска со управувањето со ризик, проценка и степенување по важност на ризиците, проследено со координирана и економски одржлива примена на превентивно-заштитни ресурси за да се минимизира, надгледува и контролира веројатноста и/или влијанието на инцидентните настани.

Цели на семинарот:

         Ризикот континуирано и директно влијае врз вредностите, а консеквенциите од неговите несакани дејствија манифестирани во форма на пропусти, грешки, незгоди, несреќи, прекршоци и кривични дела, делуваат на стабилноста и успешноста на компанијата (правното лице). Ризиците се негативни фактори и непожелни настани кои може да продуцираат загуби, а посебно доаѓаат до израз кога во управувањето постојат или се манифестирани слабости. За да се редуцираат овие чувствителни точки во административниот - деловен процес, неопходно е организацијата да имплементира комбинирани превентивни контра-мерки.
         Предавачот со презентирање на модели, методи и стандарди (International standard IEC/ISO 31010; и AS/NZS 4360:2004 - Risk management) за управување со ризикот, како и со конкретни примери за успешно имплементирани менаџмент-алатки за управување со ризикот во Р. Македонија и анализа на успешни практики во изминатиов период, непосредно и апликативно ќе ги запознаат учесниците во семинарот со начинот на користење на оваа управувачка алатка (Risk management).


 Програма:

1. Концепт за управување со ризик;
2. Принципи на управување со ризикот;
3. Фази во процесот на управување со ризици:
   3.1. Прва фаза - Воспоставување рамка (контекст);
   3.2. Втора фаза - Идентификација на ризиците;
   3.3. Трета фаза - Анализа (проценка) на ризикот;
   3.4. Четврта фаза - Евалуација на ризиците (оценување / индексирање);
          3.4.1. Приоритетизација и интеграција на ризиците;
   3.5. Петта фаза - Третман на ризикот;
4. Регистар на ризик (аналитичка обработка на базите на податоци);
5. Основни правила и начела за изработката на компанискиот риск регистер;
6. Анализа на примери од пракса во компаниите;
   6.1. Процена на актуелни и проблематични категории ризици во Р.Македонија;
   6.2. Проценување на елементарниот ризик;
7. Основни правила и начела во изработката на Risk registry-документот;
8. Ризикот во стандардите за управување со квалитет;
9. Документирање, администрирање и дистрибуција на резултатите од risk management-процесот.
10. Управување со посебни категории (видови) ризици:
    10.1. Безбедносен ризик
    10.2. Финансиски ризик
    10.3. Маркетиншки ризик
    10.4. Ризикот во проектниот менаџмент
    10.5. Правниот (регулаторниот) ризик


 Предавач:
д-р Зоран Доревски, консултант за безбедност.

Краен рок за пријавување: 20 октомври 2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права